Спорт
„Фуријата“ го парализираше Роналдо
Осминафиналниот дуел меѓу ибериските ривали, донесе тврд фудбал во кој Шпанија победи 1:0, благодарејќи на стратегијата со којашто целосно беше отсечен најдобриот фудбалер на Португалија
Статистика на мечот покажува целосна доминација на шпанските фудбалери кои речиси двојно ја имаа топката во својот посед, а кон голот на противникот упатија дури десет шута повеќе од Португалците. И овој осминафинален меч на светското првенство ќе остане забележан, покрај другото, и по една во најмала рака многу дискутабилна одлука кога аргентинскиот арбитер Хектор Балдаси во 89. минута му покажа црвен картон на Рикардо Коста, за наводно удирање на противнички играч Капдевиља без топка во неговиот казнет простор, но остана впечатокот дека тоа беше извонредно добро совладана актеркса техника од страна на Шпанецот. Вечерва во Кејптаун, на стадионот „Грин поинт“ пред околу 64 илјади гледачи, панските фудбалери кои ја имаа според квалитетот предноста на својата страна, покажаа и поголема тактичка дисциплина. Голот на одлуката го постигна најдобриот шпански стрелец и нов член на Барселона, Давид Виља кој со четири погодоци се израмни на листата на стрелците со Аргентинецот од Реал Мадрид, Гонзало Игуаин и со веќе елиминираниот Словак Витек. Тоа беше 34-то дерби за Пиринеите во кое Шпанија ја забележа 16-та победа, Португалија остана на пет триумфа а 12 мечеви завршиле без победник. Тоа само посебе покажува дека „црвената фурија“ играше и со традицијата на своја страна, а се чини дека во португалската игра решавачко беше и отсуството на повредениот Деко на средината од теренот од каде се градат акциите за Кирстијано Роналдо. И Португалија имаше добар скор пред мечот, последниот меѓусебен меч го доби на Европското првенство како домаќин, 16 месеци немаше доживеано пораз а на последните девет натпревари немаше примен гол. Меѓутоа, налета на противник кој не попусто е највисоко котиран на обложувалниците како најсериозен кандидат за титулата.Шпанците од самото тргнување од центарот покажаа дека не размислуваат на ништо друго, туку како да постигнат го. Португалскиот голман Едуардо кој вечерва имаше повеќе одлични инервенции веќе во првата минута ја скрати радоста на Шпанците, бранејќи го ударот на Торес од 16 метри. Еудардо и во третата минута ги покажува своите квалитети одбранувајќи го првиот обид на мечот на Давид Виља. Потоа по обратен редослед во седмата и во 12. минута повторно Виља и Торес го загрозуваат противничкиот гол. Во тие моменти се очекуваше во секој момент Шпанците да ја затресат португалската мрежа, но тие ја пропуштија можноста и попуштија со притисокот. Така во 21. минута Икер Касиљс правовремено интервенираше на шутото од 20-ина метри на Тиаго, а до крајот на полувремето Португалија беше на моменти многу подобар противник. Притоа Португалците не искористија во низа три добри можности, но Роналдо, Алмеида и повторно Тиаго не успеаја да постигнат гол.Тоа беше доволен знак дел Боске на полувремето да бара порешителна игра, па неговите фудбалери во второто полувреме целосно го надиграа португалскиот тим. Подобрата игра на крајот беше крунисана со гол во 63. минута. Давид Виља беше блескаво проигран од својот нов клупски колега Чави и луцидно со петица го совлада Едуардо. Притоа, португалскиот голам го одбрани првиот обид на Виља, но тој подготвено ја дочека одбиената топка.Седум минути подоцна Рамос се закани, а во 76. Виља повторно опасно шутира, но вечерва Едуардо навистина бранеше во голема форма. Како што се доближуваше крајот на мечот, Шпанците со куси додавања ги изморуваа противничките играчи кои мораа да го „бркаат“ резултатот но тешко доаѓаа до топката, така што до крајот не успеаја ниеднаш сериозно да му се заканат на Касиљас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

