Контакт

Манифестации

Оскаровецот Џон Сил одржа мастер класа пред преполната сала во Битола

Објавено пред

Лауреатот на Златна камера 300 за животно дело, оскаровецот Џон Сил, пред преполната сала во Центарот за култура во Битола, одржа мастер класа.

dobivaj vesti na viber

Славниот австралиски кимнематографер говореше за почетоците на својата кариера како фотограф и снимател во телевизиските студија во Австралија. „Во 60 –тите години, во Австралија занимавањето со фотографија и со снимање не се сметаше за сериозна професија, требаше да се работи некоја „вистинска“ работа, но јас едноставно го сакав тоа. Работевме многу напорно во тоа време, камерите беа огромни, се снимаа првите реклами и тв серии, но тоа беше добар тренинг, имавме многу слобода и тоа беше апсолутно фанатастично“, рече Сил. За професионалното напредување и усовршување за Сил како снимател, било драгоцено искуството стекнувано од работата со други сниматели/camera operators-кинематографери/cinematographers, калејќи се на патот до самостоен кинематографер со тоа што на многумина искусни колеги кинематографери им бил снимател/camera operator, па дури и во сопствените филмови како кинематографер тој ја извршувал снимателската работа, што е клучна карактеристика во неговата кариера.Џон Сил вели дека филмот не треба да се прилагодува на некоја стриктна и предвидлива техника на снимање, туку снимањето треба да ја следи содржината на филмот. „Не сакам да бидам таков кинематографер што работи толку предвидливо, па кога ќе го видите филмот веднаш знаете за кого се работи и без да му го прочитате името. Се обидувам да работам на вариететни филмови и да го прилагодам начинот на снимање на самиот филм и содржината, наместо филмот да го прилагодувам кон светлото“, рече Сил.Тој додаде дека секое сценарио е различно и треба да му се пристапи од различен агол. „Треба да ја зграпчите публиката, да ја вовлечете во филмот и да не и’ дозволите да излезе“, вели Сил. Околу снимањето на реклами, работа со која што се занимаваат многу кинематографери покрај снимањето филмови, Сил вели дека не сака да го работи тоа, бидејќи техниката на снимање на реклами лесно може да му повлијае на кинематограферот во снимањето филмови. Најџер Волтерс, поранешен претседател на ИМАГО,  кој го водеше разговорот со него, му постави и едно лично прашање – како го одржувал својот долгогодишен брак и покрај професијата која вклучува многу патување и отсуства од домот. „Најтешкиот начин да се живее животот е кога си со месеци одвоен од семејството. Додека децата беа помали, се селевме низ светот, но откако пораснаа стануваше сѐ потешко да ги натераме да ги менуваат училиштата и државите“, рече Сил, а Луиз, неговата сопруга која што беше присутна во салата, доби голем аплауз од публиката. Сил говореше и околу искуствата од снимањето на еден од најзначајните филмови во неговата биографија – „Англискиот пациент“ на режисерот Антони Мингела, со Жулиет Бинош во главната улога, за кој освои Оскар во 1997 година. Сил објасни дека филмот е работен по книга која е толку комплексна, што режисерот го изработил сценариото така што со часови седел и ја препрочитувал одново и одново, сѐ додека не ја екстрахирал сржта на романот – а тоа е љубовната приказна.  Публиката во салата, меѓу која беше и вториот оскаровец Алан Старски, гостин на фестивалот, кој вчера одржа мастер класа, го испрати Сил со громогласен аплауз.  На редовната  прес конференција, денеска Благоја Куновски Доре, како селектор на главната програма ги претстави Владан Радовиќ, кинематограферот на италијанскиот филм „Како луди“ и Румен Ќамилов, кој говореше за историската вредност на карикатурите на Василие Поповиќ – Цицо, кои во моментов, во голем формат, се изложени во прес центарот на фестивалот. Куновски, најпрво го изрази своето задоволство од посетеноста на фестивалските проекции и реакциите на публиката, а потоа го претстави кинематограферот Владан Радовиќ, кој на „Браќа Манаки“ гостува по втор пат. Радовиќ кој на овој филм работеше со режисерот Паоло Вирзи, на прес конференцијата говореше за своето искуство од работењето на еден ваков интересен филм, сниман во ментална институција, каде што професионалнте актери и пациентите учествуваат во филмот рамо до рамо. Приказната е за две жени во ментална институција кои развиваат пријателство, а трагиката и комедијата во филмот постојано се испреплетуваат на илјадници начини. Публиката на фестивалот по вчерашната проекција на „Како луди“ реагираше со громогласен аплауз.