Свет
Во eксплозија во северниот дел на Јемен загинаа 12 бунтовници
Дванаесет шиитски бунтовници се убиени, а најмалку 17 се повредени, во северниот дел на Јемен, во експлозија чија цел бил конвојот од автомобили кој одел на верска прослава, изјавил портпарол на бунтовничката група, прeнесува Ројтерс.Портпаролот на бунтовниците од северниот дел на Јемен додал дека сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата во покраината Џауф.Владата на Јемен се обидува да го одржува несигурното примирје со шиитските муслимански бунтовници, кои се познати како Хути откако нивниот лидер Абдел Малек Ал-Хути и имаше забелешки дека се маргинализирани од власта во Сана.Со прекинот на огнот што настапи во февруари беше запрена привремено војната што беснееше со мали прекини од 2004 г. во којашто се раселени околу 350 илјади луѓе.Во северниот дел примирјето во голема мера се одржува и покрај спорадични судири меѓу Хутите и провладините племенски милиции.Сиромашните арапски држави се на „првата огнена линија“ во борбата против заканите на Ал Каеда. Оттаму стабилноста на тамошните про-западни влади е од голема важност за безбедноста на САД, уште повеќе откако пред извесно време беа пресретната две пратки со експлозивни направи во Велика Британија и во Дубаи, испратени од Јемен за еврејска заедница во Лондон. Засега Јемен има распоредено околу 30 илјади војници во немирните јужни провинции, каде што често се одигруваат крвави судири меѓу исламистичките и сепаратистичките милитанти и владините трупи.. Тие треба да ја гарантираат и безбедноста при одржувањето на регионалното фудбалско натпреварување ткн. Заливскиот куп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русите тврдат дека Украинците имаат нова тактика: „Слушаме мјаукање, но не чека смрт“
Руските војници тврдат дека украинската страна користи звучни снимки од мачки за да ги измами да отворат минирани ормани и фиоки. Ова необично тврдење, кое не можеше да се потврди, го изнесе руски војник за време на интервју за ТВ Звезда, која е во сопственост на руското Министерство за одбрана.
„Влегуваме во соба и слушаме мјаукање, да речеме, во плакарот. Кога ќе отворите од жал за мачката, одеднаш се ќе експлодира“, рече Леонид Отделнов, командант на единицата за деминирање. Отделнов тврди дека ова се случило кога неговите војници влегле во згради во регионот Доњецк во источна Украина. Тој не откри дали некој руски војници загинал во експлозијата на такви нагазни мини. Киев не ги коментираше овие тврдења.
Руските провоени активисти минатата година изјавија дека војниците почнале да носат мачки во рововите на првата линија за да се справат со чумата од стаорци и други глодари. Говорејќи на националната телевизија, Владимир Малигин рече: „Нашите мачки се навикнати да ловат глувци и да ги смируваат војниците“.
Некои руски војници биле заразени со треска од каснување од стаорец. Украинските војници, исто така, се пожалија на Тајмс за глувците кои џвакаат електрични жици и ги напаѓаат објектите за складирање храна на линијата на фронтот.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата кои се затворени. Заради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на само 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети кои може да паднат.
Свет
Најмалку три лица загинаа во снежното невреме што го погоди јужниот дел на САД, повеќе од 2.100 летови беа откажани
Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го погоди јужниот дел на САД, од Тексас до Флорида.
Властите во Луизијана пријавија повеќе од 50 сообраќајни несреќи поради лизгави патишта, додека во Остин и Џорџија три лица загинаа од последиците на ниските температури, објави ABC News.
Снежната бура ги погоди јужните американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама, Џорџија, Јужна Каролина и Флорида.
Во Алабама, властите предупредија дека сите патишта во три окрузи се непроодни.
Повеќе од 2.100 летови беа откажани низ САД, додека аеродромите во Хјустон и Талахаси беа затворени.
Аеродромите во Хјустон се очекува да бидат отворени подоцна денеска.
За прв пат во Тексас и Луизијана беше издадено предупредување за снежна бура.
Невремето, исто така, ги донесе најобилните снежни врнежи во Њу Орлеанс од 1963 година, поради што многу училишта на југот беа затворени, а жителите беа советувани да останат дома.