Спорт
Во Лигата на шампионите ќе има пет судии

Техничката комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи мечевите од Лигата на шампионите оваа сезона да ги судат пет арбитри, пренесе Reuters
Всушност станува збор за тоа дека Техничката комисија на ФИФА проценила дека бил успешен минатогодишниот експеримент од Европската лига кога покрај главниот и двајцата линиски судии, имаше уште по еден судија зад головите. Така, оваа практика за делегирање по пет арбитри натпревар ќе се применува и во најсилното клупско натпреварување во светот. Меѓутоа, експериментот со дополнителните двајца судиски помошници ќе биде проширен и на другите континенти, па судиски петорки наместо досегашните тројки ќе истрчаат годинава на натпреварите од Претседателскиот куп во Азија во септември и во мечевите од националните првенства н Бразил и Мексико.Сепак, Техничката комисија на состанокот во среда не донела никаква одлука која подразбира користење технологија која би се применувал во деликатните случаи, како на пример кога треба да се утврди дали топката ја минала гол-линијата или не, а расправата и евентуалната одлука за ова прашање ја одложила за следниот состанок кој треба да се одржи во октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Финска како Македонија во 2011, ќе се бори за медал на Евробаскетот

Кошаркарите на Финска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Избраниците на Ласе Туови убедливо ја победија грузиската репрезентација во четвртфиналето (93:79).
Финците на тој начин го постигнаа својот најдобар резултат на Европските првенства, а во борбата за финалето ќе играат против подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Германија.
Грузија како да го достигна својот максимум, не одиграа онака како што се очекуваше од нив, додека Финска играше во својот препознатлив ритам и заслужено славеше на крајот.
Финците во првиот дел го наполнија кошот на Грузија, постигнаа 57 поени, погодија 10 тројки од 15 обиди.
Во вториот дел Грузија успеа да фати приклучок, во последниот период влегоа со негатива од девет поени, се дболиѓија на на шест разлика, но тогаш Гога Битадзе направи неспортски фаул, беше исклучен бидејќи веќе имаше техничка. Од тој напад Финците постигнаа пет поени, а во следниот Литл погоди неверојатна тројка од осум метри.
Грузија повеќе немаше сили да се врати во мечот, а на три минути до крајот исклучен беше и Токо Пенгелија.
Финска ја предводеше Микаел Јантунен со 19 поени, Лаури Марканен додаде 17, а искусниот Сасу Салин 14, погоди четири тројки од шест обиди. Збирно Финците на овој меч погодија 17 тројки од 31 шут.
Кај Грузија се истакнаа Сандро Мамукелашвили со 22 поени, Токо Шегелија со 19. Разочара Американецот Болдвин, постигна два поени од линијата за слободни фрлања, од поле не погоди ниту еден од дветте шутеви.
Foto/ EPA
Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.