Македонија
Анкетата на ИРИ покажува раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните на Македонија веруваат во владејачката гарнитура и покрај економската криза што ја има како предизвик, како и исполнувањето на критеруиумите од Брисел. Груевски е се уште најценетиот политичар во земјава, со дури 3,5 пати поголема доверба отколку Црвенквоски, покажува анкетата на ИРИ
Рејтингот на владејачката партија ВМРО- ДПМНЕ, на чело со премеирот Никола Груевски пораснал од претходната анкета на ИРИ во јуни за 2 отсто, поточно сега изнесува 32 отсто, сопштуваат партиски извори. Опозициската СДСМ и покрај промовирањето на новата програма Решенија за Македонија, заостанува дури три пати и има рејтинг од 11 отсто, што е за еден процент помалку од претходната анкета во јуни.
Потоа следуваат ДУИ со 10 отсто, што исто така бележи пад од 2 проценти, а ДПА и Нова Демократија го задржуваат рејтингот од 3 отсто. Партијата на Љубе Бошкоски Обединети за Македонија има пад од 1 на 0,7 отсто рејтинг, според анкетата на ИРИ.
Доколку утре има избори за друга партија би гласале 4 отсто, а неопределени се 16 отсто, што е повеќе отколку во јуни кога имаше 16 отсто.
Премиерот Никола Груевски се уште е политичар со најголем рејтинг, а во него имаат доверба 25 отсто од испитаниците. Како што велат партиските извори, на второ место е никој, затоа што дури 22 отсто не се определиле за ни еден политичар. Потоа следи опозиционерот Бранко Цренковски со 7 отсто рејтинг, па Али Ахмети лидерот на ДУИ со 6 отсто, Имер Селмани од Нова Демократија со 5 отсто, а Мендух Тачи и Арбен Џафери имаат 2 отсто доверба од граѓаните.
Анкетата покажала и дека дури 94 односно 96 отсто од граѓаните сакаат да ја видат Македонија во НАТО и во ЕУ. Проекциите на граѓаните за тоа за колку време очекуваат да се случи членството во евро-атланските асоцијации се пооптимистички од претходната анкета. Така, 3,8 години е просекот што го даваат испитаниците за влез во НАТО, што во јуни беше 4,4 години. За влез во Европската Унија граѓаните проектираат време од 5,5 години, за разлика од јуни кога мислеа дека Македонија ќе влезе во ЕУ за 6,2 години.
Како што коментираат партиските извори и покрај предизвиците како што е економската криза, исполнување на критериумите за добивање позитивен Извештај од Европската комисија позитивни се тековите на општествените движења во земјата.
Анкетата е направена од 16 до 21 септември на 1.107 испитаници, а денес попладне треба да биде официјално објавена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи кои се занимаваат со истата проблематика. Одлуката следи по изјавата на кардиохирургот, Сашко Кедев, дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции.
Алиу рече дека комисијата ќе биде независна и дека извештајот ќе служи како патоказ за понатамошни мерки. Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора да ги отворат базите со информации за кардиолошки интервенции, со цел Министерството да ги агрегира податоците и да има увид во здравствените патеки на граѓаните.
Министерот потврди дека има база со информации од 2019 до 2025 година за кардиолошки интервенции во јавните и приватните установи и дека ќе се сретне со д-р Кедев за понатамошна соработка. Фондот за здравствено осигурување, пак, ги следи сите прашања за квалитетот и законитоста на услугите, но оценката на медицинската оправданост останува надлежност на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и специјалните комисии формирани од министерот.
Македонија
Никоски: Новата градинка во Потстаница, Драчево, значи подобра грижа за децата и поголема поддршка за семејствата

Како напредуваат градежните работи за новата градинка во Потстаница, Драчево, на лице место излезе да провери и директорот на Управата за заштита на животната средина и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Никоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Кисела Вода,Орце Ѓорѓиевски.
„Oвој објект e со вкупна површина од 300 квадратни метри и дополнително дворно уредување од 700 квадратни метри. Тој ќе обезбеди подобра грижа за децата и поголема поддршка за семејствата во овој дел од општината. Овој проект е доказ за нашата посветеност кон социјалниот развој и унапредување на квалитетот на животот во Кисела Вода“, рече директорот Никоски.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека новата детска градинка ќе биде целосно завршена за само 20 дена и дека во неа ќе бидат згрижени 75 деца.
Македонија
Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше министерот Панче Тошковски, прашувајќи зошто го дозволил неговото повторно именување. Но ВМРО-ДПМНЕ попладнево излезе со тврдење дека бил вратен на работа од кадар на Социјалдемократите, приложувајќи го решението на второстепената комисија во таа насока.
„Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто? Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски.“, пишува во фејсбук објавата на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ подоцна излезе со тврдење дека Панче Тошковски го суспендирал командирот од Ропотово, но Даница Чадиева од СДСМ претседател на Второстепена комисија, бивш претседател на СДС Велес го вратила на работа. Се додава и дека МВР постапува по решението на Второстепена комисија која ја води Чадиева. Партијата во прилог го испрати решението.