Македонија
НБМ ја зголеми задолжителната резерва на банките

Народната банка на Македонија (НБМ) денеска им наложи на банките зголемување на задолжителната резерва во странска и во домашна валута, како дел од
Народната банка на Македонија (НБМ) денеска им наложи на банките зголемување на задолжителната резерва во странска и во домашна валута, како дел од мерките за одржување на девизниот курс.
Задолжителната резерва на банките во странска валута се зголемува од 10 на 13 насто, од кои три проценти се издвојуваат во денари. Задолжителната резерва во домашна валута се зголемува двојно од 10 на 20 проценти. Истовремено НБМ им дава можност на банките средствата од задолжителната резерва во денари да ги користат за дневни ликвидносни потреби.
Ова, како што е соопштено има за цел да ја одржи стабилноста на девизниот курс, ценовната стабилност и финансиската стабилност во целина бидејќи ризиците продолжуваат да постојат со несмален интензитет.
Според податоците на централната банка дефицитот на тековната сметка во првите месеци од годинава двојно е зголемен, а нето-приливите се намалиле за 40 насто. Поради ова НБМ од почетокот на годинава интервенирала на девизниот пазар со 310,2 милиони евра, а состојбата на бруто девизните резерви на 22 мај годинава изнесувала 1,184 милијарди евра.
Продлабочувањето на дефицитот на тековната сметка се должи, пред се на намалувањето на извозот од 34,5 насто и на увозот за 16,7 проценти во првото тромесечје.
Стапката на инфлација продолжува со забавување и во април годинава е регистрирано намалување на трошоците за живеење од 0,5 насто, додека кумулативната стапка на инфлација во првите четири месеци од годинава изнесува 0,6 проценти.
Годишната стапка на растеж на вкупните депозити на банките во април изнесувала 6,3 насто, додека во март била 7,7 проценти. Девизните депозити во април се зголемиле за 23,6 насто на годишно ниво, а денарските се намалиле за 8 проценти.
Кредитирањето од страна на банкарскиот сектор на годишно ниво се зголемило за 21,4 насто, наспроти 25,3 проценти во март годинава, а поинтензивно успорување има кај кредитите за населението. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Богородица се чека околу 40 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Ивановска: Со зголемување на проактивноста на МОН, расте и поддршката од ЕУ за развој на образованието

Како се зголемува проактивноста на МОН и се остваруваат програмските цели, така пропорционално расте и поддршката од Европската унија за развој на националниот образовен систем и за градење на квалитетен човечки потенцијал. Очекувам нашата добра соработка да продолжи и во иднина, за да изградиме општество од кое младите не заминуваат, туку остануваат, придонесуваат и водат.
Ова го истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска на денешната завршна конференција на шестгодишниот проект „ЕУ за млади“ кој има значаен придонес во развојот на стручното образование и обука во државата.
„Проектот даде исклучително значајни резултати и токму тие се основата за нова акција во која повторно младите ќе бидат во нашиот фокус. Значително е подигнат квалитетот на стручното образование и обука и зголемен бројот на ученици во стручните училишта, а зајакната и унапредена е законската регулатива. Формирани се три регионални центри за стручно образование и обука кои се модерно опремени и успешно функционираат, а отпочнт е трансформативниот процес на други четири училишта кои треба да прераснат во регионални центри“, рече Ивановска, додавајќи дека подобрени се и капацитетите на институциите за анализа, планирање и креирање на политики насочени кон младите.
Ивановска посочи дека голем број млади, лично ги почувствуваа придобивките од проектот. Стекнаа знаења и вештини со кои се конкурентни на пазарот на човечки капитал, лесно наоѓаат работа и се интегрираат во општествените процеси.
„Се разбира дека ние ги поддржавме и од повеќе други аспекти, на пример преку прифаќање на десетина нивни барања само во последниот период од една година, кои во најголем дел се однесуваа на подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард. Ги вклучивме и во креирањето на политики и закони. Ја подобривме инфраструктурата во која тие се образуваат и ќе споделам дека само во моментов имаме активни инвестиции во вредност од над 32 милиони евра“, информираше државниот секретар.
Изрази задоволство што ЕУ ги вреднува националните постигнувања со обезбедување на уште поголема поддршка и очекувања дека соработката ќе продолжи заради забрзана интеграција на Македонија во европското семејство.
Македонија
Се шири лажна наградна игра поврзана со Лидл, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Компанијата Лидл информира дека на социјалните мрежи, односно на Фејсбук и Инстаграм, се шири лажна наградна игра во која се наведува дека се доделуваат брендирани мини фрижидери. Во објавата се бара од корисниците да кликнат на линк, да пополнат анкета и да учествуваат во наградна игра.
„Ја известуваме јавноста дека оваа наградна игра не е организирана од Лидл, ниту има каква било поврзаност со нашата компанија.
Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични податоци на непроверени линкови, со цел да се заштитат од можни злоупотреби.
Сите официјални информации за наградни игри, промоции и активности, компанијата, кога ќе почне со работа со маркети во Северна Македонија, ќе ги објавува исклучиво преку официјална интернет-страница и преку официјалните канали на социјалните мрежи за што јавноста ќе биде навремено известена“, велат од Компанијата Лидл.