Македонија
Цветан Цветанов испрати писмо до македонската колешка Јанкуловска
Министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Цветан Цветанов испрати писмо во кое се заблагодарува за помошта од својата колешка од Македонија, министерката Гордана Јанкуловска.
Министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Цветан Цветанов испрати писмо во кое се заблагодарува за помошта од својата колешка од Македонија, министерката Гордана Јанкуловска.
„Дозволете ми преку Вас да изразам благодарност на полицијата во Република Македонија за помошта на полицијата при апсењето на бугарските државјани за тешко криминално дело во градот Брегово. Брзата и професионална реакција на Вашите вработени придонесоа во голема мера за разјаснување и докажување на извршеното кривично дело. Сметам дека ова е уште еден доказ дека координацијата на работата на двете земји се развива и соработката понатаму ќе се продлабочува“, стои во писмото испратено од Цветанов до Јанкуловска./крај/фокус/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

