Свет
МПЦ и Владата со различни оцени за вратениот имот на Црквата
Владиците незадоволни од бавноста во спроведувањето на денационализацијата
Владиците незадоволни од бавноста во спроведувањето на денационализацијата
Актуелната власт ни оспорува 70 насто од она што ни беше вратено во Пелагониско- преспанската епархија, тврди владиката Петар
Билјана Јовановска
Македонската православна црква не е задоволна од бавноста со која ? се враќа денационализираниот имот и има генерална забелешка дека во одделни епархии вратеното е симболично. Владата, пак, посочува официјални податоци според кои од 161 пристигнато барање, позитивно е одговорено на 70, додека другите се во постапка.
Во Преспанско-пелагониската епархија, вели надлежниот митрополит г. Петар, не само што е вратен само мал дел туку актуелната власт ни ја оспорува сопственоста на 70 насто од имотот кој ни е вратен. Ни се бараат дополнителни тапии за имотот кој е одземен по Втората светска војна, за кои не биле издавани реверси, а имаме сознанија дека власта дури и ја крие документацијата која ? е доставена. Таков бил случајот со имотот во Демир Хисар, за кој барањата биле доставени во дебела фасцикла, за сега документацијата да се сведе на две-три ливчиња. На некои службеници, пак, им било речено да не им даваат поконкретни документи за имотот кој го побарувале старешини од Македонската православна црква, тврди владиката Петар. Во Преспанско-пелагониската епархија неспорна е зградата на поранешната општина во Битола, на локалната единица на Министерството за образование и зградата до неа, потоа ректорската и уште една куќа. Овој дел од имотот власта не ни го оспорува, појаснува митрополитот и додава дека затоа, пак, с? уште се одолжува враќањето на објекти кои се сопственост на МПЦ, а кои се во владение на државата. Во тој контекст, г. Петар ја посочува зградата на Универзитетската библиотека во Битола, објектот во кој е сместено седиштето на ВМРО-НП, потоа онаа на Основното училиште "Кирил и Методиј"…
Во Дебарско-кичевската епархија или, поконкретно, само во Охрид, каде што МПЦ има околу 80 барања за враќање на денационализираниот имот, според надлежниот архијереј г. Тимотеј, "вратено е нешто што не заслужува внимание, додека од капиталниот манастирски имот с? уште нема ништо". Станува збор за имотот кој им припаѓа на манастирите "Свети Наум", "Св. Стефан", "Св. Спас", "Богородица Перивлепта"… Впечатокот, вели владиката, е дека нема желба и добра волја да ни се врати имотот.
Слична е и состојбата во Скопската епархија, каде што МПЦ го побарува земјиштето на кое се изградени значајни објекти – дел од Градскиот трговски центар, претседателската резиденција на Водно, парцелите на кои се наоѓаат Комерцијална банка, Македонскиот народен театар, паркингот спроти "Холидеј ин"…
Во однос на враќањето на имотот најдобро поминале Струмичката и Брегалничката епархија, каде што позитивно се решени речиси сите побарувања. Во Струмичката епархија, манастирскиот комплекс Водоча е вратен меѓу првите, поточно непосредно по осамостојувањето на државата, додека сега се во постапка за враќање уште дел од пасиштата, земјоделско земјиште и шуми.
Наспроти ваквите тврдења на одделни владици, во Владата го говорат спротивното. За решавање на прашањето на денационализираниот имот, вели Марјан Ѓуровски, советник за односи со јавноста во Кабинетот на премиерот, по иницијатива на Владата, а во соработка со МПЦ, формирана е заедничка работна група која го разгледува секој предмет, а преку своите служби, Владата дури ? помага на МПЦ во надминувањето на одредени правни недоследности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

