Европа
Австрија: Министерот за внатрешни работи се срами за повторувањето на изборите

– Волфганг Соботка, австриски министер за внатрешни работи
Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка изјави во саботата дека се срами откако Уставниот суд во петокот пресуди дека вториот круг од претседателските избори мора да биде повторен поради утврдените неправилности, вклучително и со пребројувањето на гласовите испратени по пошта, на што се жалеше крајно десната Слободарска партија (FPOe) чиј кандидат иако имаше уверливо водство во првиот круг загуби со помалку од половина процентен поен во полза на кандидатот на Зелените, поддржан од другите етаблирани партии.
Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка изјави во саботата дека се срами откако Уставниот суд во петокот пресуди дека вториот круг од претседателските избори мора да биде повторен поради утврдените неправилности, вклучително и со пребројувањето на гласовите испратени по пошта, на што се жалеше крајно десната Слободарска партија (FPOe) чиј кандидат иако имаше уверливо водство во првиот круг загуби со помалку од половина процентен поен во полза на кандидатот на Зелените, поддржан од другите етаблирани партии.
„Разочаран сум, се срамам. Таа негрижа и тоа извртување на законите длабоко ме потресоа“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка за државното радиот.
Толкуваше дека е збунет, поради тоа што наводно не било утврдено крадење на гласовите, ниту манипулации, туку низа грешки во збирот на гласовите на 22-ри мај, што ја доведе во прашање валидноста на изборниот процес.
Одлуката на судот покажува дека Австрија е банана република, веројатно единствената која покрај Африка и Казахстан не може да ги собере гласовите, остро реагираше во саботата таблоидот Oesterreich.
Дневниот весник Kurier, пак, извести дека Соботка сака набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европак (ОБСЕ) да бидат присутни на следните избори кои ќе се одвиваат есенва,/
Поранешниот челник на австриските Зелени кој имаше големо заостанување по првиот изборен круг, Александер Ван дер Белен, на вториот круг на 24-ти мај тесно го победи Норберт Хофер од FPo, кој за малку пропушти да стане првиот претседател од крајната десница во Европа. Со 50,3 отсто од гласовите, откако во првиот круг освои 21,3 проценти, по пребројувањето на гласовите пристигнати по пошта, Ван дер Белен за 0,6 отсто, или 31.026 гласови, го победи Хофер кој освои 49,7 отсто, а во првиот круг имаше убедливо водство од 35,1 отсто од гласовите.
Во петокот австрискиот Уставен суд во образложението соопшти дека во својата пресуда ги користел строгите стандарди за спроведување на изборните правила. Пред судот на јавно сослушување се појавија околу 90 сведоци во изминатите две седмици, а тие зборувале за неправилностите во начинот на кој се пребројувани гласовите,к вклучително и гласовите.
Слободарската партија тврди дека начинот на кој се броени гласовите кои пристигнувале по пошта се само една од неправилностите коишто кулминирале со пораз на Хофер за разлика помала од 31.000 гласови.
Првите резултати и од вториот изборен круг покажуваа дека Хофер има предност, но таа се истопила откако биле пребројани околу 700.000 гласови кои пристигнале по пошта. Слободарската партија тврди дека има докази дека гласале лица под 16 години како и странски државјани./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.