Свет
Четири загинати во напад на американско беспилотно летало во Пакистан
Четири лица за кои се верува дека се бунтовници, убиени се во понеделникот во бомбардирање на американско беспилотно летало во северозападен Пакистан, соопштија претставници на локалните власти
Две ракети биле истрелани од беспилотно летало врз автомобил во местото Азам Варсак, 15-ина километри западно од градот Вана, главен град на северозападната пакистанска покраина Јужен Вазиристан, на границата со Авганистан. Во ова упориште на талибанските бунтовници и припадниците на Ал Каеда, пакистанската армија презеде пред две години офанзива, и иако се тврди дека исламистичките милитанти претрпеле тешки загуби, сé уште во овој регион се извршуваа операции на пакистанската војска и а чести се и воздушните напади на американските беспилотни летала. Ова е прв напад на беспилотни летала на САД по 12-ти јули кога беа погодени еден автомобил и куќа, при што загинаа шестмина бунтовници во соседната провинција Северен Вазиристан. „Најмалку четворица бунтовници загинаа во бомбардирањето“, изјавил началникот на локалната безбедносна служба.. Бројот жртви во воздушниот напад за AFP го потврдил уште еден неименуван извор од безбедносните служби на Пакистан, но тој не можел да го прецизира идентитетот на загинатите. Податоците за жртвите во судирите и при нападите на беспилотните летала кои ги објавуваат пакистанските безбедносни служби не е можно да се проверат, бидејќи тие региони се под контрола на исламистичките бунтовници. Исто така, во овој регион е забранет и пристапот за новинарите.Областите Северен и Јужен Вазиристан се наоѓаат во ткн. паштунски племенски регион (или со официјален назив – федерално административно управувани племенски области), каде што постојните федерални пакистански закони не важат, и каде што сојузната полиција нема овластувања, туку вистинската моќ е во рацете на племенските водачи и лидерите на семејните кланови. Системот на широка автономија на планинските Паштунски племиња е воспоставена уште од времето кога Пакистан беше колонија на Велика Британија, на почетокот од XX век. По објавувањето на независноста на Пакистан, во 1947 г., овој систем на управување не се измени, зачувувајќи ги привилегиите за паштуните. Денес во племенската зона постојат седум ткн политички заедници – еден вид племенски мини-држави, кои се под пакистанска централна власт: Бајур, Мохманд, Кхибер, Курам, Орказај, Северен и Јужен Вазиристан. Според пакистанските власти и сомневањата на Вашингтон, во овие подрачја засолништа нашле илјадници борци на џихадот кои се бореа на страна на талибаните во соседниот Авганистан.Официјален Исламбад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитет, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор на двете влади. Покрај тоа, пакистанската влада предупредува дека во ваквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти. Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи.Бројката напади што ги извршува САД со беспилотни летала во северозападниот дел од Пакистан е во постојан пораст. Така, според извештаите на медиумите, во минатата 2010 година, американските сили извршиле повеќе од 115 напади во оваа област, при што загинаа меѓу 700 и 900 луѓе. За споредба, во 2009 г. имало 45 воздушни напади во кои загинаа речиси 420 луѓе. Во 2011 година, американските летала извршиле повеќе од 20 ракетирања на цели во северо-западниот дел од земјата. Севкупно, според различни процени, од август 2008 г. во северозападниот дел на Пакистан во нападите на беспилотните летала се убиени повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои и неколку влијателни лидери на милитантите.САД ги засили нападите со беспилотни летала во Вазиристан, откако на 30-ти декември 2009 г. бомбаш самоубиец уби седум агенти на CIA во нивната база во источната авганистанската провинција Хост. Американските власти сметаат дека овие напади се најефикасното оружје против Ал Каеда и талибаните кои се засолнуваат во тешко достапните паштунски племенски региони во високите планини меѓу двете Пакистан и Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во рафинерија за нафта во Хавана
Пожар вчера избувна во рафинеријата за нафта „Нико Лопез“ во Хавана, што ќе ја влоши кризата со гориво во Куба, предизвикана од ембаргото на САД.
Најголемата рафинерија е сместена во пристаништето во Хавана, каде пред два дена пристигнаа два мексикански бродови со повеќе од 800 тони хуманитарна помош.
Сè уште е непознато дали огнот ги зафатил резервоарите за складирање на нафта.
Куба уште од 1962 година е под американско ембарго, поради што земјата е во економска криза, а се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија, недостиг на гориво, лекови и храна. Ситуација се вложи откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе фи стопира сите испораки на нафта за Куба и ќе воведе царини за секоја држава која ќе испорача нафта за Хавана.
Со приведувањето на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на американските сили, Куба го изгуби најважниот сојузник и најголемиот извор на нафта. Повеќе недели на Куба не пристигнал ниту еден танкер со нафта.
Поради кризата со гориво затворени се универзитети, училиштата работат со скратено време, редуциран е јавниот транспорт и е ограничена продажбата на гориво. Исто така и болниците работат со намален персонал.
Трамп минатиот месец изјави дека Куба се движи кон пропаст и ја повика Хавана да склучи договор „пред да биде предоцна“. Тој сака промена на кубанскиот режим.
Обединети нации синоќа изразија загриженост поради кризата на Куба.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.

