Контакт

Регион

Словенија ги прими првите бегалци договорени со европските квоти за релокација

Објавено пред

Првата група од 28 бегалци од Сирија и Ирак во четвртокот со авион пристигна од Грција во Словенија, во рамките на програмата за релокација на мигрантите од преоптоварените кампови во Италија и Грција, а според која земјата оваа и следната година треба да прими вкупно 567 баратели на азил.

dobivaj vesti na viber

Се работи за група на семејства со деца и неколку возрасни мажи кои по доаѓањето на аеродромот биле сместени во прифатилиште во Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми. Постапката за нивната меѓународна заштита веќе е започната во Грција и се очекува дека нема да трае долго, но секоја молба за азил ќе биде разгледана индивидуално, објавило словенечкото МВР.

По престојот во прифатилиштето, бегалците ќе бидат упатени во центри за интеграции кои се наоѓаат во Љубљана и Марибор, а децата ќе бидат вклучени во школски програми. Словенија се обврза дека во рамките на договорените европските квоти оваа и следната година од Грција и Италија ќе прими 567 баратели на азил од загрозените држави, а месечно во земјата треба да пристигнуваат по 40-тина лица, а процесот кој требаше да започне пред два месеци веќе доцни.

Наскоро се очекува и пристигнувањето на десетина бегалци од Еритреја, кои моментално се наоѓаат во камп во Италија, но италијанските власти се уште на Словенија не и соопштиле кога ќе ги испратат. Во земјата веќе се наоѓаат 387 бегалци од големиот бегалски бран кој беше прекинат со затворањето на ткн балканска бегалска рута, а повеќето од нив се сместени во прифатилиштето во Љубљана./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Вучиќ им се закани на демонстрантите; „Ле Монд“: Ситуацијата потсетува на Киев 2013/2014

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во понеделник вечерта, во продолжението на антивладините протести што се одржуваат низ цела Србија, дека државата „ќе ги прогонува демонстрантите многу повеќе, побрзо и посилно и ќе воспостави ред“, додека западните медиуми остро пишуваа за политиката на Вучиќ.

dobivaj vesti na viber

Во текот на вечерта, Вучиќ ги посети просториите на владејачката Српска напредна партија (СНС) во белградската општина Палилула, каде што беа скршени прозорци за време на протестите во понеделникот, и рече дека ова е „показател за тоа со какви насилници и силеџии“ се справува државата. Тој додаде дека демонстрантите „немаат што да им понудат на луѓето освен насилство, бандитство и уништување“.

Антивладини протести се одржаа низ цела Србија во понеделник вечерта, додека светските медиуми оценија дека Вучиќ усвоил „стратегија на страв“ со тоа што ги извел хулиганите и приватното обезбедување на улиците, спротивставувајќи ги на демонстрантите.

„Ле Монд“: Ситуацијата потсетува на Киев 2013-2014 година
Францускиот весник „Ле Монд“ ја споредува ситуацијата во Србија со настаните во Киев 2013-2014 година, кога хулигани и полицајци во цивил беа искористени за предизвикување насилство.

Според весникот, од вторник минатата недела, во неколку градови избувнаа судири меѓу поддржувачите на владата и демонстрантите.

Маскирани напаѓачи ги демолираа канцелариите на Српската напредна партија во неколку градови, додека видеа од насилни апсења се објавени на социјалните мрежи, а властите ја обвинуваат опозицијата дека се обидува да ја „уништи Србија“ и да предизвика „граѓанска војна“, го цитираат францускиот весник, белградските медиуми.

„Ле Монд“ нè потсетува дека протестите во Србија траат веќе девет месеци, откако 16 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад во ноември минатата година, што јавноста го протолкува како последица на широко распространета корупција.

Протестите беа упорно предводени од студентско движење кое сега бара Вучиќ да распише предвремени избори, ставајќи го во ситуација каде што мора да се соочи со пад на поддршката дури и кај до неодамна лојалниот бирачки корпус.

Весникот, исто така, наведува дека Вучиќ ги обвинува „странските служби“ за обид за „обоена револуција“ и се потпира на пасивноста на европските престолнини.

