Македонија
Владата не планира помош за блокираните фирми

Функционирањето на фирмите е грижа на менаџерите. Ова е одговорот од Владата на прашањето дали ќе им помогне на фирмите чии сметки се блокирани поради ненавремено исплатување на плата.
Функционирањето на фирмите е грижа на менаџерите. Ова е одговорот од Владата на прашањето дали ќе им помогне на фирмите чии сметки се блокирани поради ненавремено исплатување на плата. „Во Република Македонија има пазарно стопанство. Секоја компанија има сопствен менаџмент што треба да се грижи за успешното работење, и пред се, тој менаџмент треба да се грижи за своите работници“, изјави Мартин Мартиноски, портпарол на Владата. Мартиноски појаснува дека „станува збор за компании што не ги исплатиле своите обврски кон вработените. Пред се станува збор за таков тип на компании што не успеале да ги исплатат средствата кон сопствените работници“. Во Македонија, поради ненавремено исплаќање на бруто-плата, годинава се блокирани сметките на вкупно 7.595 фирми. /крај/ач
Најголемиот дел од блокираните фирми се со еден вработен>>
Трудовиот инспекторат во ноември затвори 65 фирми>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје

Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје – депонија со линдан која нејзината партија СДС ја премолчуваше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.
„Екс-министерката Шукова позната како трујач на скопјани, кога веќе реши да позира покрај „ОХИС“, нека се потсети дека таму стои најголемата отворена рана на Скопје – депонијата со линдан, канцерогената бомба што со години го труе нашиот град, а таа и нејзината партија ја премолчуваа.
А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и во „ТИТАН Усје“, таму каде што СДС и ДУИ, заедно со неа, имаа одлична „соработка“ во труењето на скопјани.
Токму таа ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа и негово согорување во Македонија.
Замислете, со европско знаменце, директно потпишано од СДС-ДУИ.
Тоа беше нивниот план за градот и за граѓаните!
Кандидатката во обид, пуштена од сопствената партија само за да изгори, денес се обидува да зборува за инфраструктура. Нека не се грижи, булеварите ќе бидат завршени и тоа експресно, но од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Канцерот на скопјани, СДС и нивното време завршува.
Единственото нешто што можат да поправат се сопствените редови по силниот пораз“, пишува во реакцијата.
Македонија
(Видео) Јанковиќ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски да се покаже во Собрание и нека гласа за минимална плата од 500 евра

Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски да се покаже во Собрание и нека гласа за минимална плата од 500 евра, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ.
„Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните осиромашуваат. Ударот врз куповната моќ на граѓаните е резултат на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на сите нивни промашени економски политики. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не испорача никаков резултат а разочарувањето кај граѓаните е огромно штанцаат невистини за Венко Филипче. Очигледно Бојан Стојановски одработува за нечии бизнис интереси штим зборува лаги во кои ниту тој самиот не верува. За катастрофалната економска состојба во која ја доведоа државата се знае кој е крив, тоа е ВМОР-ДПМНЕ и неспособната влада“, рече тој.
Јанковиќ вели дека Бојан Стојановски може да докаже на дело дека навистина мисли на работниците и на граѓаните, во македонското Собрание.
„Еве, за почеток нека ги поддржи предлозите на СДСМ за: зголемување на минималната плата на 500 евра, укинување на ДДВ за храната и основните прехранбени производи, континуирано покачување на платите во сите сектори. Понатаму, нека ги повика и неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за овие решенија и да побара од неговата влада да се откаже од луксузирањата со парите на граѓаните за папаја и манго“, рече Јнаковиќ.