Свет
Власта ја оспори победата на Костовски
Владејачката коалиција тврди дека во Скопје ќе има втор круг меѓу независниот кандидат и досегашниот градоначалник
Владејачката коалиција тврди дека во Скопје ќе има втор круг меѓу независниот кандидат и досегашниот градоначалник
Штабот на независниот кандидат обвини за државен фалсификат
ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА
Владејачката коалиција “За Македонија заедноои вчера ја оспори победата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје зад кој застана и целата опозиција, Трифун Костовски, и објави дека битката во главниот град не е завршена, дека Ристо Пенов и Костовски ќе ја продолжат трката во вториот изборен круг. Според Изборниот штаб на “Зааи, Костовски не го освоил неопходниот минимум гласови, 50 проценти од излезените гласачи плус еден, – 110.153, туку на негово салдо прокнижил 48,5 отсто, што е за 1,5 отсто помалку. Власта вчера прогласи изборна победа, ги оцени изборите како фер и демократски, со одредени нерегуларности на некои гласачки места во Чаир, Шуто Оризари и во Долнени. Оспорувањето на изборниот резултат за штабот на Костовски е обид за државен фалсификат во режија на власта. Државната изборна комисија вчера не соопшти резултати за Скопје, со образложение дека сў уште не ги добила податоците од Градската изборна комисија. Граѓанската асоцијација “Мостти и во текот на вчерашниот ден соопшти речиси идентични податоци за Скопје со оние од штабот на Костовски, а можноста за грешка, според нив, е еден отсто, или едно советничко место. Според “Мостти, Костовски добил 53,76 отсто, Пенов 31,2 отсто, кандидатот на ДПА, Аргим Нагавци, 6,91 отсто, Сами Фејзулаху од ДУИ 6,86 отсто, Џезаир Шаќири од НДП освоил 1,45 отсто од гласовите, а неважечки ливчиња се 1,9 проценти.
“Во неделата во Република Македонија се одржаа слободни, фер, регуларни и демократски избори. Според сите можни критериуми, нашата коалиција е победник во првиот изборен круг. Од вкупно 1.037 места во општинските совети, нашата коалиција убедливо е на прво место со освоени 385 советници, повеќе од стотина места од ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг имаме победа на нашите кандидати за градоначалници во 14 општини, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кои имаат само еден градоначалник. Во Скопје не е избран градоначалник во првиот круг, ќе се одржи и втор круг. За победа е потребно 110.153 гласа, а господинот Костовски, според нашата анализа, освоил 104.903 гласа, или 48,5 отсто. Пенов има 63.112 гласа, а односот е 1 : 1,7. Во Советот на Скопје владејачката коалиција имаме 16 советнички места. Нашите информации говорат дека завчера близу 40.000 гласачи во Скопје, најголем број од Шуто Оризари и од Чаир, беа спречени да гласаат регуларно и затоа побаравме поништување на изборите во овие гласачки места, за што поднесовме приговори во општинските изборни комисииии. Со вакви оцени излегоа шефот на Изборниот штаб на “Зааи, Никола Ќуркчиев, и првиот човек на штабот на Пенов, Андреј Жерновски, на вчерашната прес-конференција, на која СДСМ и ЛДП многу нагласено сакаа да демонстрираат единство и беше одржана во исклучително еуфорична атмосфера. Во салата “спонтаноои се собраа членови на СДСМ и кандидати за советници, кои аплаудираа, воодушевени од настапите на претставниците на Изборниот штаб, така што новинарите буквално се надвикуваа за да постават прашање.
Одговарајќи на прашањето зошто сега бројат советници и прогласуваат победа, за разлика од 2000 година кога броеја големи градови, Ќуркчиев рече: “Ако ги погледнете гласовите, ќе видите дека здружената опозиција и ВМРО-Народна заедно имаат помалку гласови од коалицијата “Зааи. Ние имаме 279.463 гласа, а здружената опозицијата и ВМРО-Народна имаат 263.507 гласа, значи во предност сме 20.000 гласааи.
