Економија
Одржливиот развој е заедничка одговорност

Над осумдесет учесници од институции, меѓународни организации, компаниите и невладиниот сектор, ги споделија искуствата, информациите и идеите во врска со општествената одговорност на Првиот Партнерски Форум, во организација на Цементарница „Усје„ АД, по повод двегодишнината од вклучувањето на компанијата во Глобалниот договор.Глобалниот договор е идеја на поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, која тој ја промовираше на Економскиот форум во Давос во 1999 година и практично значи приближување на принципите на бизнис заедницата со оние на ОН.„Движењето на Глобалниот договор ги мотивира и обврзува компаниите во светот да ги прифатат десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, со што во суштина ги прилагодуваат бизнис принципите на потребите на заедницата. Би сакал да истакнам задоволство што во Македонија има видлив прогрес на тој план, за што говори и овој Форум денеска„, истакна Ен Мари Али, преставник на Програмата за развој на обединетите нации (УНДП).За развојот на општествената одговорност на национално ниво говореше и Горан Лазаревски, претседател на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, кој потенцираше дека компаниите треба да бидат свесни за општествената одговорност и за време на криза, и ги повика сите компании да бидат општествено одговорни, а не само големите мултинационални, како што е случај во Македонија.За потребите од зајакнување на соработката меѓу бизнис заедницата и локалната самоуправа свој осврт даде градоначалникот на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев.Во врска со интернационалните искуства на групацијата „Титан„, во чија сопственост е „Усје„, зборуваше Костантинос Дердемезис, директор на групацијата за Југоисточна Европа.„Минато е времето кога за компаниите беше важно само добро да растат. Денес се вреднуваат и многу други работи, покрај успехот во бизнисот, а тоа се создавањето на добра клима за работа, почитување на вработените, грижа за животната средина и за заедницата воопшто. Ние во „Усје„ инсистираме и на двата сегмента„, посочи Антони Николопулос, главен извршен директор на „Усје„.\крај\пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.
Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.
Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври.
Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.
Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.
Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.
Економија
Владата: Исплатени се субвенции на 70.000 земјоделци во вредност од повеќе од 9 милијарди денари

Исплатени над девет милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци.
Владата соопшти дека се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.
„За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите. Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците“, велат од владината прес-служба.
Се додава дека оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години конечно имаат партнер.
Економија
Од полноќ поскапуваат бензинот, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,00 отсто во однос на одлуката од 20 јуни.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 6,182%, кај дизелот за 2,172%, кај екстра лесното масло за 6,442% и кај мазутот зголемувањето е за 2,609%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1578%.
Од 24.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,687 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.