Регион
Ципрас: Договорот со еврозоната е „нов лист“ за Грција

Договорот кој беше постигнат со еврозоната за продолжувањето на финансиската помош за Грција ќе и овозможи на земјта да сврти „нов лист“ после шест години криза, оценил во Атина грчкиот премиер Алексис Ципрас, пренесуваат грчките медиуми.
Договорот кој беше постигнат со еврозоната за продолжувањето на финансиската помош за Грција ќе и овозможи на земјта да сврти „нов лист“ после шест години криза, оценил во Атина грчкиот премиер Алексис Ципрас, пренесуваат грчките медиуми.
„За првпат имаме добри вести“, рекол Ципрас на седница на владата по состанокот во Брисел. Министрите за финансии на еврозоната во Брисел ги започнаа разговорите околу начинот за олеснувањето на должничкиот товар на Грција и изразија надеж дека за ова ќе биде постигнат договор до крајот на месецот, со што земјата би ја добила ветената финансиска помош.
Министрите на еврозоната ова прашање го покренаа за првпат од одобрувањето на третиот пакет на помош за Грција минатата година. „Одлуката во Брисел отвора пат кон добивање на наредната транша на помош“, рекол Ципрас и додал дека Грција очекува помош од 5,4 милијарди евра.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во вторникот во Брисел изјавил дека неопходна е прелиминарна проценка за одржливоста на долгот на Грција, кој изнесува скоро 180 проценти од нејзиниот бруто домашен производ, што е рекордно за една земја членка на ЕУ.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како еден од кредиторите начелно ги поддржува мерките за олеснувањето на долгот. Грција по напнатите преговори со кредиторите, за време на кои беше на работ на финанска криза и излез од еврозоната, во јули 2015-та го доби третиот пакет на помош, но под услов да ги спроведе дополнителните мерки за штедење, економските реформи и приватизацијата на јавниот сектор.
Грчкиот Парламент, пак, во неделата вечерта ги изгласа законите за реформите на пензискиот систем и за повисоките годинешни даноци. Ова беше побарано од страна на кредиторите ЕУ и ММФ, кои минатата година одлучија на Грција да и помогнат со 86 милијарди евра во наредните три години, за земјата да може да ги врати долговите./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.