Контакт

Свет

Блер пред истражна комисија за Ирак

Објавено пред

Поранешниот британски премиер, Тони Блер во петок ќе се појави пред истражната комисија за војната во Ирак, ставајќи го на коцка својот личен и угледот на неговата Лабуристичка партија.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот британски премиер, Тони Блер во петок ќе се појави пред истражната комисија за војната во Ирак, ставајќи го на коцка својот личен и угледот на неговата Лабуристичка партија.Одлуката за испраќање на 45.000 војници за напад на Ирак во 2003 година е најконтроверзната одлука за време на неговиот десетгодишен мандат која се уште предизвикува кавги, поделби меѓу лабуристите и обвинувања дека со оваа одлука Блер ја доведува јавноста во заблуда оправдувајќи ја војната.Седум години по падот на Садам Хусеин и по три години од заминувањето на Тони Блер, ова прашање се уште предизвикува лутина.Родителите на некои од 179 – те британски војници загинати во Ирак ќе се приклучат кон антивоените протести пред зградата во која ќе се одржи сослушувањето и ќе бараат Блер да се прогласи за воен злосторник.Некои од лабуристичките челници стравуваат дека истрагата, а особено сведочењето на Блер, повторно ќе предизвика силни емоции меѓу избирачите и така ќе се намали јавната поддршка на партијата која веќе заостанува зад конзервативната партија непосредно пред изборите во јуни.„Тоа е клучен ден за него, за британската јавност и за моралниот авторитет на Велика Британија во светот .Тоа е голем ден, многу поважен од него самиот и неговиот личен углед“ рече Антони Селдон, политички коментатор и биограф на Блер. /крај/хи/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Руското разузнавање: НАТО сака да ја вклучи Молдавија во конфликтот со Москва

Објавено пред

Северноатлантскиот договор се обидува да го вклучи Кишињев во потенцијален вооружен конфликт со Русија, соопшти денес прес-службата на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР).

dobivaj vesti na viber

„Според информациите добиени од СВР, НАТО активно се подготвува да ја искористи Молдавија во можен вооружен конфликт со Русија.

Во Брисел е донесена одлука за забрзување на трансформацијата на таа земја во база на Алијансата на источното крило, земајќи го предвид напредувањето на руските сили во Украина“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Според СВР, молдавските власти сметаат на поддршката на НАТО за проевропската партија „Акција и солидарност“ на претстојните парламентарни избори.

Доколку претседателката Маја Санду победи, таа наводно ветила дека ќе го укине неутралниот статус на земјата, според руските претставници. Односите меѓу Москва и Кишињев значително се влошија по доаѓањето на Маја Санду на чело на државата кон крајот на 2020 година, која се залага за посилна интеграција на Молдавија со Европската Унија, според руските служби, пренесува Танјуг.

Во последните неколку години, според Москва, молдавските власти го зголемиле притисокот врз опозицијата. Наводно се поднесуваат кривични пријави против политичари, тие се притвораат на аеродромите за патување во Русија, а на кандидатите на опозицијата наводно им е спречено учество на избори, според написите во светските медиуми.

Прикажи повеќе...

Свет

Кремљ: Лага е дека му рековме на Иран да се согласи на нулта збогатување со ураниум

Објавено пред

Руското министерство за надворешни работи ги негира неодамнешните извештаи дека рускиот претседател Владимир Путин побарал од Иран да се согласи на нуклеарен договор за нула збогатување со САД нарекувајќи ги таквите тврдења целна дезинформација во соопштение, објавува „Новаја газета“.

dobivaj vesti na viber

Во саботата, „Аксиос“, повикувајќи се на тројца европски претставници и еден израелски претставник со директно познавање на ситуацијата, објави дека Москва го повикува Техеран ефикасно да ги запре своите напори за нуклеарно збогатување, став што Владимир Путин го изрази минатата недела во разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Путин би поддржал нула збогатување. Тој ги охрабри Иранците да работат преку преговори за подобрување на односите со Американците. Иранците рекоа дека нема да го разгледаат тоа“, изјави европски претставник за „Аксиос“.

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, кое ги истакна и неодамнешните изјави на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за интересот на Москва за посредување меѓу Вашингтон и Техеран, извештајот на „Аксиос“ беше дел од „валкана политизирана кампања“ насочена кон „зголемување на тензиите во врска со нуклеарната програма на Иран“.

Во саботата иранската државна новинска агенција „Тасним“ исто така го негира извештајот на „Аксиос“ повикувајќи се на висок извор, кој рече дека Техеран не добил никакво барање од Путин да се согласи на нулта збогатување.

„На последната средба меѓу г-. Путин и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, такво прашање не беше иницирано“, изјави изворот за „Тасним“.

Русија долго време е дипломатски сојузник на Иран по нуклеарното прашање. Но, како што објави „Волстрит џурнал“ на 23 јуни, Иран беше незадоволен што Москва не му обезбеди никаква воена помош за време на неодамнешната 12-дневна војна со Израел.

Од друга страна, Иран силно ја поддржуваше Русија за време на војната во Украина снабдувајќи ја Москва со беспилотни летала „Шахед“ и друга воена опрема, што одигра клучна улога во руските напади врз украинската инфраструктура.

