Свет
Вилпен формираше партија
Бившиот француски премиер Доменик де Вилпен формираше нова партија на десниот центар, за да може на следните претседателски избори во 2012. година да му се спротивстави на својот стар ривал Никола Саркози.
Бившиот француски премиер Доменик де Вилпен формираше нова партија на десниот центар, за да може на следните претседателски избори во 2012. година да му се спротивстави на својот стар ривал Никола Саркози. По тој повод Вилпен денеска изјави дека ја сака Франција која „ја брани својата различност и оригиналност“ и одразува „солидна социјална заштита останувајќи конкурентна“. Тој додаде дека веќе му се смачи од политиката на сегашната влада, вклучувајќи ја и нејзината намера да им забрани на жените да носат фереџе. Вилпен вниманието на светот го привлече во 2003. година, кога во Обединетите нации ги повикаа САД да не вршат инвазија врз Ирак. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата Франциско ги осуди злоставувањето и злоупотребата на децата
Папата Франциско денеска во своето неделно обраќање ги осуди луѓето кои злоставуваат деца и оние кои на кој било начин се соучесници во злоупотребата на малолетници.
„Бараме благодат повторно да го откриеме важното место кое секое дете го зазема во Божјото срце, за никој да не биде соучесник во злоупотребите што се вршат врз него, но и жестоко да ги осудиме“, рече папата Фрањо, објави АНСА.
Тој рече дека „децата заземаат привилегирано место во Божјото срце“ и дека секој што ќе им наштети „ќе мора да одговара за тоа пред Бога“.
Регион
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, рече грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран.
Според грчките медиуми, човекот се заразил од ќерка му, која била во Кина на одмор.
Министерот за здравство Адонис Георгијадис во интервју за грчките медиуми, по објавувањето на првиот случај на метапневмонија во Солун, рече дека повозрасниот маж е хоспитализиран во болница во Солун.
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација на вирусот бидејќи има карактеристика лесно да мутира и сакаме да видиме дали има некои поопасни карактеристики“.
„Го чекаме детаљниот преглед, кој го побаравме“, нагласи Адонис Георгијадис.
Тој категорично посочи дека „во овој момент нема особена причина за загриженост за вирусот ниту за Грција ниту за Европа“.
„Метапневмовирусот не е нешто ново, како што беше ковидот во 2019 година кога почна од Кина. Станува збор за познат вирус, кој напаѓа луѓе што со нарушено здравје или мали деца, кои сè уште немаат развиено имунитет“, објасни Георгијадис.
Свет
Исчезнат планинар е пронајден во Австралија по 13 дена потрага
Хади Назари, 23-годишен студент по медицина, беше пронајден жив откако исчезна пред 13 дена на 26 декември минатата година додека планинареше во австралискиот национален парк Кошчиушко.
Откако се разделил од своите пријатели за да го фотографира пејзажот, тој се изгубил во регионот на Снежните Планини.
Потрагата, во која учествуваа стотици волонтери, меѓу кои и пријателите и семејството на исчезнатиот ученик, траеше речиси две недели. Го спасила група планинари кои го пронашле денеска во близина на Синото езеро, на околу 10 километри од кампот каде што требало да се сретне со своите пријатели.
Според началникот Ендрју Сплит, Назари бил дехидриран, но бил свесен и не бил сериозно повреден. Брзата помош веднаш со хеликоптер го пренела во болница на дополнителен преглед.
Назари преживеал на две плочки од житарки пронајдени во планинска колиба, бобинки и вода од поток. Сплит ја пофали неговата снаодливост и упорност и истакна дека поминал значително растојание во тешки услови.
Неговото семејство, видно трогнато, рече дека ова е „најсреќниот ден во нивниот живот“. Спасувачката операција заврши успешно и покрај предизвикувачките временски услови. Полицијата ќе разговара со Назарио откако тој ќе заврши со опоравувањето во болница за да ги разјасни сите околности на неговото исчезнување.