Спорт
Бостон намали против Мајами, Мемфис води против Оклахома
Екипата на Бостон намали на 2:1 во полуфиналната серија на Истокот во НБА лигата, додека Мемфис, во западното полуфинале поведе против Оклахома со 2:1.
Екипата на Бостон намали на 2:1 во полуфиналната серија на Истокот во НБА лигата, додека Мемфис, во западното полуфинале поведе против Оклахома со 2:1. Бостон по двата порази на Флорида, во првиот натпревар на домашен терен го победи Мајами со 97:81, за намалување на предноста на „жешките“ во меѓусебните дуели на 1:2. Тандемот, Пол Пирс и Кевин Гарнет со 27 односно 28 поени го предводеше Бостон до убедливата победа. Двејн Вејд со 23 поени, 6 скока и 7 асистенции беше најекспониран во редовите на Мајами, каде Леброн Џејмс постигна скромни 15 поени. Мемфис, во првиот натпревар од серијата против Оклахома кој го одигра на домашен терен, во продолжението забележа победа од 101:93. Кошаркарите на Мемфис до победата стигнаа откако успеаа да го надополнат минусот од 16 поени, во последните 22 минути од натпреварот играчите на Мемфис постигнаа 49 поени, а примија само 25. Зек Рендолф со 21 поен и 21 скок беше лидер на Мемфис, каде по 18 поени постигнаа О Џеј Мејо и Мајк Конли. Оклахома ја предводеа Расел Вестбрук со 23 и Кевин Дурант со 22 поени, но тандемот постигна само 8 поени во последната четвртина и продолжението. Натпреварите број четири од овие две полуфинални серии ќе се одиграат во ноќта помеѓу понеделник и вторник. крај/nba.com/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рубен Аморим го пречкртал Кристијан Ериксен
Веднаш штом Рубен Аморим стана нов тренер на Манчестер јунајтед, јасно беше дека во јануарскиот рок ќе се обиде максимално да го прилагоди ростерот на сопствената визија што значи дека некои играчи ќе го напуштат клубот, особено оние на кои договорите им истекуваат на крајот од сезоната.
Германскиот инсајдер Флоријан Платенберг тврди Јунајтед нема да му понуди нов договор на Кристијан Ериксен, што значи дека во јануари ќе се обидат да го продадат за клубот да добие барем некаков вид компензација.
Аморим сака освежување на сите позиции во средниот ред , наводно го сака во тимот Даглас Луиз. Бразилецот е незадоволен во Јувентус, бидејќи не успева да се снајде во системот на Тијаго Мота.
Ериксен пристигна во Јунајтед летото 2022 година, една година откако доживеа срцев удар на ЕП, а во меѓувреме половина сезона ја мина во Брентфорд, каде му се врати на фудбалот.
Спорт
Даглас Луиз сака да се врати во Премиер лигата
Даглас Луиз не успева да се наметне во Јувентус. Клубот летово за неговиот трансфер на Астон Вила и плати 52 милиони евра, засега Бразилецот делува како промашена инвестиција.
Бразилецот забележа само девет настапи во сите натпреварувања, само два пати беше стартер, а на теренот мина скромни 312 минути.
Јуве го купи откако одигра изворедно минатата сезона и беше еден од најзаслужните за пласманот на Астон Вила во Лигата на шампионите. Минатата сезона кај Унаи Емери имаше учинок од 10 гола и исто толку асистенции.
Според медиумите, Бразилецот бил подготвен Јувентус и да се врати во Премиер лигата, но операцијата нема да биде едноставна.
Јувентус не сака да го пушти на позајмица, ниту да има голема загуба ако го продаде, поради што се поставува прашањето кој ќе плати 40+ милиони за неговиот трансфер.
Спорт
(Видео) Шок на „Монжуик“, Лас Палмас ја победи Барселона
Фудбалерите на Лас Палмас го шокираа лидерот Барселона, во 15.коло победија на „Монжуик“ со 2:1.
Барса подобро го отвори натпреварот, но долго време не успеваше да создаде сериозна шанса.
Во 22. минута натпреварот беше прекинат поради повреда на левиот бек на домашниот тим Алехандро Балде. Шпанецот беше во дуел со десниот бек на Лас Палмас, Вити Росада, пред да се пожали на болки и да го заврши учеството на натпреварот.
Избраниците на Ханси Флик продолжија со нападите и успеаја да ја затресат мрежата во 44. минута. Рафиња го матираше Силесен откако Холанѓанецот го одбрани ударот на Педри, но голот беше поништен поради офсајд.
Во судиското надополнување на првиот дел, Рафиња повторно се закани – шутираше по контранапад, но ја погоди гредата и на пауза остана без голови.
На стартот од вториот дел шанса доби добитникот на Ламин Јамал, првпат по повредата што ја заработи на натпреварот против Црвена звезда.
Четири минути подоцна Лас Палмас поведе. Хавиер Муњоз и Квиријан Родригез со молскавична комбинација му ја донесоа топката на Сандро Рамирез, кој го погоди спротивниот агол од голот на Пења.
Барселона беше подобриот противник во преостанатиот дел од натпреварот, изедначија по еден час игра, кога Рафиња од 20 метри упати неодбранлив удар.
Во 67. минута Лас Палмас повторно поведе, Муњоз „магична“ дијагонала до напаѓачот Фабио Силва, а поранешниот напаѓач на Порто и Вулверхемптон ја круниса со брилијантна реализација.
Барселона напаѓаше до крајот на мечот, но без успех. Лидерот го запиша третиот пораз во Примера. На последните три натпрвари Барселона освои само еден бод, пред овој пораз, загуби од Реал Сосиедад и одигра нерешено со Селта.