Контакт

Свет

Отворен оган врз фудбалската репрезентација на Того

Објавено пред

Неколку фудбалери на репрезентацијата на Того се ранети откако врз автобусот во кој се наоѓале бил отворен оган од автоматско оружје.

dobivaj vesti na viber

Неколку фудбалери на репрезентацијата на Того се ранети откако врз автобусот во кој се наоѓале бил отворен оган од автоматско оружје. Репрезентативците на Того се наоѓаат во Ангола, каде што се игра турнир за Купот на Африканските нации. Француската телевизија „ Infosport“ соопштува дека неколку фудбалери се ранети, меѓу нив и некои потешко, додека во нападот бил убиен возачот на автобусот. Телевизијата додава дека врз автобусот било стрелано додека патувал низ регионот Кабинда, во близина на границата со Конго. Од Купот на Африканските нации информираат дека на возилото му пукнала гума и дека не знаат за ников оружен инцидент. Репрезентативците на Того најавија дека нема да играат на Купот на Африканските нации. Того требаше да ги започна натпреварите на Купот во понеделник, кога требаше да се сретне со репрезентацијата на Гана. /крај/бг/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Протести во Нови Сад: граѓаните се собираат, студентите влегуваат во факултетот низ прозорецот

Објавено пред

Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од уривањето на настрешницата на Железничката станица, при што загинаа 16 лица. Граѓаните ќе се соберат и ќе одржат 16-минутно молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата, јавува Н1. По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад.

dobivaj vesti na viber

Во Белград, студентите и учениците на блокада најавија комеморативна прошетка вечерва во 18:30 часот. Родителите, учениците и наставниците протестираат пред Петтата белградска гимназија.

Деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид, влегол во зградата на факултетот низ прозорец со помош на, според очевидци, тројца разбивачи и со асистенција на двајца полицајци.

Неколку студенти влегле и низ прозорецот на факултетот, додека пред влезот граѓаните се расправаат со полицијата, која ги туркала со штитови, пренесуваат српските медиуми.

Подоцна, ситуацијата почнала да се смирува, а студентите и граѓаните сè уште се собираат. Пред зградата на факултетот пристигнале засилувања на полицијата. Покрај Итната полиција, таму има и единица на жандармеријата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, а повеќе од 1.500 се повредени, соопштија официјални лица, додека хеликоптери ги превезуваат ранетите на безбедно од урнатините додека тие бараа преживеани.

dobivaj vesti na viber

Катастрофата ќе го зголеми притисокот врз јужноазиската земја, која веќе се бори со хуманитарни кризи, од нагло намалување на странската помош до присилно враќање на многу нејзини граѓани од соседните земји.

Земјотресот со јачина од 6,0 степени повреди повеќе од 1.500 лица, а уби 622, соопшти Министерството за внатрешни работи на Авганистан, кое е под контрола на Талибанците. Претходно, државната телевизија РТА го објави бројот на жртви на околу 500.

Во главниот град Кабул, здравствените власти соопштија дека спасувачите брзаат да стигнат до оддалечените села расфрлани низ регион со долга историја на земјотреси и поплави.

Во меѓувреме, беше објавена снимка од надзорната камера од разорниот земјотрес.

Силното тресење е снимено од надзорна камера во покраината Кунар, која многу настрада во земјотресот.

Објавено е уште едно видео од Авганистан, но не е прецизирано каде точно е снимено.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Најмалку 600 загинати во силниот земјотрес во Авганистан

Објавено пред

Од

Стотици луѓе загинаа и се повредени во земјотресот со јачина од 6,0 степени што ја погоди североисточната покраина Кунар во Авганистан, соопштија денес властите, додека спасувачите пребаруваат низ урнатините на домовите за преживеани. Најновите бројки покажуваат дека бројот на жртви е најмалку 610, а повеќе од 1.500 се повредени.

dobivaj vesti na viber

„Бројот на починати и повредени е голем, но бидејќи областа е тешко достапна, нашите тимови се сè уште на терен“, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Шарафат Заман.

„Стотици повредени лица се однесени во болница“, изјави портпаролот на покраината, Наџибулах Ханиф, а бројот на жртви веројатно ќе се зголеми како што пристигнуваат извештаи од пооддалечени области.

Спасувачите работат во неколку области на планинската покраина каде што се случи полноќниот земјотрес на длабочина од 10 километри, соопштија официјални лица.

Авганистан е склон кон смртоносни земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча. Серија земјотреси на запад минатата година убија повеќе од илјада луѓе, што ја истакнува ранливоста на една од најсиромашните земји во светот на природни катастрофи.

Спасувачките екипи се соочуваат со огромни предизвици. Тоа е тешко пристапна планинска област со ограничени комуникациски врски, поради што информациите од терен пристигнуваат многу бавно. Локалните власти изразија страв дека бројот на жртви би можел да достигне стотици.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од последователните земјотреси што продолжуваат да ја тресат погодената област. Спасувачките напори се попречени и од тесните планински патишта, од кои многу сега се блокирани од лизгање на земјиштето предизвикано од земјотресот. Владата под контрола на Талибанците упати апел за помош до меѓународните организации со цел што поскоро да се санираат последиците од оваа природна катастрофа.

Снимките од телевизијата Ројтерс покажаа хеликоптери кои ги превезуваат погодените, додека жителите им помагаат на војниците и болничарите да ги пренесат ранетите до амбулантните возила.

„Досега, ниедна странска влада не понуди поддршка во спасувачките или хуманитарните операции“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, а повеќе од...

Европа2 часа

(Видео) Путин: Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија2 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија2 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет3 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет4 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет4 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија4 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија15 часа

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија15 часа

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...

Македонија17 часа

Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат...

Топ19 часа

Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР...

Македонија21 час

Утре почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има...

Регион23 часа

Поевтини цени на околу 25 видови производи ќе има во Србија во следните шест месеци

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи...

Свет1 ден

Момче загина од мина обидувајќи се да ги врати козите, неговата професорка напиша емотивна порака

Вчера, 19-годишниот Мехмед Хасанамиџиќ го загуби животот во населбата Хоџиќи во Добој. Според извештаите, младиот човек влегол во обележаното минско...

Македонија1 ден

Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје

Вчерашното невреме што го зафати Скопје предизвика бројни проблеми и материјални штети во различни делови на градот. На бројот за...

Скопје2 дена

(Видео) Вистинска драма кај „Борис Трајковски“, евакуација на публика, 9 полицајци завршија во болница

Попладнево околу 16 часот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје изби пожар кој предизвика паника кај учесниците...

Скопје2 дена

Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани

Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе...

Регион2 дена

(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје...

Скопје2 дена

(Фото) Скопје на удар на невреме, силен ветер, паднати дрва, пожари во делови од градот

Скопје се соочува со нестабилни временски услови во текот на денешниот ден. Во моментов, во градот дува многу силен ветер,...