Македонија
Македонија со мали шанси за датум
Министрите за надворешни работи на Европската унија(ЕУ) во понеделник во Брисел одржуваат состанок на кој ќе стане збор за идното проширување на Унијата.Засега не е познато дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, или шефовите на
Министрите за надворешни работи на Европската унија(ЕУ) во понеделник во Брисел одржуваат состанок на кој ќе стане збор за идното проширување на Унијата.Засега не е познато дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, или шефовите на европските дипломатии ќе изнајдат формулација да не предизвикаат разочараност во Македонија, но истовремено, да го исполнат и грчкото барање за блокада се додека не се реши проблемот со името.Според шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар, ако Грција не дозволи да се отворат преговори со Македонија наредната недела, таа ќе мора да даде многу солидни гаранции дека преговорите ќе се случат в година. Тој смета дека ќе мора да се најде начин во Македонија да се одржи европскиот ентузијазам и да спречи голем бран разочарување, затоа што ЕУ не успеала да постигне договор со кој Македонија би почнала преговори за членство.Европските амбасадори задолжени за Балканот в понеделник повторно ќе се обидат да го прецизираат заклучокот што министрите треба да го усвојат, бидејќи тоа не успеаја да го постигнат во петокот.Ниту македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кој во петокот учествуваше во работата на министерската средба на НАТО, не гледа суштински напредок во грчкиот став кон преговорите.Во Брисел продолжуваат дипломатските активности за излез од непријатната ситуација во која се најде Унијата, по најавите за нова грчка блокада.Иако повеќето дипломати изјавуваат дека спорот со името не треба да биде пречка на патот на Македонија кон ЕУ, сепак, крајниот заклучок е дека без решено име нема помрднување од мртвата точка.Она што се очекува дека ќе се случи е во заклучокот Македонија да се пофали за реформите, да се признае дека препораката на ЕК е заснована врз реформски напредок, а ќе се инсистира на добрососедство.Многу дипломати го споменуваат мартовскиот состанок помеѓу Балканот и ЕУ во Мадрид како можен датум на кој би се донела саканата одлука за преговори, но и тоа не е извесно. /крај/ме/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)
Македонија
Граѓаните со можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување: советодавни денови помеѓу Фондот на ПИОМ и германскиот носител за пензиско осигурување
На 18 и 19 ноември 2025 година во Скопје ќе се одржат редовните советодавни денови помеѓу претставници на Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување.
Во рамките на советодавните денови граѓаните ќе имаат можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување кои произлегуваат со примената на Договорот за социјално осигурување склучен помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија.
„Граѓаните ќе може да се информираат за условите за остварување на право на пензија, според правните прописи на двете држави договорнички, постапката за потврдување на стаж навршен во СР Германија, потребната документација при поднесување на барање за остварување право на германска пензија, постапката за враќање на придонеси, исплата на германска пензија во Северна Македонија и други прашања.
Заинтересираните странки термин може да закажат на следните телефонски броеви: 02 3250 452, 02 3250 453 и 02 3250 454
Фондот на ПИОМ ги известува странките дека со себе треба да ги понесат доказите за осигурувањето во СР Германија, како и документ за идентификација (лична карта или пасош).
Советодавните денови помеѓу Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување ќе се одржат во просториите на Фондот на улица „23 Октомври“ бр 11, во Скопје, во салата за состаноци на четвртиот спрат во следните термини: 09 до 12 и 14 и 15 до 16 часот на 18 и на 19 ноември 2025 година“.
Македонија
Тероризмот е закана која бара одлучен, заеднички и координиран одговор: Пратеничка група на Собранието со израелската амбасадорка
Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на државата Израел оствари средба со израелската амбасадорка Вивиен Ајзен и Амира Халперин, виш научен соработник за БИКОМ.
Претседателката на пратеничката група, Рашела Мизрахи, истакна дека средбата е уште една потврда за силните и пријателски односи со Израел, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година.
Израел е клучен партнер на НАТО преку Медитеранскиот дијалог, и овие мултилатерални канали се важна платформа за размена на информации и заедничко дејствување против тероризмот. Потенцијалот во продлабочувањето на соработката со Израел токму во областа на безбедноста и борбата против тероризмот, е огромен и високо се цени врвната експертиза и напредната технологија што Државата Израел ги поседува во безбедносните области.
„Живееме во време на исклучително сложени глобални безбедносни предизвици. Радикализмот, насилниот екстремизам и тероризмот се закани кои не познаваат граници и бараат одлучен, заеднички и координиран одговор. Иако Собранието е институција која не типично асоцира на дискусии околу безбедносни прашања, сепак верувам дека токму во овој дом треба да се креираат политиките за безбедносниот систем на државата“ – истакна Мизрахи.
Во фокусот на средбата беше презентацијата на Халперин за терористичките закани во Велика Британија и неуспехот на политиките во борбата против тероризмот. Таа зборуваше за глобалните закани од тероризам, за терористичките групи кои дејствуваат глобално, како Хамас, ИСИС, Ал Каеда, за нивното влијание и продор во повеќе сектори, за поддршката од студенти и професори на многу универзитети.
Амбасадорката Ајзен и Халперин ставија акцент на антисемитизмот и во тој контекст беше нагласена скапата пропаганда и важноста од подигањето на општествената свест, потребата од едукација и меѓусебна соработка во борбата против тероризмот
Од присутните беше изразено разбирање за виталните интереси на Израел и неговото право на самоодбрана од терористички закани, што беше недвосмислено изразено и преку осудата на нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година.

