Спорт
Манју во трка по младиот Варан
Манчестер Јунајтед се обидува да го придобие 18-годишниот центархалф на францускиот Ленс, Рафаел Варан
Со оглед на тоа што Ленс оваа година испадна од првата француска лига, извесно е дека талентираниот Варан ќе ја смени средината иако има договор до 2015 година.Но Англичаните ќе мора подлабоко да брцнат во касата бидејки за Рафаел Варан се заинтересирани и Јувентус, Барселона и Борусија од Дортмунд. Сер Алекс Фергусон сепак смета дека Варан ќе се одлучи за Манчестер јунајтед бидејки во разговор со фудбалерот му ветил дека ќе има солидна минутажа во црвениот дрес
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.
Спорт
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
Три клуба од Евролигата покажале сериозен интерес за најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитирјевиќ.
Димитријевиќ неодамна ја доби наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната, во ВТБ лигата. Сезоната ја заврши со просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки по натпревар.
Пред две недели турнските медуми објавија дека Фенербахче е сериозно заинтересиран за Димитријевиќ. Во неделата, се појави информацијата на „Република Болоња“ дека за Македонецот се интересираат најдобрите италијански тимови, Олимпија Милано и Виртус Болоња.
Извесно е дека Димитријевиќ следната сезона ќе го гледаме во Евролигата.
Спорт
Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци
Најмалку 155 полицајци се повредени во нереди на навивачите на натпреварот меѓу Динамо Берлин и Енерџи Котбус во германската четврта лига, соопшти берлинската полиција.
Полицијата соопшти дека при вдишување на солзавецот испукан од полицијата за да се спречат немирите се повредени 43 градски и 73 федерални полицајци, телесно се повредени 28 федерални полицајци, а 11 од нив се здобиле со рани од пиротехнички средства.
Tog en promenad till Hohenschönhausen för att se BFC Dynamo – Energie Cottbus med ett gäng norrmän. Stökigt både under och efter match. pic.twitter.com/NwSCp3xSeZ
— Ryström | hahohe (@rystromj) May 4, 2024
„Билд“ наведува дека се уапсени 74 навивачи, а против 62 е поднесена кривична пријава, меѓу другото, за „нарушување на мирот, физички напади врз органите на прогонот и давање отпор при апсење“.
Натпреварот беше прекинат во 20. минута поради тепачка на трибините, при што навивачите на Динамо запалија шалови и знамиња со симболите на ривалскиот тим.
Во соопштението се додава дека навивачите пукале со пиротехнички средства кон полициските сили и редарите кои стоеле во близина на теренот, по што припадници на безбедносните сили влегле на трибините и се обиделе да ги приведат навивачите.
04.05.2024🇩🇪BFC Dynamo away against Energie Cottbus https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/8Cbjf0lsh1
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 4, 2024
Енерџи Котбус победи со 2:0, а судирите меѓу навивачите продолжија и по натпреварот, пишува „Билд“. Котбус остана лидер во поредокот на две кола пред крајот, со два бода повеќе од Грајсвалд, со големи шанси за враќање во третата лига.