Македонија
Македонски полицајци ќе го обезбедуваат европското ракометно првенство
Македонски полицајци ќе го обезбедуваат европското ракометно првенство што идната година ќе се одржи во соседна Србија, а двете земји ќе разменуваат полиацајци и за време на туристичката сезона и на јавни
Македонски полицајци ќе го обезбедуваат европското ракометно првенство што идната година ќе се одржи во соседна Србија, а двете земји ќе разменуваат полиацајци и за време на туристичката сезона и на јавни настани со голем ризик.
Ова се предвидува во билатералниот Договор за полициска соработка меѓу владите на Македонија и Србија, којшто денеска го потпишаа министрите за внатрешни работи на Србија и Македонија, Ивица Дачиќ и Гордана Јанкулоска во Белград.
Како што се согласија министрите, договорот претставува плод на досегашната исклучително добра соработка на двата ресора, при што регулирани се повеќе области на натамошната меѓуинституционална соработка
„Договорот за условите за патување на граѓаните на Србија и Македонија само со лична карта е во процес на ратификација, за кој се очекува дека ќе заврши до крајот на годината“, рече Дачиќ.
Зборувајќи за проблемите поврзани со илегалната трговија со дрогата, министерот за полиција нагласи дека патиштата на дрогата често се менуваат и потсети декa Србија и Македонија, заедно со Бугарија, се наоѓаат на „балканската рута на хероин“.
„Во последно време ние мислиме дека рутите се менуваат за да се избегнат конторлите на нашите граници, па согласно тоа, количеството на запленетиот хероин е значително помало во последниот период, додека кокаинот речиси и да не доаѓа на нашето подрачје“, рече Дачиќ.
Инаку со овој Договор регулирана е соработката и во други сфери од полициската работа, утврдување на сопственици и лица на кои се регистрирани возила, како и лица кои управуваат моторни возила, воздушни и пловни превозни средства, потоа размена на информации за поседување и сопственост на недвижности, подвижен имот и хартии од вредност./крај/тј/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

