Спорт
Покетињо го продолжи договорот со Еспањол
Тренерот на Еспањол, Маурисио Покетињо ќе остане на кормилото на оваа екипа се до јуни 2012 година.
Тренерот на Еспањол, Маурисио Покетињо ќе остане на кормилото на оваа екипа се до јуни 2012 година.
Новиот договор е награда за Покетињо од претседателот на клубот, Даниел Санчез Либре. Еспањол минатата сезона ја заврши во средниот дел од табелата, а во новата, по пет одиграни кола се наоѓа на шестата позиција со девет бодови.
Аргентинскиот стратег на чело на Еспањол дојде во 2009 година и во првата сезона го спаси клубот од испаѓање. Маурисио Покетињо е поранешен играч на Еспањол, тој во два наврати го носеше дресот на овој тим, во периодот од 1994 до 2000 година и потоа од 2004 до 2006 година.
Во дресот на екипата од Каталонија, Покетињо ја заврши професионалната кариера.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хавиер Маскерано го презеде Интер
Фудбалскиот клуб Интер од Мајами го назначи Аргентинецот Хавиер Маскерано за нов тренер. Максерано потпиша тригодишен договор и ќе почне со работа кога ќе се комплетира документацијата. Тој на клупата го замени сонародникот Херардо Тата Мартино, кој поради лични причини го напушти клубот.
Маскерано неодамна работеше со репрезентацијата на Аргентина до 20 години и со олимпискиот тим. Така тој повторно ќе соработува со големата светска ѕвезда Лионел Меси.
Маскерано и Меси беа соиграчи во Барселона и во аргентинската репрезентација. Покрај со Меси, Маскерао во Барселона настапуваше и со сегашните играчи на Интер, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Луис Суарез, кои се очекува да бидат во клубот од Мајами и следната година.
„Да се биде во можност да водам клуб како Интер Мајами е чест и привилегија од која ќе се трудам да го искористам максимумот. Ме привлече непобитната амбиција и инфраструктурата на организацијата. Со нетрпение очекувам да работам со луѓето од Интер за да му помогнам на клубот да достигне нови височини“, изјави 40-годишниот тренер.
Откако Мартино го известил клубот дека заминува, Меси бил консултиран кого би сакал за тренер, па најверојатно Маскерано е доведен со негов благослов.
Мајами го имаше најдобриот учинок во регуларниот дел од сезоната во МЛС лигата со 22 победи, осум нерешени и четири порази и освои рекордни 84 бода, но не успеа да го мине првото коло од плејофот против Атланта.
Спорт
(Видео) Ким го реши дербито во Минхен, Арсенал го декласира Спортинг
Баерн во дербито од петтото коло во Лигата на шампионите го победи ПСЖ со 1:0 направи чекор напред кон борбата за Топ 8, додека ПСЖ падна под плеј-оф линијата со третиот пораз.
Каков распоред имаат парижаните, прашање е дали воопшто ќе изборат место во плеј-офот.
Мечот со многу пропуштени прилики, на двете страни, глупаво добиениот црвен картон на Усман Дембеле го реши корејскиот стопер Ким Мин-Јае во 38.минута.
Робен Аморим замина од Спортинг, немаше добро деби на клупата на Манчестер јунајтед, а водечкиот тим на Португалија со новиот тренер доживеа дебакл од Арсенал (1:5). Победата Арсенал ја обезбеди по само 45 минути кога Мартинели, Хаверц и Габриел ја затресоа мрежата на домаќините. Голот на Игнасио во продолжението не беше посакуваната инјекција бидејќи Сака од пенал ги смири „лавовите“, а Тросар им ја запечати судбината.
Салцбург немаше шанса против Бундес шампионот Баер Леверкузен. Флоријан Вирц со два гола во првите 30 минути ја најви убедливата победа од 5:0.
Резултати:
Слован – Милан 2:3 (1:1)
/Берсегјан 24, Марсели 88 – Пулишиќ 21, Леао 68, Ибрахим 71/
Спарта – Атлетико 0:6 (0:2)
/Х. Алварез 15, 59, Љоренте 42, Гризман 70, Кореа 85, 89/
Барселона – Брест 3:0 (1:0)
/Левандовски 10 пен., 90+2, Олмо 66/
Баер – Салцбург 5:0 (3:0)
/ Вирц 8 пен., 30, Грималдо 11, Шик 61, Гарсија 72/
Баерн – ПСЖ 1:0 (1:0)
/Ким 38/
Интер – Лајпциг 1:0 (1:0)
/Лукеба 27 а.г./
Манчестер Сити – Феенорд 3:3 (1:0)
/Халанд 44 пенкало, 53, Гундоган 50 – Хаџ Муса 75, Хименез 82, Ханко 88/
Спортинг – Арсенал 1:5 (0:3)
/Инасио 47 – Мартинели 7, Хаверц 22, Габриел 45+1, Сака 65 пен., Тросар 82/
Јанг Бојс – Аталанта 1:6 (1:4)
/Ганвула 11 – Ретеги 9, 39, Де Кетеларе 28, 56, Колашинац 32, Самарџиќ 90+1/
Спорт
(Видео) Левандовски стана третиот играч со 100 гола во Лигата на шампионите
Роберт Левандовски, 36-годишниот полски фудбалер и напаѓач на Барселона, овој вторник го постигна јубилејниот 100-ти гол во кариерата во натпреварите од Лигата на шампионите.
Во десеттата минута од натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Брест, беше досуден пенал, а Левандовски постигна гол за 1:0. До крајот Полјакот постигна уште еден гол во победата на Барселона од 3:0.
Играјќи за Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, Левандовски го постигна 100-от гол во Лигата на шампионите. Најмногу постигна 69 од нив во дресот на Баерн. За Борусија постигна 17 голови, а за Барселона 14 гола.
Пред него се само двајца фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо има постигнато 140 голови, а Аргентинецот Лионел Меси има 129 гола. Зад Левандовски се Карим Бензема со 90 голови и шпанскиот напаѓач Раул со 71 гол.
Ова беше негов шести гол во тековната кампања во Лигата на шампионите, гол помалку постигнаа неговиот соиграч Рафиња, играчот на Спортинг, Ѓекерес и напаѓачот на Баерн, Хари Кејн.