Македонија
Тодоров : Под еден отсто граѓани не го завршуваат основното образование
Бројот на ученици кои од година во година не го продолжуваат своето основно образование постојано паѓа и сега е под еден процент, рече Министерот за образование и наука Никола Тодоров.
Тодоров, денеска присуствуваше на завршната конференција на „Проектот за модернизација на образованието“, кој траеше седум години, а за кој беа потрошени околу 20 милиони долари.
„Проектот се покажа како одлична, успешна приказна, која е во правец на подобрување на образованието и со тој проект се исполни остварувањето на сите цели кои беа предвидени“, рече Тодоров.
Тој додаде дека со проектот биле опфатени скоро сите училишта низ републикава каде било организирано инфраструктурно подобрување, организирани обуки за наставниците, набавка на нова опрема.
„Посетив неколку училишта и бев пријатно изненаден од резултатите , но веќе му кажав и на министерот дека постојат големи разлики меѓу училиштата, некои се многу напред, а некои се на почеток од надградувачкиот процес“, рече Амбасадорката на Кралството Холандија , Симоне Филипини.
Таа додаде дека е воодушевена од македонските ученици во основните училишта кои покажуваат огромно познавање на англискиот јазик.
Најголемиот дел од средствата за проектот биле обезбедени од Кралството на Холандија и Светската банка./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

