Македонија
Расветлен грабежот на возилото на Стопанска банка
Министерството за внатрешни работи во понеделникот соопшти дека го расветли грабежот на возилото на Стопанска банка А.Д. Битола кога беа украдени 450.000 евра.Истражниот судија им одреди 30 – дневен притвор на Жарко Николоски (40) од Скопје и Марјан Трајкоски – Клун (49) од Прилеп.
Министерството за внатрешни работи во понеделникот соопшти дека го расветли грабежот на возилото на Стопанска банка А.Д. Битола кога беа украдени 450.000 евра.Истражниот судија им одреди 30 – дневен притвор на Жарко Николоски (40) од Скопје и Марјан Трајкоски – Клун (49) од Прилеп.
Полицијата пронашла 70.000 евра кај скопјанецот, а по другиот дел од парите се уште се трага. Во моментов во полициската станица во Прилеп седум лица се наоѓаат на информативен разговор.
„Доколку се утврди било каква нивна инволвираност ќе следат и кривични пријави, а очекуваме и истите да помогнат во целосно расветлување на случајот односно на начинот на кој што е извршено делото и начинот на кој што дошле до информациите за преносот на парите“ изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Двајцата маскирани крадци во петок на пладне го пресретнале голфот на Стопанска банка со „рено кампус“. Најпрвин испукале еден куршум како знак на предупредување. Го запреле возилото и го нападнале возачот на голфот со кундакот од пиштолот.
Напаѓачите ги избркале вработените од возилото и со двете возила заминале во непознат правец. Возилото со кое го извршиле грабежот било пронајдено во гаражата на прилепчанецот. Трајковски бил приведен во Прилеп, а Николоски во Скопје.
Според информациите од полицијата, двајцата ограбувачи и биле познати на полицијата, се познавале од истражниот затвор „Идризово“, каде што извршувале затворска казна и биле цимери. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