Прикажи повеќе...

Свет

Најголемата воена вежба во Австралија: учествуваат 35.000 војници

Објавено пред

Најголемата воена вежба досега одржана во Австралија е во тек и се очекува да го привлече вниманието на кинеските шпионски бродови, објавува АП.

dobivaj vesti na viber

Австралија денес лансира ракети од својот систем за ракетни проектили со висока мобилност М142 (HIMARS) за време на вежби со бојно гаѓање на полигонот „Шоалвотер беј“, кој опфаќа 4.500 квадратни километри во сојузната држава Квинсленд. Лансерите HIMARS неодамна беа купени од Австралија од Соединетите Американски Држави.

„Денес е првпат австралиската армија да спроведе бојно гаѓање со нашите платформи HIMARS со долг дострел, повеќе домени, па затоа ова е исклучителен ден“, изјави бригадниот генерал Ник Вилсон за новинарите.

Вежбата почна во 2005 година како двегодишна заедничка воена вежба меѓу Соединетите Американски Држави и Австралија.

Оваа година, според австралиското Министерство за одбрана, во вежбата учествуваат повеќе од 35.000 војници од 19 земји, вклучувајќи ги Канада, Фиџи, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Јапонија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Папуа Нова Гвинеја, Филипините, Јужна Кореја, Сингапур, Тајланд, Тонга и Обединетото Кралство.

Малезија и Виетнам учествуваат како набљудувачи.

Вежбата ќе се одржи и во Папуа Нова Гвинеја, најблискиот сосед на Австралија. Ова е првпат активностите на воената вежба да се одржат надвор од Австралија.

Кинеските бродови за надзор ги следеа поморските вежби покрај австралискиот брег и се очекува да ја следат и оваа вежба, изјави министерот за одбранбена индустрија, Пет Конрој.

„Кинеската војска ги следи овие вежби од 2017 година. Би било многу невообичаено тие да не ги следат сега“, рече тој.

„Ќе се приспособиме на тоа. Јасно ќе ги следиме нивните активности и ќе го следиме нивното присуство во Австралија, но исто така ќе го приспособиме и начинот на кој ги спроведуваме овие вежби“, додаде Конрој.

Според АП, вежбата официјално почна вчера со церемонија во Сиднеј, на која присуствуваа заменик-командантот на американската Пацифичка команда, генерал-потполковник Џ. Б. Вовел и австралискиот началник на заедничките операции, вицеадмирал Џастин Џонс.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ50 минути

МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера, во 20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Скупи во Скопје настанал пожар, во кој биле...

Македонија1 час

До крајот на август ќе бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево – Охрид, целосно во употреба во 2027 година

За речиси еден и пол месец, премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот...

Топ1 час

Загина маж од Демирхисарско: со возилото излетал надвор од патот

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино,...

Македонија5 часа

„Пожарите беа цел на група лица што не ѝ мислат добро на Македонија, СДС, освен што е некрофилски, тој е и пиромански“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС...

Свет5 часа

Трамп: Путин зборува убаво, а потоа бомбардира сè навечер, испраќаме „Патриоти“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, велејќи дека тие се потребни...

Македонија6 часа

„Охридско лето без албанска култура, уште еден доказ за систематска исклученост“, велат од ДУИ

„Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво претставување на албанската култура...

Европа6 часа

(Видео) Авион од Пула слета во Лондон: кога повторно полета, се урна и се запали

Помал авион се урна и се запали на аеродромот во Лондон Саутенд вчера попладне. Сведоците ја опишаа експлозијата како „огнена...

Свет7 часа

(Видео) Двајца мртви и повеќе повредени во пукање во Кентаки

Две лица беа убиени, а неколку други беа ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон вчера, објави гувернерот на Кентаки,...

Европа7 часа

ЕУ блиску до договор за санкции против Русија, се чека официјална потврда

Претставниците на Европската Унија се блиску до договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, со кој ќе се намали ограничувањето...

Свет7 часа

Пропустите на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Трамп, утврди Сенатот

„Неприфатливи пропусти“ од страна на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Доналд Трамп пред една година, утврди Комитетот...

Македонија7 часа

Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Топ17 часа

11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и...

Свет20 часа

Зеленски: 1.800 дронови и 1.200 бомби врз Украина за една недела, Русија го засилува теророт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ескалација на теророт врз цивилното население, откривајќи дека во последната недела врз...

Топ21 час

Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед

56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро,...

Македонија21 час

Младите на „Галичка свадба“ добија подарок од претседателката Сиљановска Давкова

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и годинава беше дел од манифестацијата „Галичка свадба“, каде што одблизу ги проследи свадбарските обичаи...

Македонија23 часа

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот од трагичниот настан што се случи на 12 јули 2025 година...

Економија23 часа

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој...

Македонија1 ден

Петрушевски: Приведени осомничени за подметнување пожари, дел поврзани со опозицијата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека последните пожари што ја зафатија околината на Скопје, според досегашните информации, не биле...

Македонија1 ден

МВР потврдува: Роднината убил две лица, фрлил бомба и пукал кон полицијата, па се самоубил

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако тројца членови на едно семејство, меѓу кои и 13-годишно дете, беа пронајдени мртви со...

Македонија1 ден

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа...