Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и ДОМ заедно на избори

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Лилјана Поповска, претседател на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) се договорија да ја продолжат коалицската соработка за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 5. Јуни.
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Лилјана Поповска, претседател на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) се договорија да ја продолжат коалицската соработка за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 5. Јуни.
„И политиките на зелените ќе бидат дел од нашите заеднички настојувања, цели и стратешки предизвици во наредниот четири годишен период, период во кој ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ја предводат Владата на Република Македонија“, изјави Груевски по денешната средба со Поповска.
На средбата разговарале за тоа како да се подобри економијата, привлекувањето странски инвестиции, евроатланските интеграции, образованието и науката.
„Со оглед на тоа што во моментот добивме цврсто уверување од Премиерот на Република Македонија дека во идната владина програма, елементите од зелената програма на ДОМ ќе добијат многу значајно место, цениме дека ќе биде многу разумно и рационално уште сега да ја направиме коалицијата“, рече Поповска.
Поповска инсистирала да се зголеми поддршка за обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и да се постигне договор дека во следните четири години нема да започнат активностите за изградба на нуклеарна централа. Таа додаде дека покрај овие услови, од ВМРО-ДПМНЕ прифатиле и дека ќе биде ратификувана Конвецијата на ОН за лицата со посебни потреби. /крај/со/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.