Контакт

Спорт

Фудбал: Суспензијата на ФС БиХ пред укинување

Објавено пред

Делегација од одборот за нормализација на состојбите во Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина предводена од Ивица Осим, Душко Бајевиќ, Фарук Хаџибегиќ и Сергеј Барбарез

dobivaj vesti na viber

Делегација од одборот за нормализација на состојбите во Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина предводена од Ивица Осим, Душко Бајевиќ, Фарук Хаџибегиќ и Сергеј Барбарез на состанок со претседателите на ФИФА Сеп Блатер и на УЕФА Мишел Платини го презентираа новиот предлог статут на ФС БиХ.Со оглед на тоа што во него се вградени сугестиите од ФИФА, овој статут е прифатлив за меѓународната фудбалска организација и се очекува суспензијата на фудбалската репрезентација и на клубовите за настапи во натпреварите под закрила на УЕФА да биде укината веднаш штом биде изгласан статутот.Така во јуни фудбалската репрезентација на БиХ ќе може да ги продолжи квалификациските средби за пласман на ЕП 2012./крај/Макфакс/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!

Објавено пред

Демиан Лилард, еден од најпрепознатливите бекови во НБА лигата, официјално се врати во Портланд Трејл Блејзерс.

dobivaj vesti na viber

Клубот од Орегон потврди дека потпишал тригодишен договор со 34-годишната суперѕвезда, кој според достапните информации ќе заработи 42 милиони долари.

Враќањето на Лилард доаѓа откако неодамна беше отпуштен од Милвоки Бакс, иако во неговиот договор имаше загарантирани 113 милиони долари за наредните пет сезони. Одлуката на Бакс следеше по сериозната повреда на Ахиловата тетива во првото коло од годинашниот плејоф, поради која ќе ја пропушти целата наредна сезона.

Лилард беше избран како шести пик на НБА драфтот во 2012 токму од Портланд, каде ги помина првите 11 сезони од својата кариера и стана клупска легенда. Во 2023 се пресели во Милвоки, но неговата епизода таму беше краткотрајна.

Во минатата сезона, и покрај здравствените проблеми и само 58 одиграни натпревари, имаше просек од 24,9 поени и 7,1 асистенција. На теренот доминираше и покрај проблемите со тромбоза.

Лилард го одбележа враќањето во Портланд со објава на Инстаграм, каде сподели фотографија од соблекувалната на Трејл Блејзерс и кратко напиша:
„RipCityyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyy!“

Овој повраток има и емоционална димензија – Демиан Лилард е најдобриот стрелец во историјата на Портланд со вкупно 19.376 поени и е единствениот играч во НБА историјата со пет натпревари на кои постигнал 60 или повеќе поени.

Во својата кариера во просек бележи 25,1 поен и 6,7 асистенции. Освен што е меѓу 100-те најдобри НБА кошаркари на сите времиња, Лилард може да се пофали и со златен медал од Олимписките игри во Токио како член на репрезентацијата на САД.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Снуп Дог стана косопственик на фудбалскиот клуб Свонси

Објавено пред

Познатиот американски рапер Снуп Дог стана малцински сопственик на велшкиот фудбалски клуб Свонси Сити, кој игра во англискиот Чемпионшип. Тој беше и модел за новите дресови на клубот за следната сезона.

dobivaj vesti na viber

„Ова е клуб и град што ме трогнаа – работнички, како и јас. Горд сум што сум дел од Свонси“, изјави Снуп Дог, чие вистинско име е Келвин Бродус.

Снуп Дог се приклучи на сопственичката група предводена од американските бизнисмени Брет Крават и Џејсон Коен. Исто така, неодамна и хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стана дел од управата на клубот.

Во чест на приклучувањето на Снуп Дог, негов мурал е насликан на западната трибина на стадионот на Свонси. Од клубот најавуваат дека тој ќе има сè поголема улога во иднина, а неговата глобална популарност ќе помогне во промоција и развој на клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Федерер го посети Надал

Објавено пред

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го посети својот голем ривал Рафаел Надал во неговата академија на Мајорка.

dobivaj vesti na viber

Федерер пристигна во Шпанија во друштво на неговата сопруга Мирка, а во таа прилика се сретна со Рафа, на чие збогување на Ролан Гарос присуствуваше пред два месеци.

Двајцата разговараа на теренот, а таму беа и учесниците на оваа академија.

Не е познато дали оваа посета беше „случајна“ или Швајцарецот и Шпанецот се блиску до некоја нова соработка.

Медиумите потсетуваат дека Федерер ја заврши кариерата на Лејвер Купот 2022, додека Надал го одигра својот последен натпревар на Дејвис Купот минатата сезона.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани. Полицијата од Охрид утроово соопшти...

Свет1 час

„Волстрит џурнал“: Трамп со цртеж од гола жена и порака за „прекрасна тајна“ му го честитал роденденот на Епштајн

„Волстрит џурнал“ денес објави дека името на Доналд Трамп се појавило на лична порака до Џефри Епштајн од 2003 година,...

Македонија15 часа

(Видео) Пожар го зафати покривот на црквата кај селото Мршевци, вели Ангелов

Денес попладне во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на...

Македонија16 часа

„Лажни тврдења и политички инсинуации“, вели Тошковски откако опозицијата оцени дека сака да ја партизира полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил ги демантираше тврдењата на опозицијата во врска со предложените измени...

Македонија16 часа

Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален...

Македонија16 часа

Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни...

Македонија17 часа

Напредок во преговорите за пругата која се гради еден и пол век: тунелот да биде заеднички проект со Бугарија, а да го плати ЕУ

Вчерашната средба во Брисел за пругата кон Бугарија која се гради повеќе од еден и пол век, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија17 часа

Уапсен еден од убијците на припадникот на АРМ во Батинци, обвинителството поведе истрага за двајца соизвршители

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично...

Македонија19 часа

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: „Има силен инетерес“

Владата соопшти дека рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари низ државата е продолжен до 23 јули...

Македонија19 часа

Горат шуми и ниска вегетација во Велес, Македонски Брод и Василево

Во моментот на територијата на државата активни се вкупно три пожари, информираше Надица Вчкова во име на Главниот штаб за...

Македонија20 часа

Партијата Левица поднесе предлог-закон за заштита на името ВМРО, Мицевски вели дека е нарачано од круговите што работат против идентитетот

Пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието...

Македонија21 час

Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за август

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски, познат како Штекли, и уште девет лица обвинети за организирана трговија со дрога...

Македонија21 час

Уапсена докторка од Битола поради примање поткуп

Вчера, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И. Д. (67) од...

Македонија22 часа

Народниот правобранител Зибери замина во пензија

Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули 2025 година ги исполни условите за старосна пензија, со што му престанува функцијата,...

Топ1 ден

Загина 16-годишно момче од Охрид: со мопед излетал од пат и удрил во метален столб

Денеска во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и...

Регион1 ден

Три лица извлечени од морето во разни делови на Грција: меѓу нив и српски државјанин

Три лица, меѓу кои и еден српски државјанин, беа извлечени во несвест од морето во различни делови на Грција, соопшти...

Свет1 ден

(Видео) Американците: Историска заплена на иранско оружје наменето за Хутите

Американската војска објави дека Националните сили на отпорот (NRF) на Јемен, предводени од генералот Тарек Салех, успешно пресретнале и заплениле...

Свет1 ден

(Видео) Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди брегот на Алјаска. Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа1 ден

(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација

Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот...