Македонија
„Ленка“ со претставки до Уставниот суд ќе бара права за невработените
Пет ургентни претставки до Уставниот суд денеска поднесе Движењето за социјална правда „Ленка“ по повод измените на Законот за здравствено осигурување и на Законот за придонеси од задолжително социјално
Пет ургентни претставки до Уставниот суд денеска поднесе Движењето за социјална правда „Ленка“ по повод измените на Законот за здравствено осигурување и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување бидејќи според нив, со измените ќе бидат оштетени невработените и најсиромашните.
Како што кажа Димитар Апасиев од „Ленка“, првиот основ за претставка е тоа што сумата од 132.000 денари за примања на годишно ниво за цело семејство, која е услов за невработените да добиваат сини картони од септември, е пониска и од просечната месечна плата ако се подели на 12 месеци.
“Вториот основ е затоа ова што не се однесува на индивидуално примање туку на колективно семејно примање. 11.000 поделено на четири или пет члена, излегува дека секој имал приходи од две до 2,500 денари, а следната година тој ќе треба сам да си плаќа здравствено осигурување“, рече Апасиев.
Од „Ленка“ како што кажа тој, сметаат дека со овие закони се врши „примитивно класирање на населението на пет ниски класи во зависност од нивото на семејните приходи, затоа што речиси да нема реченица во нив што не е противуставна“.
Апасиев рече и дека со овие закони за првпат во историјата невработените се бришат од законите и згора на се им се воведува нова давачка исклучиво за сиромашните слоеви од населението кои ќе треба самите да си го плаќаат придонесот за задолжително здравствено осигурување.
Според него овие измени во Законите се донесени за Фондот за здравство да си ја пополни дупката од два милиони евра која е направена поради намалувањето на придонесите од девет на шест отсто кои ги уплаќаат работодавачите за вработените.
Од „Ленка“ ќе почекаат судиите да се вратат од одмор во септември за да добијат одговор на поднесените претставки. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

