Свет
Кувајт им дава на либиските бунтовници 177 млн долари
Кувајт на Либискиот национален бунтовнички совет ќе му помогне со 50 милиони кувајтски динари (177 милиони долари), за да може да им се исплатат платите на вработените во источниот дел од земјата
Како што пренесува во неделата Reuters, оваа информација ја пренел претседателот на Советот, Мустафа Абдел Џалил.„Кувајтскиот емир ни понуду финансиска помош во вредност од 50 милиони кујватски динари. Оваа сума ќе ни овозможи да им ги исплатиме платите на вработените кои не ги примиле веќе два месеца. Со нив ќе покриеме околу 40 отсто од вкупните потреби. Итно ни е потребна помош“, изјавил Џалил на прес-конференција во Кувајт.Кувајт на 4-ти април, по Катар, беше втората арпаска држава која го призна Либискиот национален бунтовнички совет.Џалил додал дека востаниците добиле оружје од своите „пријатели и сојузници“, но не прецизирал за кои држави или организации станува збор.Западните земји кои не сакаат да бидат вовлечени во конфликтот и во трета муслиманска земја по учеството во војните во Ирак и во Авганистан, не беа расположени со оружје да ги снабдат либиските бунтовници. Велика Британија и Франција ветија дека во Бенгази, центарот на либиското востание ќе испратат воени советници, додека Италија ја разгледува можноста за испраќање стручњаци за воена обука, но Џабил на прес-конференцијата изјавил дека воените советници сѐ уште не стигнале во Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

