Свет
Штрајк со глад во Железници
Штрајкувачите велат дека никој не ги организирал туку дека самоиницијативно одлучиле дел од нив да штрајкуваат со глад, зашто единствена причина за нивно отпуштање е што имаат некоја врска со некоја партија
РЕФОРМИ: ОТПУШТЕНИТЕ ОД МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ СЕ ЖАЛАТ НА ПОЛИТИЧКИ СКРОЕНИ ЛИСТИ
Штрајкувачите велат дека никој не ги организирал туку дека самоиницијативно одлучиле дел од нив да штрајкуваат со глад, зашто единствена причина за нивно отпуштање е што имаат некоја врска со некоја партија
Група отпуштени од “Македонски желеници” вчера изутрина почнаа штрајк со глад. Околу 130 вработени ја поддржале идејата за гладување, но, попладнето, кога екипа на “Вест” ги посети, во просторијата каде на вратата пишуваше “Штрајк со глад” едвај имаше десеттина штрајкувачи. Според кажувањата на присутните, повеќето од нив биле низ зградата, бидејќи во просторијата за гладување, пушењето е забрането. Меѓу оние кои ги најдовме таму имаше од прогласените за технолошки вишок, но и неколку вработени кои викендов добиле отказни решенија поради нанесување штета на претпријатието.
“Наскоро ќе стигнат и другите колеги. Во 15 часот им завршува смената. Тие се со нас, но ако ги напуштат работните места заради штрајкот, веднаш ќе добијат отказни решенија”, велат штрајкувачите.
Повеќето од околу 100 – тина штрајкувачи главно беа надвор низ темните ходници на зградата, и во соседната просторија, каде не се штрајкува со глад. Запуштени и обраснати со брада, штрајкувачите со поглед ги бараат новинарите да ја раскажат својата приказна. “Не сакаме да не третираат според партиска припадност.
Политиката нас не ни е важна. Директорите се по политиката”, велат тие. Жените кои се прогласени за технолошки вишок, пак, најчесто се жалат дека не постојат законски критериуми за прогласување на технолошки вишок, бидејќи повеќето од нив се самохрани мајки.
“Јас сум самохрана мајка, а мојот единствен грев да се најдам на листата е што мој братучед во времето на претходната Влада беше директор во претпријатието. А од друга страна во Железници работат и брачни парови, а ниеден од нив двајцата не е отпуштен”, вели една од прогласените за технолошки вишок и посочува дека сопругата на претседателот на легалниот синдикат на Железници, Цветан Мирчевски, кој не го подржува штрајкот е вработена во претпријатието и не е прогласена за технолошки вишок.
Некој кажа дека во Депо, зад зградата на “Македонија табак”, композиција вагони се лизнала од шините.
“Ова се случува зашто нестручни раководни лица го регулираат сообраќајот”, вели Никола Богоевски од независниот синдикат на собраќајниот персонал, кој попладнето заедно со неговиот синдикален колега Марјан Ристевски се одзваа на полициската покана за информативен разговор бидејќи менаџментот на “Македонски железници” против организаторите на штрајкот поднел пријави. Според Богоевски, тие не се организатори на штрајкот, туку штрајкот е резултат на спонтано собирање на вработените, кои се солидаризираат со 755 вработени прогласени за технолошки вишок. “Ние како претседатели на синдикатот треба да го почитуваме ставот на нашето членство”, вели Богоевски.
Од “Македонски железници” велат дека железничкиот сообраќај е безбеден. “Сите тие се инструктури кои ги обучувале вработените, така што безбедноста не е загрозена”, велат во Железници, каде немаат информација колкав е бројот на возови кои поради блокадата се заглавени на граничните премини.
Сојузот на синдикати вчера од Владата побара мораториум на прогласувањето на технолошки вишок во Железници, додека не се најде заедничко прифатливо решение. “Сојузот смета дека не може масовно да се прогласува технолошки вишок без да се постигне договор со Синдикатот”, се вели во нивното писмо до Владата.
(Т.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

