Спорт
Гол-трка на Барса и Реал

Двата шпански фудбалски гиганта во саботата навечер имаа своевиден дуел во постигнување голови. Барса на гостувањето ја торпедираше Алмерија со 8:0, а Реал дома ги совладат тврдите Баски со 5:1
И двата лути ривала Аргентинецот Лионел Меси за Барселона и Португалецот Кристијан роналдо со хет-трик ја продолжуваат меѓусебната борба во докажувањето кој е најдобриот фудбалер на планетава во моментов. Меси инаку во саботата навечер против Алмерија дојде до 101-от гол во шпанската Примера и е само четвртиот фудбалер во историјата на Барселона кој постигнал повеќе од сто голови. Меси во последните 17 мечеви постигна 22 голови или ипресивни 69 голови во последните 66 натпревари. Оваа висока победа на каталонците е изедначување со последниот меч на кој една екипа постигнала осум погодоци во сезоната 1995/96 кога Ваљадолид откако на поливремето од Овиедо губеше со 1:2, на крајот славеше со 8:3. А Барселона со 8:0 последен пат славела на гости во сезоната 1959 г. кога го совлада Лас Палмас.Стрелци за Барселона покрај Меси кој погоди во 16.36. и 66 минута, беа и Иниеста во 18, Акасисте во 26. минута си постигна автогол, потоа прецизен беше Педро во 34. и Бојан Кркиќ во 61. и во 72. минута.Високата победа на наујлутиот ривал ги мотивираше играчите на Реал кои својот синоќешен меч го почнаа кога заврши мечот во Алмерија. Инкау Атлетико Билбао и не играше толку лошо како што тоа беше случај со Алмерија (на полувремето резултатот беше 2:1), но четата на Жозе Мурињо кој поради казната го пропушти и овој меч има многу подобри поединци кои кога се инспирирани тешко се запираат. Серијата голови за „кралевите ја отвори“ Аргентинецот Гознало Игуаин во 18. минута, потоа Роналдо стрелаше во 30., 62. и во 90+1 минута од пенал, во меѓувреме Серхио Рамос исто такао дпенал во 57. минута а почесниот гол за Баските го постигна Љоренте во 40. минута. Претходно во саботата Виљареал и Валенсија во дербито на колото одиграа 1:1, во меч во кој гостите поведоа преку Адуриз во 21. минута, а домаќините изедначија во 73. минута. Реал е прв со 32 бода, Барселона го следи со 31 бода, а на третата и четвртата позиција се Виљареала со 24, односно Валенсија со 21 бод, која ,може да биде мината од Севиља која има 20 бодови и меч помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лаутаро до соиграчите: Ако не сакате да бидете овде, заминете

Интер го заврши својот настап на Светското клупско првенство во осминафиналето. Вчера, во Шарлот, Флуминензе го победи Интер со 2:0.
По натпреварот, најгласен во микс зоната беше капитенот Лаутаро Мартинез, чија изјава веднаш ги преплави италијанските медиуми и социјалните мрежи.
Аргентинецот ги повика поединците во соблекувалната за, како што тврди, недостаток на мотивација и желба да се борат за грбот на Интер.
„Кој сака да остане, нека остане. Кој не сака, нека си оди. Овој дрес треба да се почитува и ние мора да се бориме за цели достојни за историјата на клубот“, започна Мартинез.
Мартинез објасни дека го боли начинот на кој тимот влегол во натпреварот и рече дека некои работи што ги видел на теренот и околу него не се прифатливи.
„Мора да сакате да бидете овде. Оние кои сакаат да останат, нека останат, оние кои не сакаат, нека си одат. Видов работи што не ми се допаднаа“, рече тој, а потоа ја презеде одговорноста:
„Јас сум првиот одговорен како капитен. Им се извинувам на навивачите, уште еден пораз многу боли. Сега мора да се одмориме и да почнеме одново со целата енергија што ја имаме.“
Италијанските коментатори оценија дека речениците за „оние кои сакаат да играат за Интер“ се директна порака до раководството, или за брзо чистење на соблекувалната, или за појасно дефинирање на амбициите на тимот.
Медиумските анализи наведуваат дека Интер ја завршува оваа сезона без трофеј за прв пат од 2020 година, и дека испаѓањето во осминафиналето ќе го чини клубот десет милиони евра премии.
Спорт
Баџо призна: Во САД сакав да се самоубијам

Легендарнуот Италијанец Роберто Баџо зборуваше за промашениот пенал во финалето на Светското првенство во САД во 1994 година.
По промашениот пенал на Баџо, Бразил ја освои титулата светски шампион, додека Италијанците мораа да се задоволат со второто место.
„Да имав нож во тој момент, ќе се самоубиев“, призна тој. „Да имав пиштол, ќе се самоубиев. Во тој момент сакав да умрам“.
„Целото Светско првенство, не само нашите натпревари, се играше под екстремно високи температури“, додаде тој.
„Моравме да работиме исклучително напорно, далеку над човечките можности, за да можеме да играме. Но, и покрај сè, бевме водени од страста и желбата да постигнеме резултати, а многу Италијанци кои живееја таму беа горди на нас. Го чувствувавме тоа како тим. Тоа беше дополнителна сила за нас да ги надминеме пречките.“
Спорт
Денвер го размени Портер јуниор и го врати Брус Браун

Денвер Нагетс направија важен трејд. Тие го испратија крилото Мајкл Портер јуниор и незаштитениот пик од првата рунда во 2032 година во Бруклин Нетс за крилото Камерон Џонсон.
Со овој трансфер, Нагетс успеаја да се ослободат од договорот на Портер, кој вреди 38,3 милиони долари за следната сезона и 40,8 милиони долари во сезоната 2026/2027.
Џонсон ќе заработи 21 милион долари следната сезона, а 23 милиони во сезоната 2026/2027. Ова е воедно и првиот голем потег на новото раководство на Нагетс, кое го сочинуваат Бен Тенцер и Џон Волас. Со овој потег, Денвер излегува од зоната на „данок на луксуз“ и си дава поголема можност за маневрирање при составувањето тим за следната сезона.
По размената, Нагетс потпишаа и со слободниот агент Брус Браун, кој се согласи на едногодишен договор за ветерански минимум. Браун беше важен играч во тимот на Денвер кој ја освои титулата во НБА во 2023 година.
Браун беше омилен во соблекувалната на Денвер и одигра значајна улога во походот на титулата.
Во сезоната 2022/2023, тој имаше просек од 11,5 поени, 4,1 скока и 3,4 асистенции по натпревар. Минатата сезона, играјќи за Торонто Репторс и Њу Орлеанс Пеликанс, тој имаше просек од 8,3 поени и 4 скока.
Џонсон, исто така, се чини како потенцијално добро дополнување за Нагетс. Крилниот играч ја одигра најдобрата сезона во кариерата, со просек од 18,8 поени, 4,3 скока и 39% шут за три поени.
Портер ја помина целата своја шестгодишна НБА кариера во Денвер, каде што имаше просек од 18,2 поени и седум скока во 77 натпревари минатата сезона.