Дијаспора
Македонската дијаспора е значајна за промоција на земјата

Македонската дијаспора е значајна во промоцијата на македонските интереси, истакна премиерот Никола Груевски, при средбата со претставници на иселениците во Њу Џерси, САД, и вети дека во идниот период ќе продолжи да ги остварува заложбите за унапредување на соработката со иселениците
Груевски ја истакна и значајноста на финансиските контрибуции кои македонските иселеници ги упатуваат на членовите на нивните семејствата кои живеат во нашата земја, и истакна дека иселениците се значаен сегмент од македонската нација кои служат како мостови за соработка во земјите во кои живеат.Премиерот Груевски истакна дека Владата го втемели правото на глас на иселениците, и се заблагодари на претставниците на македонската дијаспора за промовирањето на Македонија.„Благодарен сум ѝ за поддршката што секаде каде што можете, а тоа ми е потврдено од многу ситуации и информации, лобирате за Македонија, го ширите добриот глас за Македонија, и тоа многу значи. Не е единствено важно тоа некој да го направи во Обединетите нации или во Белата куќа или во некои центри, тое е секако многу важно, но многу е важно, исто така, и ширењето на добриот глас за Македонија насекаде, на секое место, и тој добар глас што се шири за Македонија да стекнува што е можно подобар имиџ“, рече Груевски.Се осврна и на проектите кои се спроведуваат, а во чиј фокус се македонските иселеници, како што е проектот преку кој членовите на дијаспората на ефикасен начин може да ги добиваат потребните документи кои ги издаваат надлежните органи на Република Македонија. Премиерот ги информираше присутните и за реформите кои се спроведуваат во земјата, и истакна посветеност за градење на натамошни заеднички активности со дијаспората.Македонските иселеници позитивно ги доживуваат средбите со претставниците на македонската влада и од нивна страна активно работат на промоција на Македонија, посочија нивните претставници.„Драго ми е што премиерот и другите претставници на нашата Влада дојдоа да нé посетат тука. Ова не е првпат, но не и последен, се надевам дека ќе бидат и почести ваквите посети, ќе не сплотат, значи нема да се чувствуваме сами тука, ќе знаеме дека нашата влада мисли на нас затоа што и ние мислиме на Македонија, постојано и ја посетуваме Македонија. Ја промовираме, каде што ќе најдеме, и јас и мојата фамилија ја промовираме нашата држава, и носиме и луѓе да ја посетат, покажуваме слики, настани, покажуваме и културни збиднувања што се случуваат во Македонија“, изјави Никола Попоски, кој во Њу Џерси работи како професор во средно училиште.Иселениците упатија благодарност до владината делегација за постојаната комуникација иселеништвото и за реализацијата на проекти кои се од интерес за дијаспората, истакнувајќи дека и во следниот период тие активно ќе дејствуваат со цел поддршка на политиките на Владата за привлекување на странски инвестиции.„Македонската заедница, овде во регионот на Њу Џерси, Њујорк и Конектикат се труди максимално за остварување на контакти со бизнисмени коишто се дел од оваа заедница, да се овозможи тие сé повеќе да инвестираат во Македонија и сé повеќе да остваруваат бизнис контакти со претставниците на бизнис секторот во Македонија“, рече Горан Митевски, стопанственик од Њу Џерси./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Дијаспора
Муцунски се сретна со македонските иселеници во Шведска

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, се сретна со претставници на дијаспората и со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во Шведска.
„Посетата на црквата ’Св. Наум Охридски’ во Малме и средбата со македонската заедница, како прв министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија во оваа црква, беа можност за разговор за нивните иницијативи, предизвици и очекувања. Се разговараше и за владините политики насочени кон унапредување на односите со дијаспората, при што беше потврден значајниот придонес на македонската заедница во јакнењето на односите меѓу двете држави. Во шведскиот град Трелеборг, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, министерот Муцунски се сретна со македонски стопанственици кои успешно делуваат во Шведска. Во фокусот на средбата беа можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, јакнењето на економската соработка и активната улога на дијаспората во економскиот развој на државата“, известија од Министерството за надворешни работи.
Утре министерот Муцунски предвидено е да има средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергрард.
Дијаспора
Муцунски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот.
„Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој е гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ напиша Муцунски во објавата на социјалните мрежи. Тој натпреварот го проследи заедно со неколку успешни македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.
Посетата на Австралија е можност за зајакнување на врските со нашите иселеници, кои имаат значајна улога во градењето мостови на соработка. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн, истакнувајќи дека црквите се важен столб за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.
Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA), водечка организација во Австралија посветена на обезбедување индивидуализирана грижа за постари лица, со акцент на културната компетентност и инклузивноста. Како заеднички ориентирана организација, MCWA нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи програми за добросостојба и рехабилитација, следејќи ги најдобрите практики и регулаторни стандарди.
Дијаспора
Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.
Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.
“Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.
Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.
“Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.
Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.