Македонија
Бучковски: Ниту е Вељаноски е Калигула, ниту јас сум коњ
Генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски тврди дека му биле подметнати за потпис патните налози за патувањето на пратеникот на СДСМ, Владо Бучковски во Израел
На денешниот брифинг со новинарите Жарко Денковски рече дека имал полна доверба во службите на Собранието, па ги потпишал налозите иако за тоа немало одобрение од претседателот на Собранието.Пратеникот Владо Бучковски, којшто во втроникот се врати од патувањето во Израел, обвини дека против него се прави хајка и дека портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ станал портпарол на судот.„Прво да му порачам на Вељаноски, ниту е тој Калигула ниту ние од опозицијата особено јас, не се сметам за коњ. Јас знам кој се моите обврски и знам дека имам во џебот патен налог, каде што пишува дека се упатувам на службена работа во Ерусалим, Израел каде што се упатувам како пратеник на Собранието на Република Македонија. Затоа ќе го замолам претседателот да не го тера генералниот секретар на Собранието да тврди дека не знаел и дека некој нешто му подметнал. Дека нема никакви подметнувања говорат фактите“ рече Бучковски.Тој тврди дека претседтелот на собранието Трајко Вељаноски бил известен од страна на Павле Трајанов, односно од пратеничката група за соработка со Парламентот на Државата Израел дека заедно со Лилјана Поповска од ДОМ и Александар Спасеноски ќе заминат на меѓународна конференција која била трошок на организаторот.Според него, Вељаноски бил известен за ова уште од 20 јануари. Ја повика владејачката партија да ги тргне рацете од судството и најави дека ќе се појави на следното рочиште, на 10 февруари.Од ВМРО – ДПМНЕ сметаат дека пратеникот Бучковски директно им штети на израелско – македонските односи, со што се губи и смислата на неговото патување.„На врвот на неговата ароганција е последната изјава околу неговото заминување во Израел. Тој бил на конференција во Израел и ние тоа не го оспоруваме, меѓутоа исто така неоспорен факт е дека надлежниот суд има право да се сомнева во причините на неговото отсуство, бидејќи тој и обвинетите повеќе од десет пати заради недоаѓање го одложува рочиштето во рамките на процесот што се води. Сведоци сме дека во повеќе наврати, Бучковски не се појавува на рочиштето“, изјави пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Цветко Грозданов.Според генералниот секретар, Денковски, пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, добила налог за патувањето во Латвија, а не за во Израел и не знае како поканата за патувањето во Ерусалим стигнала на потпис до пратеникот Павле Трајанов зашто Комисиите немаат надлежност за потпис на патни налози.Лилјана Поповска од ДОМ вели дека пред една недела заминала за Литванија и Латвија. Од Рига заминала за Ерусалим, како учесник на конференцијата на европските пријатели на Израел.Вели дека Парламентот бил известен за патувањето преку Павле Трајанов, а потоа информацијата била проследена до собраниските служби и вели дека процедурите биле стандардни.„Претпоставувам дека до недоразбирање со Претседателството на Парламентот е дојдено поради специфичната политичка ситуација и турбуленциите во Македонија. Немам намера никого да бранам , ниту да напаѓам. Зборувам во свое име и сакам да го свртам вниманието на македонската јавност кон важни настани што се случуваат околу нас, а ние сме на работ да ги пропуштиме, зафатени со своите ситни кавги“ рече Поповска.Судското рочиште за пратеникот Владо Бучковски утрово беше одложено, откако адвокатот на Бучковски, Никола Поленак ги презентираа потпишаните патни налози како доказ дека тој оправдано отсуствува и бараа да не се спроведе стражарно приведување за судењето во четврток.Судијката најави дека ќе побара уште една информација од претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е ајатолахот?
ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој Македонија ја спореди со Иран и Венецуела.
По ваквата изјава од владејачката партија велат дека СДСМ е потоната во свој микро свет, во кој сите се лоши, а само тие се добри.
„Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран? Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години, а во влада скоро 9 со техничката, ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На новинарско прашање во врска со отворената поддршка на Македонија кон САД за нападите кон Иран, лидерот на опозицијата кажа оти Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат.
Елаборирајќи го својот став, тој ги повтори критиките дека Владата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ја турка земјата кон изолација, дека преку вицепремиер во извршната власт има контакти со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека целосно го партизира правосудството.
„Имаме власт и премиер којшто ја бутка земјата во изолација, притоа знаејќи дека во стратешки интерес на Соединетите Американски Држави е интергацијата во ЕУ и на нашата земја и на целиот регион“, рече Филипче.
Македонија
Пуштена во употреба реконструираната обиколница во Крива Паланка
Реконструираната обиколница во Крива Паланка е пуштена во употреба.
На настанот присуствуваше премиерот, Христијан Мицкоски, кој нагласи дека Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции.

Тој посочи дека ваквите проекти претставуваат додадена вредност за граѓаните и за економијата и најави дека во наредниот период во Крива Паланка и во регионот ќе се реализираат инвестиции во вредност од неколку стотици милиони евра.
„Крива Паланка е влезна точка на делот од Коридорот 8 во Македонија“, рече Мицкоски, додавајќи дека меѓу приоритетите се третата фаза од железничката пруга, забрзување на втората фаза, како и нови патни делници кои ќе го заобиколат влезот во Куманово за сообраќајот кон исток.

Премиерот истакна дека Владата останува фокусирана на капитални инвестиции, при што како клучни ги наведе Коридорите 8 и 10, со приоритет на патничко, железничко и енергетско поврзување.
Мицкоски оцени дека инвестициите ќе придонесат за економски раст и ќе создадат услови за развој на локалните заедници, изразувајќи очекување дека дел од иселените граѓани ќе се вратат и ќе продолжат да живеат и работат во земјата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој се обрати од настанот, рече дека со изградбата на експресниот пат Страцин–Крива Паланка, реконструкцијата на обиколницата и модернизацијата на граничниот премин Деве Баир целосно се развива источното крило на Коридор 8.
Тој посочи дека реконструкцијата на обиколницата, во должина од 4,5 километри, е инвестиција од 1,2 милиони евра и претставува значајно поврзување со Бугарија како витален дел од Коридор 8. Додаде дека во тек е модернизација и проширување на граничниот премин Деве Баир, при што првата фаза се очекува да заврши до јуни, а потоа ќе следи проширување на капацитетите.

Николоски нагласи дека во соработка со ЕУ се бара решение и за модернизација на делницата Страцин–Романовце, како и дека интензивно се работи на железничкото поврзување кон Исток. Потпишан е договор со Бугарија за прекуграничниот тунел, а се очекува Крива Паланка да биде поврзана со Скопје со дневна железничка линија.
Македонија
Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

