Свет
Гадафи повика на џихад против Швајцарија
Либискиот лидер Моамер Гадафи утрово повика на џихад против Швајцарија, со објаснување дека таа е држава на неверници и уништувач на џамиите.
Либискиот лидер Моамер Гадафи утрово повика на џихад против Швајцарија, со објаснување дека таа е држава на неверници и уништувач на џамиите. „Секој муслиман од било кој дел на светот кој соработува со Швајцарија е отфрлен и е противник на пророкот Мухамед, Господ и Куранот“, рече Гадафи на состанокот во либискиот град Бенгази, каде што се одбележува раѓањето на пророкот. Гадафи додал дека муслиманите треба да го спречат слетувањето на швајцарските авиони во исламските земји, пристигнувањето на бродови на швајцарските пристаништа и да ја спречат продажбата на швајцарска стока во продавниците. Швајцарското министерство за надворешни работи немаше коментар за настапот на Гадафи. Односите меѓу Либија и Швајцарија се нарушени во 2008 година, кога синот на Гадафи беше уапсен во Женева и обвинет за малтретирање на хотелски работници. Тој наскоро беше ослободен, но Либија ги прекина испораките на нафта во Швајцарија, повлече милијарди долари од швајцарските банки и уапси двајца Швајцарци кои работеа во Либија./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку двајца загинати и осум исчезнати по уривање на мост во Бразил
Најмалку две лица загинаа, а осум лица се водат како исчезнати откако вчера во Бразил се урна мостот Јуселино Кубичек де Оливеира, долг 533 метри, кој ги поврзува државите Токантинс и Марањао.
Вчера мостот попуштил во раните попладневни часови и бил целосно затворен, а се урнал откако дел од структурата паднала на територијата на државата Маранџао, пренесува порталот Метрополис.
„Националната агенција за транспортна инфраструктура предупредува на целосна блокада на мостот на реката Токантинс. Централниот дел на мостот долг 533 метри се урна напладне”, изјави министерот за транспорт Ренан Фиљо.
Свет
Бајден помилува 37 од 40 затвореници осудени на смрт
Американскиот претседател Џо Бајден им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор, без можност за условно ослободување, во последните чекори пред да му ја предаде власта на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
Потегот на Бајден ќе го загрози планот на Трамп за забрзување на егзекуциите. За разлика од извршните наредби, наследникот на претседателот не може да ги поништи одлуките за помилување.
Трамп иницира федерални егзекуции по речиси 20-годишна пауза за време на неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година. Бајден, кој водеше кампања како противник на смртната казна, ги суспендира федералните егзекуции кога ја презеде функцијата во јануари 2021 година.
Во последните недели тој се соочи со притисок од демократите, противниците на смртната казна и верските водачи, како папата Франциско, да ги ублажи смртните казни на федералните осуденици пред да замине.
„Нека нема сомнеж: ги осудувам овие убијци, жалам за жртвите на нивните одвратни дела и тагувам за сите семејства што претрпеа незамислива и непоправлива загуба“, рече Бајден.
„Но, водејќи се од мојата совест и моето искуство, јас сум повеќе убеден од кога било дека мораме да ја прекинеме употребата на смртната казна на федерално ниво. Постапувајќи со добра волја, не можам да отстапам и да ѝ дозволам на новата администрација да продолжи со егзекуциите што ги застанав“, додаде Бајден.
На почетокот на овој месец Бајден им ги ублажи казните на речиси 1.500 луѓе и помилува 39 други осудени за ненасилни злосторства. Тој исто така издаде целосно и безусловно помилување за својот син Хантер откако претходно велеше дека нема да го стори тоа. Хантер Бајден се изјасни за виновен за даночни прекршувања и беше осуден за обвиненија поврзани со огнено оружје.
Денешната одлука не се однесува на случаи на тероризам или масовни убиства мотивирани од омраза. Не ги вклучува ни тројцата најпознати мажи на смртна казна. Тоа се Џохар Царнаев, осуден за учество во бомбашкиот напад на маратонот во Бостон во 2013 година, Дилан Роф, осуден за пукањето во 2015 година во Африканската методистичка епископска црква „Емануел“ во Чарлстон, Јужна Каролина, и Роберт Бауерс, осуден за масовното пукање во синагога во Питсбург во 2018 година.
Сите тројца поднесоа жалби на своите казни, кои мора да бидат решени пред да се одреди датумот на извршување, во процеси што би можеле да траат со години.
Одлуката на Бајден исто така не влијае на речиси 2.200 затвореници осудени на смрт во државните судови бидејќи тој нема овластување за такви егзекуции. Претседателите обично носат одлуки за помилување кон крајот на својот мандат.
Канцеларијата на јавниот обвинител за помилување, во рамките на Министерството за правда, примила речиси 12.000 барања за помилување за време на мандатот на Бајден, според списокот на адвокати за помилување. Претседателот до 9 декември донесе 161 одлука. Тие се однесуваат на 26 помилувања и 135 ублажувања на казната.
Свет
Не е вистина дека сопругата на Асад побарала развод, велат од Кремљ
Кремљ денеска ги демантира информациите во турските медиуми дека Асма ал-Асад, сопругата на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, која има британско потекло, сака да се разведе и да ја напушти Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли извештаите на турските медиуми, кои сугерираат дека Асад е задржан во Москва и дека неговиот имот е замрзнат.
„Не, тие не соодветствуваат на реалноста“, одговори тој на прашањето за време на конференциска врска дали наводите се вистинити.
Турските и арапските медиуми вчера објавија дека Асма ал-Асад поднела барање за развод во Русија, каде што семејството Асад доби азил овој месец откога бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск.