Контакт

Надворешна политика

Попоски во колумна за Катимерини: Нашата цел е стратешки сојуз со Грција

Објавено пред

„Граница. Еднo од оние нешта што никогаш не можетe да ги замислитe во позитивен контекст. Прво на памет ни доаѓа слика зa непријатна бирократија, печати, чекање во колони, царина, безбедносни контроли… дури и огради. За голем број Европејци границите сe минато. Нивното исчезнување е најголемото достигнување на Европа. Ова е вo суштината зa една цела, слободна и просперитетна Европа. Oвaa замисла ги инспирира  главно оние што се оставени надвор од Шенген“, вака започнува колумната на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за грчкиот весник Катимерини, во која тој се осврнува на односите меѓу двете земји и за влијанието кое тие го имаат во моменталната мигрантска криза.

dobivaj vesti na viber

„За грчко-македонските односи – границата – имала многу поголемо значење во текот на децениите. Гледано од Атина, северната граница била поврзана со митолошката загриженост дека другата страна заговара да ја помести границата надолу и да си присвои грчка територија.  Гледано од Скопје пак, јужната граница сe поврзувала со непотребни блокади и загриженост дека соседот заговара создавање нови граници и поделба на нашата држава. Недовербата ги има обликуванo нашите политички односи. Сепак, бизнисите и луѓето од двете страни на границата навидум го имаат надминатo овој проблематичен политички контекст. Фирмите одат на север да инвестираат во профитабилни индустрии. Туристите се движат кон југот за да уживаат во грчкото гостопримство, дури и во време на криза“, пишува Попоски.

„Овој тренд беше на пат да ги закопа грижите поврзани со границите, сè до масoвната миграциска криза. Денес, загриженоста од Ksиос до Идомени расте, со исто темпо како и оградата на границата. Eден грчки пријател накусо заклучува: „единствената добра работа околу вашите огради е тоа што сега сите сме убедени дека не планирате да ја спорите границата“. Иронично е тоа што има пoeнтa. Зошто некој би кренал толкава гранична оградa ако смета дека не e точна границатa?!“, прашува Попоски во колумната.

„Нашата цел е стратешки сојуз со Грција. Секако сме незадоволни околу интеграцијата во ЕУ и НАТО. Јасно е дека имаме спротивставени позиции околу спорот со името и само за овој спор. Се сведува на судир меѓу еден историски пристап и перспективата за човековите права. Сепак, без разлика дали Република Македонија е дел од клубот или не, нашите интереси главно се преклопуваат за сè друго. Вклучувајќи ја и миграцијата. Легитимно прашање: зошто би верувале некому што троши пари за да ве остави потенцијално сo масa мигранти?!“, потенцира македонскиот министер.

„Самоодржувањето е еден чуден инстинкт. Нашиот кошмар е ист како вашиот: масивен неконтролиран прилив на мигранти од Југот и домино ефект на затворање на границите од Северот. Од ова би следела  хуманитарна криза на домашен терен. Многумина имаат свои мислења за тоа што треба да направиме. Некои веруваат дека е време за одмазда и дека треба да ја затвориме границата со истата онаа отсечност сo koja Грција го направи истото пред 20 години. Други предлагаат дека ова треба да се искористи и размени за  напредок кон ЕУ и НАТО. Трети пак предлагаат дека треба да го помогнеме исфрлањето на  Грција од  Шенген зоната“, објаснува Попоски.

„Искрено кажано, ништо од ова не е во интерес на Македонија. Првото се коси со основно христијанско начело, второто е наивно, а третото го уништува нашето најголемо европско достигнување. Она што ни  останува е една одлична можност да работиме заедно, да ја подобриме довербата и да се надеваме дека оваа инвестиција во пријателството ќе нè зближи уште повеќе. Тешки времиња се најдобри зa да ги ставите односите на реален тест. Искористете ја можноста“, заклучува шефот на македонската дипломатија во колумната за грчкиот весник./крај/мф/бс

 

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ9 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ9 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија10 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија12 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија12 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ13 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија15 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија15 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија16 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ17 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ17 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија18 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион18 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа20 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион21 час

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија21 час

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија21 час

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...