Македонија
Три возила за инвалиди во скопскиот јавен превоз
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, во употреба пушти три специјално адаптирани возила за потребите на лицата со потешка инвалидност
Трите возила се опремени со специјално автоматски управувана рампа за подигнување на инвалидската количка и друга опрема што ја обезбедува безбедноста на корисниците. Возилата се сопственост на Град Скопје и заедно со сета вградена дополнителна опрема чинат околу шест милиони денари. Возилата се дадени на користење на Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП – Скопје“, коешто ќе го обезбеди превозот и во соработка со здруженијата на граѓани од оваа област организирани на територијата на градот, ќе го спроведува дневниот ред на возење.Право на користење на организираниот превоз со посебно адаптирани возила ќе имаат исклучиво лицата со потешка телесна инвалидност на коишто, заради движење, им е потребна инвалидска количка и лица со тешки моторни пречки како и лице коешто го придружува корисникот.„Овие возила ќе овозможат подобрување на квалитетот на живеење на лицата со потешка инвалидност, нивна поголема мобилност и вклученост во општествените текови. Лицата со телефонско јавување, ќе можат да го закажат својот превоз. Правилата за организација за вршење на превозот од денес ќе бидат достапни за здруженијата на граѓани, корисниците, медиумите и пошироката јавност“, рече градоначалникот Трајановски при свеченото пуштање во сообраќај на возилата. На настанот организиран по повод пуштањето во употреба на возилата, на gрадоначалникот Kоце Трајановски му беше доделена благодарница од страна на Здружението на телесно инвалидизирани лица на град Скопје, за неговите залагања за оваа категорија на лица.На презентацијата на возилата присуствуваа и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, како и директорот на Јавното сообраќајно претпријатија, Мишо Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.
Македонија
Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска имаше поздравно обраќање на настанот во организација на Шведско-Македонската Стопанска Комора, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На настанот се обрати и Ола Сулстром, Амбасадор на Кралството Шведска во нашата земја, со што беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи.
Шведско-Македонската Стопанска Комора се воспоставува како силен институционален мост меѓу деловните заедници на двете земји и како јасна политичка порака за продлабочување на економското партнерство меѓу двете земји.
Во своето обраќање, заменик-министерот Димитровски истакна дека формирањето на Комората означува нова фаза во економските и деловните односи меѓу двете земји, со фокус на конкретни резултати, инвестиции и заеднички развој.
„Формирањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора испраќа силна порака дека економската соработка меѓу нашите држави се издигнува на повисоко, постратешко ниво. Ова е практичен механизам за поврзување на бизнисите, за поттикнување инвестиции со додадена вредност, за иновации и трансфер на знаење, но и за градење доверба која е основа на секое сериозно економско партнерство,“ истакна Димитровски.
Македонско-шведските економски односи бележат стабилен и охрабрувачки развој, со јасен потенцијал за понатамошна експанзија. Зголемениот интерес од компаниите и инвеститорите од двете земји ја потврдува потребата од институционална платформа која ќе ги поврзе деловните заедници и ќе ја забрза реализацијата на заедничките економски проекти. Во тој контекст, Комората се позиционира како катализатор за зголемување на билатералната трговија и проширување на секторите на соработка, се истакнува во соопштението.
„Шведско-Македонската Стопанска Комора ќе делува како платформа за активна соработка меѓу приватниот и јавниот сектор, обезбедувајќи системска поддршка за компаниите, застапување на нивните интереси и создавање амбиент на доверба, транспарентност и институционална стабилност. Преку ваков пристап, Комората ќе придонесе кон развој на одржливи, долгорочни и взаемно корисни деловни партнерства.
„Со формирањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора, испраќаме јасна порака дека ние сме подготвени за посилна економска соработка, за привлекување квалитетни инвестиции и за градење партнерства засновани на европски стандарди, доверба и заедничка визија за економски раст и развој”, заклучи Димитровски.

