Спорт
Почнаа интензивните подготовки на каратистите
Нашата најдобра спортистка Наташа Илиевска, нема време за одмор и празнување, таа и оваа година ја започнува со несмален интензитет и темпо на работа и веќе на 3-ти јануари заминува на закажаните подготовки во Струга во хотелот на Макпетрол.
Нашата најдобра спортистка Наташа Илиевска, нема време за одмор и празнување, таа и оваа година ја започнува со несмален интензитет и темпо на работа и веќе на 3-ти јануари заминува на закажаните подготовки во Струга во хотелот на Макпетрол.Еднонеделните подготовки ќе се одвиваат првенствено за поуспешен настап на нашите најдобри сениори на претстојниот овогодишен прв и најголем Светски турнир од Првиот премиер карате лига во Париз, кој ќе се одржи на 14 и 15 јануари. „Овогодишниот старт можеби е идентичен како и минатогодишниот. Новата 2012 година, на спортски план ја започнуваме идентично. Време за одмор очигледно нема да имаме. Во 2012 година имаме многу богат календар за натпревари и активности (како никогаш досега) и ако сакаме да бидеме конкурентни и успешни како во изминатиот повеќегодишен период, мораме да ги засукаме ракавите и да за почнеме со макотрпна работа. Се одлучивме за заеднички подготовки и соработка со екипата на Металурзите, бидејќи досегашното искуство покажува дека тоа е исправно. Спортистите се свесни и знаат дека овие потези за рано отпочнување на подготвителниот период се објективни и ја сфаќаат сериозноста со која пристапуваме кон сето тоа што не очекува. Поради тоа подготвени се да го дадат својот максимум на првите подготовки и настапи кои ги очекуваат. Јас сум оптимистички расположен и верувам дека и оваа година каратистите ќе бидат во групата на најуспешни Македонски спортисти, кои ќе ја радуваат Македонската јавност со своите резултатски постигнувања“, изјави селекторот на карате репрезентацијата на Македонија и од скопскиот карате клуб „Макпетрол“, Бошко ЗаборскиСе очекува македонските најдобри каратисти да ги запишат и првите бодови на Светската ранг листа. Заедно со Наташа Илиевска на подготовки заминуваат сите актуелни сениори од нашите два најреномирани карате клубови Макпетрол и Металург (Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Огнен Груевски, Наташа Стефановска, Бојан Јовановска, Томе Тодоровски, Ферат Корбуличи, Богдан Мицов, Иво Цветковски и многу други).Во истиот период, исто така, и младите репрезентативци (кадети и јуниори), членови на клубовите Макпетрол и Металург, ќе се подготвуваат заедно со 20 спортисти од соседна Бугарија, бидејќи тие во периодот од 10 до 15 февруари, заминуваат на Европското првенство во Азербејџан, Баку. Вкупно 14 млади спортисти од двата клуба обезбедија статус на репрезентативец на Македонија и поради тоа нема одмор за стручните штабови на „нафташите“ и „металурзите“.„Соработката со Бугарската национална репрезентација и со клубот Макпетрол е на највисоко можно ниво. Поради фактот што во двата клуба имаме многу квалитетни спортисти во сите возрасни категории почнувајќи од најмладите кадетите, јуниори и сениори, и поради тоа што во новата 2012 година ќе изобилува со настапи на нашите каратисти на сите континенти и најелитни карате центри, бевме принудени да направиме рана мобилизација на комплетниот натпреварувачки состав од двата клуба. Заедно со Бугарската репрезентација со импозантна бројка на 70 квалитетни каратисти, ќе заминеме на подготовки во нашата зимска база хотелот на Макпетрол во Струга“, изјави од Мирче Јанушевски тренер на „Металург“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мектоминеј го запре Интер на „Џузепе Меаца“
Фудбалерите на Интер и Наполи одиграа нерешено 2:2 во дерби натпреварот од 20-то коло од Серија А.