Радовиќ објасни дека имал задоволство да работи со две одлични актерки, кои одлично го прифатиле условите на снимање и мајсторски ги одиграле своите улоги. „Седумдесет отсто од глумците беа автентични луѓе од институцијата. За сето времена сетовите беа присутни и нивните доктори, но мислам дека нашите глумци одлично се вклопија во таа ситуација“, вели Радовиќ. Тој рече дека на снимањата најчесто работи со своја сопствена екипа, која добро го познава неговиот начин на работа, а задоволство му е да работи и со млади режисери кои внесуваат свежина во работата која многумина ја земаат здраво за готово. Румен Ќамилов, фотограф и познавач на историјата на македонската кинематографија, ги претстави цртежите на сценографот Василие Поповиќ – Цицо, изложени на фестивалот. „Ова е материјал кој е навистина драгоцен. Случајно е пронајден во архивите На „Вардар филм“. Ова не се карикатури, ова се животни дела и повеќе би сакал да ги карактеризираме како еден живопис на македонската професионална кинематографија. Филмот во Македонија е сериозно културно наследство на кое што треба да се биде горд“, рече Ќамилов. На цртежите на Василие Поповиќ –Цицо, се насликани познати актери, сценографи, сниматели, фотографи, како и лауреати на „Златна камера 300“.  Уметничкиот директор на фестивалот, Гена Теодосиевска го претстави ерменскиот режисер Арман Јерицјан, чиј докуметарен филм „Еден, два, три“ беше прикажан на фестивалот во програмата Најдоброто од „Златната кајсија“ филмскиот фестивал во Ерван.  Овој документарен филм е приказна за старите луѓе во Ерменија, кои се оставени сами на себе и се обидуваат да внесат некаква радост во секојдневието. „Кога ги среќаваме постарите луѓе од нашата непосредна околина и од нашето семејство, сфаќаме дека она што им е навистина потребно е некој да им обрне внимание, да разговара со нив и да ги ислуша нивните приказни. Кога им пријдов на луѓето и им објаснив дека сакам да снимам филм за нив тие најпрвин ме гледаа со чудење и прашуваа зошто токму тие некому би му биле интересни за филм. По два месеци разговори и комуникација со нив, без да ги снимам, тие конечно се опуштија и пред камерите беа сосема природни што е многу значајно за секој документарен филм“, објасни Армен Јерицјан и додаде дека и откако завршило снимањето, сѐ уште оди да ги посети старите лица кои што го прифатиле како свој син.Јерицјан говореше и за потребата од наоѓање средства за снимање од фондовите, бидејќи никој не сака да спонзорира документарци со таква тематика. Околу состојбите во ерменската кинематографија, пак, тој истакна дека документарните филмови во моментов котираат највисоко и по квалитет и по популарност. Доцна вечерва, во Битола пристигнува светски познатиот британски продуцент Сајмон Пери кому Друштвото на филмски професионалци на Македонија, годинава, му ја доделија наградата „Голема ѕвезда“ за исклучителниот придонес за македонската кинематографија. /крај/мф

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ2 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија2 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија3 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија3 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија5 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет5 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа6 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа7 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа7 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија21 час

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија22 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија1 ден

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија1 ден

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...