Компании
„Вашингтон пост“ го смести „Вранец“ на „Стоби“ меѓу најдобрите вина од Балканот и Мала Азија
Вината на македонската винарија „Стоби“ продолжуваат да добиваат одлични оценки од светските вински критичари, а една од најголемите пофалби доаѓа од реномираниот медиум „Вашингтон пост“.
Стручњакот Дејв Мекинтаер кој пишува за овој престижен американски медиум го издвои „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година и го смести меѓу најквалитетни вина од Балканот и од Мала Азија. Кон комплиментите за „Стоби“ деновиве се приклучи и американскиот весник „Инфорум“, а критичарот Рон Смит беше воодушевен од „Пино Ноар“, истакнувајќи дека станува збор за вино кое вреди да се побара и Македонија ја опиша како силен играч во интернационалната винска сцена. Мекинтаер во текстот кој излезе месецов во „Вашингтон пост“ во тесната селекција на пет исклучителни вина од Балканот и од Мала Азија го стави и „Вранец Веритас“. „Вранец е темно црвено грозје кое е поврзано со калифорнискиот зифандел и со балканскиот плавац-мали. Станува збор за прекрасно вино со убав мирис кое совршено оди со чадено месо или со говедска чорба“, посочува Мекинтаер кој воедно води и негов специјализиран блог.Критичарот на „Инфорум“, пак, го издвои „Пино Ноар“ кое е лесно црвено вино со рубин нијанса и со силна арома на шумска јагода. „Поттекнува од Градско кое е на иста географска ширина со Бургундија и со Руската речна долина и регионот е познат по нивните вина „Пино Ноар“ и „Шардоне““, пишува Рон Смит.„Стоби“ уште од самото влегување на американскиот и британскиот пазар добива одлични оценки од огромен број на критичари кои пишуваат за светски најпознатите медиуми како „Волстрит журнал“ и „Вашингтон пост“. Во декември минатата година, „Вранец Веритас“ беше пофалено и од британскиот вински гуру Џенсис Робинсон која е советник за винската визба на кралицата Елизабета Втора. Таа пишува за престижниот медиум „Фајненшл тајмс“ каде на читателите им го препорача виното за божиќната трпеза посочувајќи дека доколку „Вранец“ доаѓаше од некоја поочекувана, мејнстрим локација, а не од Македонија, би чинело двојно повеќе. Македонската винарија е лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, и годишно произведува околу 4,5 милиони литри вино. На крајот на 2015 година беа промовирани шест нови премиум вина „Акација“, „Аура“, „Аксиос“, „Аминта“, „Вердо“ и „Веритас“ кои го претставуваат „најдоброто од најдоброто“ создадено од стручниот тим на „Стоби“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)