Нероаѕурите не го искористија вториот последователен неуспех на Милан, кој ремизираше со Фиорентина. Наполи ја прекина серијата од шест последовни победи во која се наоѓаше Интер.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, го одигра целиот натпревар, му аситираше на Скот Мектоминеј за првиот гол. Без сомнение ова беше најдобриот меч од почетокот на сезоната за Елмас. Според италијанските медиуми беше вториот најдобро оценет играч на Наполи, подобар од него беше само стрелецот на двата гола Мектоминеј.
Интер два пати водеше во дербито, но Мектоминеј не му дозовли да победи. Ди Марко го постигна првиот гол по девет минути игра, а изеднаши Шкотланѓанецот во 26-та.
Овој резултат се смени во 73-та минута кога Чалханоглу погоди од пенал. На пеналот му претходеше дуел меѓу рахмани и Мхитаријан, а судијата Довери досуди пенал по интервенцијата од ВАР собата. Поради неговата одлука бурно протестираше тренерот на Наполи, Антонио Конте, па доби црвен картон.
Осум минути подоцна, Мектоминеј изедначи на 2:2, откако ја следеше акцијата на Ноа Ланг. До крајот Интер имаше шанса за победа, но ударот на Мкитаријан во 95-та минута заврши во стативата.
Интер остана лидер на табелата со 43 поени, три повеќе од Милан и четири од Наполи и Рома.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Барселона го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија
Фудбалерите на Барселона го одбранија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалето, во Џеда, го победија најголемиот ривал Реал со 3:2.
Вечните ривали, одиграа добар меч и покрај тоа што во првите 30 минути, двата тима ги одработуваа тактичките замисли на своите тренери. Во тој период две солидни шанси имаше Реал, преку Винисиус и Гонзало Гарсија. Двајцата лошо шутираа, па на голманот на Барселона, Џоан Гарсија не му беше тешко да ги одбрани нивните удари.
Барселона првата шанса ја имаше во 35-та минута, Рафиња излезе сам пред Курота,но реализицијата на Бразилецот беше ужасна. Една минута подоцна, од многу потешка позиција Рафиња успеа да погоди.
Потоа лудница во петте минути од судиското надополнување на времето. Магичен потег на Винисиус за 1:1, брилијантна асистенција на Педри за Левандовски, чии прием и реализиција беа уште подобри и за крај гол на Гонзало Гарсија за 2.2.
Вториот дел не донесе возбудувања, имаше и еден лош период, кога играчите на двата тима со прекршоци ја сечее играта на противникот.
Моментот на одлука се случи во 730та минута, кога Рафиња со многу среќа втор пат го совлада Куртоа.
И потоа повотрно лудница во судиското надополнување на времето. Де Јонг поради груб старт врз Мбапе доби црвен картон. Рашфорд во 95-та минута имаше шанса да го реши мечот, биеше крај голот.
Во 96-та Карерас од 10 метри, не успеа да изедначи, ударот беше слаб и одеше директно во голманот на Барселона, а во 97-та минута, Раул Асенсио се обиде со глава, но и неговиот удар лесно го скроти Џоан Гарсија.
Foto/ EPA
Спорт
Крај на сезоната за Конор Бредли
Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија.
„Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран во наредните денови, а потоа ќе започне период на рехабилитација. Во оваа фаза од процесот, не е одреден временски рок за негово враќање во игра“, се вели во соопштението на Ливерпул.
Англиските медиуми објавија дека сезоната е завршена за 22-годишниот десен бек.
Потврдата за сериозноста на повредата на Бредли дојде по инцидентот во судиското продолжение. Напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, го турна дефанзивецот додека тој лежеше повреден на теренот, непосредно пред да биде изнесен на носилки.
На Мартинели му беше покажан жолт картон од судијата Ентони Тејлор, а потегот на бразилскиот крилен напаѓач беше жестоко критикуван од јавноста и предизвика гнев кај играчите на Ливерпул.
Подоцна кога дозна за сериозноста на повредата на ривалот, Мартинели јавно се извини за непримерниот гест.

