Свет
Во Њујорк уапсени две лица во терористичката истрага за Наџибулах Зази

Две момчиња од Квинс биле уапсени во петок наутро, заради тоа што во 2008 г. престојувале во Пакистан и заедно Зази, обвиент за бомбашки заговор на Ал Каеда во септември 2009 г., објави FBI
Двете момчиња, 25-годишниот Адис Медуњанин со потекло од Босна и Херцеговина и една година помладиот Зареин Ахмеџај од Авганистан биел под полициски надзор од моментот на отворање на истрагата која доведе до подигнување обвинение против возачот на автобус од аеродромот во Денвер, 14-годишниот Наџубулах Зази, пренесува The New York Times.Обвинението против двајцата кои се школувале на колеџот Флашинг, како и Зази, се’ уште не се објавени, а се очекува тоа да биде сторено до крајот на денот кога треба да бидат изведени прес сојузниот судија во Бруклин. Адвокатот на Бошњакот Медуњанин, Роберт Готлиб, негира дека неговиот клиент имал каква и да е улога или поврзаност во заговор или некое друго кривично дело. Готлиб ги обвини американските власти дека на нему и на семејството на уапсениот не им дозволуваат контакт со него. Адвокатот пред медиумите нагласил дека секоја изјава земена од Медуњанин на овој начин не би била валидна. Таткото, пак, на Авганистанецот Ахмеxај изјавил дека неговиот син нема адвокат. Момчињата биел уапсени по полноќ во петок, соопштило Бирото, откако претходно агентите го заплениле пасошот на Медуњанин во станот на неговото семејство во квартот Флашинг. Полицијата соопшти дека тој потоа следен од агентите на FBI учествувал во сообраќајна незгода. Според судските акти на кои се повикува весникот, Зази кој исто така потекнува од Авганистан, во истрагата признал дека во 2008-та во Пакистан минал низ обуката на Ал Каеда за ракување со оружје и експлозив. Меѓутоа, тој негирал дека учествувал во бомбашкиот заговор чија цел бил терористички напад во Њујорк точно на годишнината на нападите врз Светскиот трговски центар од 11-ти септември 2001 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Крајот на специјалната воена операција во Украина ќе биде поблизок доколку пристигнува помалку оружје од Западот

Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината на западно оружје што ќе го добие Киев, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето со оружје на Украина и дека „забележува одредени проблеми“.
„Колку помалку ракети пристигнуваат во Украина од странство, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“, истакна Песков.
Претходно, како што објави РИА Новости, порталот „Политико“ пишуваше за привременото запирање на испораките на муниција и оружје од САД за Украина, поради исцрпувањето на американските залихи.
Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди за NBC дека имало прекин во испораките, наведувајќи дека одлуката е донесена за да се заштитат интересите на Америка како приоритет.
Исто така, републиканскиот конгресмен и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Брајан Фицпатрик, побара итен брифинг од Белата куќа и Пентагон во врска со прекинот на воените испораки на Киев.
Коментирајќи ги овие наводи, Песков изјави дека „се чини дека (американската) индустрија не успева да произведе доволен број ракети, особено затоа што големи количини беа испорачани во Израел и Украина, а испораките сè уште се во тек“, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата, пренесува Танјуг.
Свет
Мерц ја повика ЕУ на итен договор со Америка за царините

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повика Европската Унија што е можно побргу да постигне договор со Соединетите Американски Држави за решение на трговскиот спор поврзан со царинските давачки предупредувајќи дека остануваат само неколку дена за постигнување договор.
Зборувајќи на банкарски состанок во Берлин, Мерц истакна дека неуспехот да се реши спорот може да ги загрози клучните сектори на европската економија, вклучувајќи ги автомобилската индустрија, челичарниците и фармацевтските компании, објави „Ројтерс“.
„Европа мора сериозно да се соочи со можноста САД да ја омекне својата посветеност на трансатлантската соработка.
Постојат оправдани сомнежи дали ќе продолжиме да споделуваме заеднички интереси на долг рок“, рече Мерц, пренесува „Танјуг“.
Свет
(Видео) Пукање во Чикаго: има загинати и повредени

Повеќе лица биле застрелани на забава за промоција на албум во Чикаго, пренесуваат медиумите во регионот.
Извештаите што кружат на социјалните мрежи велат дека луѓе биле застрелани во ресторан и салон на авенијата Вест Чикаго во населбата Ривер Норт за време на забавата за раперот Мел Бакз.
Wild West of some kind.
Chicago, Illinois.
12 people were shot in an intense shooting at a nightclub between Chicago and Franklin Avenues. pic.twitter.com/dnCJXpDcWX— Argonaut (@FapeFop90614) July 3, 2025
Најмалку три лица се убиени, а 16 се повредени, објави Си-би-ес повикувајќи се на локалните власти.
Службеник на градот изјави дека 19 лица биле застрелани во автомобили, од кои тројца смртно, според извештајот.
Портпаролот на полициската управа во Чикаго, Хулио Гарсија, изјави дека дополнителни информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни, но не го прецизира бројот на повредени или точната локација на инцидентот, објави „Ројтерс“.
Портпаролот на медицинската болница „Нортвестерн“, Крис Кинг, потврди дека одделот за итни случаи ја проценува состојбата на неколкумина повредени, но не можеше да го прецизира точниот број на лица примени на лекување или нивната моментна здравствена состојба.