Штабот на владејачката коалиција соопшти дека тие добиле градоначалници во првиот круг во: Велес, Вранештица, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Карбинци, Карпош, Ресен, Росоман, Струмица, Центар Жупа и Кавадарци. Нивните анализи покажале дека кандидатите на СДСМ и ЛДП влегуваат во вториот круг во 42 општини, а уведливо водат во 31:Берово, Битола, Богданци, Босилево, Василево, Виница, Гевгелија, Делчево, Дојран, Долнени, Другово, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Ново Село, Охрид, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Старо Нагоричане, Штип, Гази Баба, Центар, Аеродром, Кисела Вода и Чучер Сандево. На второ место се во 11 општини: Бутел, Валандово, Вевчани, Ѓорче Петров, Зелениково, Зрновци, Кратово, Маврово, Ростуше, Македонска Каменица, Сопиште и Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Полска е премногу силна
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира Полска бидејќи, како што процени, Варшава денес претставува „премногу силна држава“ за да биде директно нападната. Неговата изјава ја пренесува веб-страницата Lidovky.cz.
„Русија сака да нè ослабне по секоја цена, бидејќи денес Полска е премногу силна за да ја нападне директно“, рече Туск, додавајќи дека, според него, стратегијата на Москва е јасна и насочена кон внатрешен раздор.
Според Туск, целта на Москва е „да ја подели Полска со Европа, со Украина и пред сè – да ги натера Полјаците да се караат едни со други“, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија
Функционери на Европската Унија и Швајцарија денес оценија дека подароците што група швајцарски милијардери му ги дале на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи златен часовник „Ролекс“ и гравирана златна прачка во вредност од 130.000 долари (околу 113.000 евра), биле „непочитувачки“ и дека биле дадени за Швајцарија да добие намалување на царините од Соединетите Американски Држави.
Италијанскиот член на Европскиот парламент, Пасквале Тридико, изјави дека е „згрозен“ од скапите подароци, кои биле дадени неколку недели пред Трамп да одлучи да ги намали царините од 39 проценти за швајцарскиот увоз на 15 проценти, објави „Гардијан“.
„Ова е навистина ужасно“, рече Тридико, наведувајќи дека се чини дека станува збор за „претворање на надворешната политика во политика на поединци“.
Фото: принтскрин
Свет
Медведчук: Украина не е во можност да ги исполни американските услови за мир
Властите на Украина не се во можност да ги исполнат барањата на САД во врска со мирно решавање на конфликтот, бидејќи тие подразбираат целосна промена на владата и државната идеологија – нешто што во моментов нема никој во Украина да го обезбеди, а сегашниот режим сака да владее со земјата до бесконечност, изјави претседателот на советот на движењето „Втора Украина“, Виктор Медведчук, пренесува РИА Новости.
„Токму оние точки од планот што стигнаа до медиумите не подразбираат отстапки, туку радикална промена во надворешната и внатрешната политика на Украина. Тоа е целосно ресетирање на владата и државната идеологија. Нема никој што ќе обезбеди таков пресврт во Украина на Владимир Зеленски денес: оние што можеа да го обезбедат тоа беа протерани, уапсени или убиени. Нема враќање назад“, рече Медведчук во соопштение објавено на веб-страницата на движењето „Втора Украина“.
Тој истакна дека постојат барања од Вашингтон што сегашното украинско раководство едноставно не е во можност да ги исполни.
„Не затоа што овие барања се лоши или неправедни, туку затоа што администрацијата на концентрациониот логор не е во состојба да обезбеди демократски промени. Исто така, постои и раководство на земјата кое сака да владее со неа бесконечно, без да се осврнува на законите, правата и слободите на граѓаните“, додаде Медведчук.
Според него, мирот не е прифатлив за Зеленски во никаква форма.
„Ако нелегитимното лице воопшто попушти во нешто, тоа е пресуда за неговата криминална политика. Затоа ќе се врти како вошка на чешел, но нема да се согласи со ништо“, рече Медведчук.
Според весникот „Фајненшл тајмс“, планот предложен од САД подразбира намалување на американската воена помош за Киев, признавање на официјалниот статус на канонската Украинска православна црква и прогласување на рускиот јазик за државен јазик во Украина, така што Киев ќе ја прифати реалноста, односно дека Донбас е дел од Русија, како и намалување на украинските вооружени сили.
Планот вклучува и забрана за распоредување на странски трупи на украинска територија и забрана за испорака на оружје со долг дострел во Киев. Како што објави порталот „Аксиос“, планот подразбира дека САД и другите земји ги признаваат Крим и Донбас како легитимни руски територии.
Фото: принтскрин

