Спорт
Пана фудбалот доаѓа во Македонија

Новата фудбалска атракција, Пана фудбалот, пристигнува во Македонија. Пана фудбалот е релативно нов спорт, потекнува од Холандија, последните години стана меѓународно признат, особено во Велика Британија и Бразил.
Новата фудбалска атракција, Пана фудбалот, пристигнува во Македонија. Пана фудбалот е релативно нов спорт, потекнува од Холандија, последните години стана меѓународно признат, особено во Велика Британија и Бразил. Пана фудбалот е технички и визуелно исклучително атрактивна игра. Фудбалската федерација на Македонија, со помош на амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, денес на прес конференција го презентираше овој спорт. „Возраста за да се бавите со овој спорт не е важна. Доволно е да имате само мал спорт, да поседувате добра техника и може да играте. Овде во Македонија има многу талентирани деца, целта ни е да ги натераме да почнат да се занимаваат со овој спорт. Пана фудбалот е ефикасен инструмент за дружење на децата од различна етничка, верска и социјална припадност. Пана фудбалот е начин на живот“, изјави амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, Н.Е. Симоне Филипини. Теренот на кој се игра Пана фудбалот е со димензии 4×6 метри, се игра еден на еден, а натпреварот трае три минути.„Победник на натпреварот е оној кој ќе постигне повеќе погодоци, меѓутоа натпреварот може веднаш да заврши и доколку успеете на противникот да му ја протнете топката низ нозе“, вели координаторот на холандскиот Пана фудбал, Крис ван Гронделе.Првиот Пана турнир во Македонија ќе се одржи во вторник, пред почетокот на квалификацискиот натпревар Македонија –Ерменија. Пред самиот турнир Пана специјалисти од Холандија ќе обучат 18 македонски студенти, кои потоа ќе станат Пана тренери, кои ќе обучуваат деца на возраст од 10-12 години. „Ова е целосно нов вид на фудбал кој кај нас не е многу популарен, но ние ќе работиме на неговата масовност и популаризација“, рече Бојан Марковски од младинскиот оддел на Фудбалската федерација на Македонија.Една долгорочните цели на ФФМ е македонски Пана тим да биде дел од првото Пана светско првенство кое во 2014 година ќе се одржи во Бразил.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Зошто Роналдо не беше на погребот на Жота?
Фудбалерот Кристијано Роналдо не беше присутен на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а неговото отсуство беше предмет на многу коментари.
Се очекуваше легендарниот напаѓач, капитенот на португалската репрезентација и соиграч на Жота во националниот тим, да биде присутен, но тоа не се случи.
Најверојатната верзија за неговото непојавување беше дека не сакал да привлече внимание кон себе и со тоа да ја изгуби смислата на тажното собирање.
Во исто време, сепак, има информации дека Роналдо контактирал со семејството на Жота и им кажал дека сака финансиски да ги поддржи децата на покојниот ас на Ливерпул.
Кристијано, трогнат од трагедијата, вети дека ќе се грижи за образованието на трите деца што ги остави Жота зад себе. Со својата долгогодишна партнерка Рут Кардосо, тој има две ќерки (четири и две години) и син кој има само седум месеци.
Браќата Диого Жота и Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија, а беа погребани во катедралата во Гондомар.
Спорт
Ноер го обвинува Донарума за ужасната повреда на Мусијала: Тој беше спремен да го преземе тој ризик

ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство. Парижаните го победија Баерн со 2:0, головите ги постигнаа Дуе и Дембеле. Иако останаа со двајца играчи помалку, шампионите на Европа успеаја да го издржат нападот на Баерн и да се пласираат понатаму. Натпреварот беше засенет од сериозната повреда на Џамал Мусијала на крајот од првото полувреме, кој ја скрши левата нога и сега му претстои долга пауза.
Најстрашниот момент од натпреварот се случи во третата минута од судиското продолжение. Донарума ја зеде топката пред Мусијала, но и падна врз него. Германецот беше сериозно повреден и мораше да го напушти натпреварот, а италијанскиот голман беше во солзи. Голманот и капитен на Баерн, Мануел Ноер, го критикуваше Донарума: „Тоа беше ситуација каде што немаше потреба да се влегува така. Беше преземање ризик. Тој беше спремен да го преземе ризикот да го повреди противникот.“
„Отидов кај него и му реков: „Не сакаш ли да одиш да го видиш нашиот играч?“ Тоа е прашање на почит, да му се приближиш и да му посакаш се најдобро. Дури тогаш тој го направи тоа. Фер-плејот е секогаш дел од тоа. Јас би реагирал поинаку.“
Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.