Спорт
Србија на продолжетоци загуби од Германија
Вториот ден од кошаркарското светско првенство во Турција донесе главно очекувани резултати
Единствениот меч кој во неделните натпревари потсети дека се игра светско првенство беше средбата меѓу Србија и Германија, во која и двете селекции настапија ослабени заради суспензии на играчите, кај Србија, или откажувања на најдобрите како Дирк Новицки кај Германците. Сепак се очекуваше дека Србија и без Милош Теодосиќ и Ненад Крстиќ нивните први плејмејкер и прв центар, која во саботата ја демолираше Ангола со 50 поени разлика да биде подобра и во овој меч во Кајзери. Мечот беше крајно неизвесен што го покажува и податокот дека победата од половина кош 82:81, Германија ја извојува дури по две продолженија. Регуларните 40-те минути завршија 69:69, откако Србите преку Александар Рашиќ со две тројки ја анулираа предноста што на две минути и 13 секунди до крајот ја имаше противникот од 69:63. Србите мораа да ја бркаат предноста на противникот и во првото и во второто продолжение што им успеа само во првото. Во второто Германците на минута и три секунди до крајот со тројката на Јан-Хенрик Јагле направија предност од 82:77, што излезе преголема, иако Миено Тепиќ на три секунди пред крајот промаши положување за победа при резултат 82:81, што излезе и конечен резултат.Замената за Новицки, играчот на полскиот прволигаш Проком, Јан-Хенрик Јагле беше извонреден со 22 поени, девет скокови и четири асистенции, додека кај Србите најдобар беше Коста Перовиќ со 20 поени, додека Новица Величковиќ постигна 11 поени и девет скокови. Франција по победата над актуелниот шампион Шпанија во саботата, во неделата дури со 86:59 го совлада Либан кој беше сензационален победник против Канада од првото коло. Во Анкара, Грција одвај ги совлада Порториканците во главниот дуел од Групата Д Василис Спанулис постигна дури 28 поени, додека на спротивната страна НБА бекот на Далас маверикс, Хосе Бареа успеа да постигне 20 кошеви. Грците беа ослабени за суспендираните Антонис Фоцис и Софоклис Скорцианитис, додека Порторико играше без најдобриот играч, плејмејкерот Карлос Аројо.Во второто коло во групата А во Кајзери во недела беа постигнати следните резултати: Ангола – Јордан 79:65, Србија – Германија 81:82 и Аргентина – Австралија 74:72. Во оваа група води Аргентина со 4, а следата Србија, Австралија, Германија и Ангола со 3 бода и Јордан со два пораза и два бода.Во Групата Б во Истанбул: Словенија – САД 77:99; Хрватска – Иран 75:54 и Бразил – Тунис 80:65. Водат САД и Бразил водат со две победи (4 бодови), Словенија и Хрватска се со по една победа и пораз (3 бода) и Иран и Тунис претрпеа два пораа (2 бода).Во Анкара во Групата Ц: Кина – Брегот на слоновата коска 83:73; Порторико –Грција 80:83 и Турција – Русија 65:56. Домаќините водат заедно со Грција со две победи, Кина и Русија имаат по една победа и пораз а Порторико и Брегот на слоновата коска се двапати поразени. Во Измир во Грипата Д: Литванија – Канада 70:68, Либан – Франција 56:89 и Шпанија – Нов Зеланд 101:85. Франциај и Литванија имаат по две победи, Шпанија и Либан по една победа, а Канада и Нов Зеланд се без победа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Украина обезбеди бараж, Франција и Англија ја потврдија доминацијата, победи и Србија
Во решавачкиот натпревар од 6-то коло од групата Д од квалификациите за Светското првенство, Украина го победи Исланд со 2:0 (0:0) и се избори за место во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Украина, во клучниот натпревар во борбата за второто место го победи Исланд со голови во последните 10 минути од натпреварот.
Стрелци на головите на натпреварот одигран во Варшава беа Зубков во 82-та минута и Гуцуљак во 93-та минута/
Во истата група, како гостин, Франција го победи Азербејџан со 3:1 и го потврди првото место.
Во К групата, во пресрет на последната рунда беа решени сите дилеми. Англија избори пласман на СП, а Албанија ќе игра во баражот.
Во Тирана, Англија со головите на Хари Кејн ја победи Албанија со 2:0. Англичаните со максимални осум победи и гол разлика 22:0 го завршија овој квалификациски циклус.
Досега, само четири репрезентации ги завршија квалификациите за Светското првенство со 100% учинок и без примен гол: Германија (2018), Шпанија и Холандија (2010) и Западна Германија (1982).
Србија по пресврт во втриот дел успеа да слави над Летонија со 2:1. Летонвите водеа по првиот дел со голот на Гутковскис. Во второто полувреме, играчите кои влегоа од клупата го режираа пресвртот, ветеранот Катаи и синот на легендарниот српски ас Дејан Станковиќ, Александар.
Спорт
Синер ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс
Јаник Синер го освои Завршниот Мастерс во Торино со победа од 2-0 во сетови над Карлос Алкараз.
Синер го победи Алкараз со 7:6, 7:5 по два часа и 15 минути борба.
Со ова, Италијанецот ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс, без загубен сет, а неговиот настап на бетон во затворен простор се зголеми на 31 победа по ред, во последните 40+ натпревари, само Новак Ѓоковиќ го победи, и тоа во финалето на Торино 2023 година.
Алкараз и покрај поразот ја заврши годината на првото место, но Синер со овој триумф ја намали неговата предност на 550 поени.
За дваесет и четиригодишниот Синер, ова е шеста титула во сезоната, а 24-та вкупно во неговата кариера.
Бидејќи го освои Завршниот Мастерс без пораз, Синер освои 5 милиони долари. Со одбраната на титулата влезе во друштвото на Ѓоковиќ, Федерер, Хјуит, Сампрас, Мекенро, Лендл, Борг и Настасе.
Спорт
Манчестер Јунајтед во НБА Европа
Екипа од Манчестер е прва што официјално стана тим на НБА Европа.
Добро познатиот проект НБА Европа објави дека нивниот прв официјален тим е од Англија, поточно од Манчестер.
Претседателот на Италијанската кошаркарска асоцијација, Џани Петручи, изјави дека маркетиншкиот потенцијал на НБА Европа е многу голем и потврди дека Манчестер Јунајтед е првиот тим од нивното натпреварување.
„Ако Манчестер Јунајтед, тимот со најмногу навивачи во светот, бил првиот што се согласил на овој проект, мора да има причина за тоа, нели? Ова е нова лига што ќе има добар систем, одлични ресурси и ќе обезбеди одлична забава за гледачите. Договорот е дека членовите мора да играат во домашни лиги“, потврди Петручи.
НБА Европа има план да регрутира повеќе тимови од големите европски градови…
„Тим од Рим? Да, ќе има и тим од Рим. Постои можност да биде поврзан со многу богат претприемач“, потврди тој.
Значи, Манчестер Јунајтед е првиот, а се чини дека тимот од Рим ќе биде вториот новоформиран кошаркарски тим што ќе се приклучи на НБА Европа, која ќе започне во сезоната 2027/28.

