Свет
Србите со најниски плати и најмала куповна моќ
Платите и куповната моќ во Србија заостануваат во споредба со Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, покажуваат резултатите од истражувањето на хрватската агенција Ниелсен, објавени во белградскиот весник Политика
Истражувањето е спроведени во четири поранешни југословенски републики при што се земени просечните нето плати и куповната моќ преку цените на пет карактеристични артикли – литар пиво, килограм прашок за перење, паста за заби, килограми кафе и кутија цигари.Според висината на платите, Србија е на последно место со 348 евра, БиХ е претпоследна – 407 евра, Хрватска има просечна плата од 730 евра, а Словенија е на прво место со месечна просечна плата од 922 евра. Во истражувањето се истакнува дека во Србија покрај најниските плати има и најниски цени.Во однос колкаво количество артикли може да се купи од една плата, Србија повторно е последна. Ниелсен наведува дека од просечна месечна плата Србинот може да купи 377 литри пиво, во БиХ – 397 литри, во Хрватска – 452, додека Словенецот може да купи 542 литри пиво.Ако целата плата се потроши на кафе, во Србија би се купиле 45 килограми, во БиХ 51, во Хрватска – 73, а во Словенија 105 килограми.Цигарите во Словенија просечно чинат 2,6 евра и за месечна просечна плата може да се купат 376 кутии, а во Хрватска 306 кутии по просечна цена од 2,4 евра. Во Србија кутија цигари чини околу едно евро и можат да се купат 362, додека во БиХ овој артикл е најевтин – 0,9 евра и може да се купат 458 кутии.Според истражувањето, прашокот за перење во споредба со платите највисока цена има во Словенија (2,6 евра), потоа во Хрватска (2,4 евра), следи БиХ (1,6 евра) и Србија (1,4 евра). Односот е ист и кај цената на пастата за заби – Словенија 2,5 евра, Хрватска две евра, БиХ 1,4 и во Србија просечно чини 1,1 евро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.