Свет
За "случајот Војо Михајловски" ќе треба да одлучува трет судија
Уште еден пресврт на судскиот процес што се води за
ексдиректорот на ФЗО
Уште еден пресврт на судскиот процес што се води за
ексдиректорот на ФЗО
Љубиша Станкови
ќ
Судијката Гордана
Спиреска нема да одлучува во "случајот Војо Михајловски",
бидејќи првозаведениот број во Основниот суд Скопје 1 му припаѓа на друг
судија. Ваквиот пресврт на состојбите доаѓа само неколку дена по одлуката на
судијката Розалија Кочковска за одлучување околу спојувањето на сите судски
постапки да решава токму судијката Спиреска. Всушност, целиот проблем настана
по писмениот предлог на скопското Основно јавно обвинителство Основниот суд
Скопје 1 да изврши спојување на сите тековни судења во еден процес што ќе го
води само еден судија.
Вчерашното рочиште
започна со забелешка на Судскиот совет со кој претседава судијката Гордана
Спиреска дека во судницата недостасува обвинетиот Михајловски, кој е еден од
шестемина обвинети. Неговиот бранител, адвокатот Јово Вангеловски, го
информираше судот дека тој со својот клиент последен пат се видел
минатиот четврток кога на Михајловски му се судеше кај судијката Кочковска.
Спиреска кажа дека и таа го примила писмото предлог на скопското Обвинителство,
а со кое се бара спојување на сите предмети.
Застапникот на
обвинението, заменик-јавниот обвинител Фиданка Раевска го објаснуваше својот
предлог со кој од Судот се бара спојување на четири тековини судски процеси, а
на крајот беше побарано и формална судска одлука. На елаборацијата уследи
спротивставување од адвокатот Вангеловски, кој кажа дека дадениот предлог е
непринципиелен од две причини. Според него, Вангеловски ваков предлог одбраната
на Михајловски има дадено уште на 1 септември годинава, но на нивниот предлог
следуваше спротивставување токму од Обвинителството. Адвокатот смета дека
предлогот е селективен и се однесува и на предметот кој воопшто не е ни
започнат. Вангеловски кажа дека вчера во раните претпладневни часови поднел до
Судот писмен предлог со кој бара спојување на сите предмети кон предметот што е
заведен под број 93/04 а по кој постапува судијката Гордана Сајковска.
Овој пат на кажаното од
Вангеловски реагираше заменик-обвинителот кој го оцени предлогот на одбраната
како неоснован, поткрепувајќи го својот став со тврдење дека обвинетиот
Михајловски тактизира за некои судења, а на некои редовно се појавува. Но,
адвокатот Вангеловски беше поддржан од својот колега Стеван Павлески, кој кажа
дека ставот на заменик-обвинителот е погрешен во поглед на оштетената страна,
бидејќи не се оштетени ФЗО, ПИОМ и ЕСМ, туку Република Македонија.
Последниот
збор, сепак,
го имаше судијката Спиреска, која побара за случајот да биде
информирана
судијката која постапува по предметот со број 93/04 и таа да одлучи за
понатаму, а потоа беше донесено решение судењето да продолжи на 23 овој
месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

