Македонија
Настан „Придонесот на ЕУ кон безбедноста и вклученоста на земјите од ЈИЕ“
Дводневен настан насловен „Придонесот на Европската Унија кон безбедноста и вклученоста на земјите од Југоисточна Европа“, се одржува во Скопје.
Активноста ја отвори министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, а воедно свои излагања имаа и претставникот од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Роберт Лидел и директорот на RACVIAC, амбасадорот Никола Тодорчевски.
„Нашата средба денес е потврда на нашите одделни и заеднички напори и успеси. Впрочем и самиот наслов ‘Придонесот на ЕУ кон безбедноста и вклученоста на земјите од Југоисточна Европа’, говори за посветеноста на ЕУ кон Регионот и за потврдувањето на евроинтегративните напори на нашата земја и на Регионот во целина. Таа е истовремено доказ за напредокот на Заедничката безбедносна и одбранбена политика од нејзините почетоци како и доказ за улогата на ЗБОП во интегрирањето на Регионот во Европа“, рече министерот Бесими во своето обраќање.
Според него, понатамошното развивање на Заедничката безбедносна и одбранбена политика, ќе придонесе за постигнување трајна безбедност на европскиот континент.
„Всушност, тоа ќе го заврши процесот на градење на Обединета Европа“, заклучи Бесими.
Целта на настанот, кој е во рамките на Заедничката Безбедносна и Одбранбена Политика (ЗБОП) наменет за земјите-кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ од Регионот на ЈИЕ, е да се потврдат евроинтегративните напори на Македонија и на Регионот во целина, преку споделување на вредностите на ЗБОП, развивајќи заедничка безбедносна култура и ефикасна соработка помеѓу Европската Унија и земјите од Југоисточна Европа.
На настанот учествуваат околу 60 претставници од државни институции од Регионот и од Република Македонија кои работат на проблематика поврзана со Заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и предавачи, експерти во неколку конкретни аспекти на Заедничката безбедносна и одбранбена политика, кои се поврзани со развојот на капацитетите на ЕУ, кризниот менаџмент, цивилно-воената соработка, финанисирањето на операциите на ЗБОП, Европската одбранбена агенција, партнерството со НАТО, како и влијанието на ЗНБП и ЗБОП на земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати во процесот на пристапување во ЕУ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

