Македонија
Нимиц ќе изнесе детали од средбата во Женева

Деталите од македонско–грчките разговори за разликите околу името, што денеска околу 14 часот ќе се одржи во Женева, ќе бидат соопштени доцна попладнево од медијаторот Метју Нимиц
Прес-конференцијата на која медијаторот Mетју Нимиц ќе изнесе поединости по средбите што ќе ги има со преговарачите на двете земји е закажана во 16,30 часот. Предвидено е прес-конференцијата да трае 45 минути, пишува BBC.Средбата за името е прва по период од четири месеци., бидејќи разговорите мируваа поради изборите кои се одржува во двете држави. Инаку, во пресрет на разговорите во Женева, дописниците на македонските медиуми јавуваат за интензивна активност на двата преговарачки тима, но и тајни седби. Имено претставници на неколку влијателни држави членки на Европската Унија и НАТО својата тајна дипломатија која не е дел од агендата на медијаторот Нимиц деновиве ја насочија кон начинот на решавање на прашањата поврзани со македонскиот идентитет. Едно од решенијата кое се’ уште не е на маса а за кое неформално била консултирана грчката страна е називот на националноста и јазикот во ОН да се реши со комбинација на евентуално идно решение за името на земјата со зачувување на сегашниот назив на националноста и јазикот. Поточно, во графите за националноста во ОН да стои „Македонци“ со објаснување „граѓани кои што живеат во Република Северна Македонија“. Доколку земјата потклекне под притисокот на дел од политичката елита во Брисел и Вашингтон за кој географската одредница „Северна“ е прифатлив компромис, слично решение се нуди и за јазикот. Тој би останал „македонски“ со објаснување дека тоа е јазик кој се говори во Република Северна Македонија. Грчката страна се’ уште не се изјаснила на ваквите решенија кои од Обединетите нации би требало да се префрлат и во Советот на Европа, но затоа од Атина стигнуваат најави дека Грција ќе бара од сите меѓународни институции кои се занимаваат со македонскиот јазик да прекинат да го користат во таа форма. Така тоа би се однесувало на голем број универзитети кои имаат катедри за изучување на македонски јазик. Најавено е и дека барање за прекин на употреба на терминот македонски наскоро ќе стигне и до странските медиуми кои имаат сервиси македонски јазик како радиото Радио Слободна Европа, Глас на Америка на македонски, Дојче Веле, BBC на македонски, како и емисиите на македонски јазик на националните медиумски програми наменети за малцинствата, пред се’ во државите кои Македонија ја признаваат како Поранешна Југословенска Република. Според истите најави, од државите што Македонија ја признале под уставното име ќе се бара по евентуален договор тие да ги преименуваат сите употреби на терминот „македонски“ во новото име за кое евентуално би бил постигнат договор. За македонската дипломатија овие игри на Грција, но и на други земји индиректно инволвирани во спорот за името, се беспредметни.И Скопје и Атина истакнаа пред средбата дека се залагаат за компромисно решение. Од македонска страна беше најавено дека таа ќе вложи максимални напори да се најде компромис, што нема задира во националниот идентитет, а грчката страна го повтори ставот за заемно прифатливо име со географска одредница за севкупна употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Работењето на Владата даваат резултати, имаме нови 10 илјади работни места

Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 проценти и е меѓу петте земји во Европа по раст на БДП, мерките и работењето на Владата даваат резултати, истакна денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
-Првиот е фактот што во вториот квартал нашата економија забележа реален раст од 3,4 проценти и веќе втор квартал сме во петте земји во Европа по најголема ставка на раст на Бруто домашниот производ. Ако минатиот, првиот квартал бевме на четвртото место, сега го делиме третото место со хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар со 3,6 проценти, рече Мицкоски на пуштањето вo употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид.
Премиерот потенцира дека мерките и работењето на Владата даваат резултати кои, како што посочи, во изминатиов период генерирале нови 10 илјади работни места.
-Мерките на Владата и активната работа која ја правиме изминатиов период генерира нови 10 илјади работни места, односно ако се спореди бројот на вработени во вториот квартал во 2024 година од нешто повеќе 691 илјада со бројот на вработени во вториот квартал во 2025 година нешто повеќе од 701 илјада, тоа значи дека за една година имаме креирано 10 илјади нови работни места. Имаме намалено нешто повеќе од 7 илјади невработени, кога ќе се споредат овие два квартали. Можеби тие бројки се само бројки на хартија, но тие бројки се дел од реалниот живот, тоа се семејства, тоа се луѓе, тоа се вистини. Оваа Влада има за цел да го направи животот на нашите граѓани подобар и да го направи поуспешен, рече тој.
Третиот параметар, како што нагласи Мицкоски, е фактот дека изминативе седум месеци од оваа година, од јануари до јули, извозот растел побргу отколку увозот. Потенцира дека тоа е редок пример.
-Ако ја гледаме наназад 15 години македонската економија кога во толку долг период имаме поголемо извозно ориентирање на државата отколку увозно ориентирање. Што значи, се намалува трговскиот дефицит. Што значи, повеќе девизи, повеќе пари остануваат во македонските компании и во рацете на македонските граѓани, што претставува и наша цел и наша задача како Влада, рче тој.
Мицкоски истакна дека и во изборната кампања лани ветиле посветена и чесна работа, а не чуда и невозможни работи.
-Знам дека инстант резултати се невозможни. Тоа го зборувавме и во кампањата. Ние не сме чудотворци. Чуда се невозможни. Но, ветувавме многу посветена чесна работа, а тоа е тоа што го правиме изминативе 15 месеци – многу посветена и чесна работа. Јас ви давам збор дека така ќе продолжиме – секој ден да се бориме за секој еден проект, за секоја нова инвестиција, за секоја една човечка судбина да им помогнеме и животот да и биде подостоинствен. Ова е нашата визија – Македонија на дела, а не на изговори. Ова е доказ дека можеме да го оставиме зад себе периодот на застој и да го отвориме патот кон развојот. Ќе продолжиме вака – да градиме, да завршуваме започнати работи и да почнуваме нови перспективи за секој регион и за секој граѓанин, нагласи премиерот Мицкоски.
Македонија
ЦУК: Побарано воздушно дејствување врз пожарот во Липковско на страната од Скопска Црна Гора

Барањето за воздушно дејствување врз пожарот помеѓу селата Никуштак и Орланци во општина Липково од градоначалникот на таа општина е процесуирано до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и до Национални шуми, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Воедно информираат дека во моментов сите летала се ангажирани на големиот пожар во Беровско, но, попладнето може да бидат преупатени, доколку нема потреба од нив во Беровско.
– Пожарот што е активен од вчера се наоѓа на територијата на општина Липково, помеѓу селата Никуштак и Орланци. Се наоѓа во сосема непристапно подрачје, каде што нема никакви патишта и нема можност за пешадиско дејствување. Пожарот се издига по сртот кон погоренаведените села, на страната од Скопска Црна Гора. Барањето за воздушно дејствување, доставено до ЦУК од градоначалникот на Липково, е процесуирано до ДЗС и Национални шуми. Во моментов сите летала се ангажирани на големиот пожар во Беровско. Доколку во попладневните часови, леталата не бидат потребни таму, ќе бидат веднаш преупатени да дејствуваат на пожарот помеѓу селата Никуштак и Орланци, како и по сртот на Скопска Црна Гора, се потенцира во соопштението на ЦУК.
Во пожарот кој е активен на место викано Безгашево, во близина на село Русиново во општина Берово, зафатена е дабова, букова шума и папрат, соопшти порано денеска ЦУК.
Македонија
Ѓорѓиевски: Ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија

Со силно темпо и динамика, ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија, за пофункционален и поврзан град, наведува на социјалната мрежа „Фејсбук“, кандидатот за градоначалник на градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
– И денес, недела, на терен со дел од мојот тим. Направивме увид на уште неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од мандатот во град Скопје. Довршување и пуштање во употреба на клучката кај Момин Поток. Кружен тек на улица „Бутелска“. Нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел. Летни сцени на скопското Кале и Аквадуктот. Изградба на прва фаза на булевар „Хрватска“, пишува во објавата.
Со силно темпо и динамика, како што се додава, „како никогаш досега ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија“.
– Решенија кои ќе ја олеснат секојдневната циркулација, ќе го направат градот пофункционален, поврзан и жив. Ќе изградиме нови парковски содржини и зеленило, за чист и убав град. Културата на едно високо ниво, токму онака како што доликува на една европска метропола. Следуваат уште многу други проекти кои ќе бидат промовирани, а ќе бидат за доброто на нашиот народ, нагласува Ѓорѓиевски во објавата.
Тој додава дека ќе бидат понуден решенија за Скопје, кое ќе функционира, а не, празна реторика.
– Скопје добива нов лик, наскоро. Скопје станува град каков што скопјани навистина заслужуваат, потенцира кандидатот за градоначалник на главниот град во државава од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.