Македонија
„Павел Шатев“: Опозицијата да се врати во Собранието
Опозициските партии кои ја бојкотираат работата на Собранието да се вратат во парламентарните клупи, бидејќи нивните барања се деструктивни, вака денеска заклучија експертите на трибината на институтот „Павел Шатев“.
Според претеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ бојкотот на Собранието е несоодветен чекор, кој како што рече не е својствен за ниту еден европски парламент.
Тој смета дека СДСМ прават насилнички обид да дојдат на власт, но смета дека тој е залуден, бидејќи како што рече отсуствува поддршката од гласачите.
Тодор Пендаров, портпарол на Собранието смета дека опозицијата има доволно простор да ја презентира својата платформа, но вели дека опозициските партии не ја артикулираат својата политичка програма, туку бројат колку амандмани се усвоени.
Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека барањата на опозицијата да се вратат во законодавниот дом се деструктивни и смета дека најголема казна за нив е да има предвремени избори.
Бојкотот вели чашуле никој не го одобрува и убеден е дека опозицијата ќе се врати во Собранието, бидејќи смета дека не и успева да создаде критична маса.
Професорот Јован Донев, рече дека СДСМ и нејзините како што истакна сателити претставуваат опасна групација која користи политички речник на тоталитаристичка партија.
Вели дека тие секогаш зборуваат против што се, а не за што се бидејќи според него немаат аргументи./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

