Македонија
Информации за возачите во реално време преку новиот портал на ЈП за државни патишта
Новиот портал на Јавното претпријатие за државни патишта www.roads.org.mk, кој започна да функционира од вторник, им овозможува на македонските граѓани да се информираат за состојбата на патиштата и граничните премини во реално време.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека ваква алатка се користи во повеќе земји членки на ЕУ, а одесега ќе биде достапна не само за граѓаните на Македонија, туку и за туристите.
„Оваа веб страница нуди нови информации на граѓаните за состојбата на патиштата, кои преку поставените камери на наплатните рампи и граничните премини ќе можат да видат каков е протокот на возила во реално време и да имаат увид за тоа до каде е рализацијата на проектите кои се дел од програмата на јавното претпријатие“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој појасни дека ваква алатка се користи во повеќе земји членки на ЕУ.
Тој додаде дека благодарение на новата веб страница секој граѓанин јавно ќе може да види до каде е постапката на регионалните, магистралните и локалните патишта за кои е заинтересиран, детали за самите проекти со фотографии, и јавно да провери кои јавни набавки се завршени.Според Јанакиески, откако се поставени камери на сите наплатни рампи во државата има драстично зголемување на приходите од патарините, односно приходите минатата година биле зголемени за 20% споредено со 2012, и изнесуваат 1.38 милјарди денари.
Порталот ги содржи сите потреби информации за тоа дали има застој на некој од патните правци, градежни активности, калкулатор за растојание, како и податоци за моменталните температури.
Овие податоци, како што нагласи Јанакиески секојдневно ќе се ажурираат во соработска со АМСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерство за здравство: Активиран модул за изразување интерес за соработка на лекари од странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.
Македонија
Мицкоски на проштална средба со Агелер: благодарност за ангажманот и поддршката
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Денеска се одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Анџела Агелер.
На средбата беше изразена благодарност за нејзиниот ангажман, поддршката и придонесот во унапредувањето на односите меѓу двете држави“, објави на социјалните мрежи Мицкоски.
Информира дека во пријатна и конструктивна атмосфера биле разменети мислења за досегашната соработка, како и за значењето на партнерството и заедничките вредности.
„Упатени беа искрени желби за успех во нејзините понатамошни професионални ангажмани“.