Фајненшл тајмс: „Балансирањето“ на Вучиќ на домашната и глобалната сцена
Британскиот Фајненшл тајмс (ФТ) пишува дека по децении на власт, ветераните на авторитарните режими неизбежно се соочуваат со прашањето дали да ја зголемат репресијата, да го зајакнат својот круг на капиталистички пријатели и да ги истиснат остатоците од независните медиуми или да се поклонат пред повиците на опозицијата за реформи, и дека Александар Вучиќ сега се соочува со токму овој избор, пишува ФТ.

„Автократите секогаш се одлучуваат за првиот пристап и стануваат потврдокорни. Сега Вучиќ се соочува и со антивладини протести на улиците на главниот град. Осум години како претседател на Србија, а пред тоа како премиер, владееше со интервенционистичка рака, но водеше повеќе „управувана демократија“ отколку целосна автократија“, пишува британскиот весник, истакнувајќи дека Вучиќ слично лукаво балансирал на глобалната сцена.

Според „Фајненшл тајмс“, пренесува белградската агенција ФоНет, претседателот на Србија има срдечни односи со Москва, но не е толку пријателски расположен кон неа што би ги „разбеснил“ Европската Унија и САД, покрај продажбата на оружје на Украина, а му се додворуваше на Пекинг за милијарди долари кинески инвестиции во индустријата и инфраструктурата.

Весникот, исто така, укажува на кокетирањето на Вучиќ со лидерите на евроблокот Урсула фон дер Лајен или францускиот претседател Емануел Макрон, не само поради најавата за можноста европските рударски компании да ги експлоатираат наоѓалиштата на литиум во Србија.

Според „Фајненшл тајмс“, Вучиќ изградил добри односи и со блиски соработници на Доналд Трамп за време на првиот мандат на американскиот претседател.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Конечна судска одлука: Додик повеќе не е претседател на Република Српска

Објавено пред

Од

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) со која му беше одземен мандатот на претседател на Република Српска.

dobivaj vesti na viber

Како резултат на тоа, според сараевските медиуми, Додик официјално повеќе не е на таа позиција, а ЦИК е должна да распише предвремени избори за претседател на ентитетот.

Да потсетиме дека ЦИК претходно донесе одлука за прекин на неговиот мандат, но таа можеше да стапи на сила дури откако ќе стане конечна, или потврдена од Апелациониот совет на Судот на БиХ. Денешната одлука конечно утврди дека Додик повеќе не е претседател на Република Српска.

Во образложението на пресудата, Судот наведе дека мандатот на избраниот функционер завршува на денот на правосилност на пресудата со која е осуден на затворска казна од најмалку шест месеци, што во случајот на Додик беше 12 јуни 2025 година, кога беше донесена второстепената пресуда. Судот ги отфрли и тврдењата за ретроактивна примена на законот, нагласувајќи дека пресудата станува правосилна на денот на нејзиното донесување, додека нејзината извршност е поврзана со доставување до странките, што не ги менува правните последици за мандатот.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Објавено пред

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.

dobivaj vesti na viber

Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.

Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.

Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.

„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.

Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Јасен е ставен под контрола

Дождот којшто вчера попладне заврна во делови од државата, меѓу другото ни помогна во гаснењето на пожарот во ловиштето Јасен,...

Топ32 минути

(Фото) Во два одвоени случаи уапсени три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д....

Свет1 час

Макрон по состанокот: Трамп верува во договорот, јас не верувам во Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет3 часа

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...

Свет3 часа

Шефот на НАТО: Испраќањето војници во Украина не е дискутирано

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека за време на разговорите во Белата куќа, воопшто немало дискусија за испраќање...

Свет3 часа

Германскиот канцелар: Договорено е Путин и Зеленски да се сретнат во рок од две недели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се огласи кратко по завршувањето на разговорите во Белата куќа со Доналд Трамп. Мерц рече дека...

Свет3 часа

Зеленски: Путин во разговорот со Трамп предложил да се сретнеме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција пред Белата куќа по историската средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери....

Свет3 часа

Трамп вели дека започнал со подготовките за средбата Путин-Зеленски

Доналд Трамп ги истакна можните следни чекори по средбите во Белата куќа. Тој, исто така, потврди дека разговарал со Владимир...

Свет10 часа

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет14 часа

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет14 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Култура19 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија20 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет20 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија20 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија21 час

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија21 час

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет22 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет24 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија1 ден

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...