Свет
Гордон Браун сведок во истрагата за Ирак

Британскиот премиер Гордон Браун ќе се појави како сведок пред членовите на комисијата што ја води истрагата за воената интервенција во Ирак и за учеството на Британците во војната, на почетокот на следниот месец, соопшти претставник на Комисијата.
Сведочењето на актуелниот премиер во март е промена на календарот за комисијата, која претходно објави дека Браун, како и министерот за надворешни работи Дејвид Милибанд и на министерот за меѓународен развој Даглас Александар, ќе се појават како сведоци во истрагата по завршувањето на годинешниве парламентарни избори, што треба да се одржат на почетокот на мај.Аргументот на комисијата беше дека ирачката интервенција не би требало да се користи во предизборната кампања и дека затоа е подобро сегашниот премиер да се појави по изборите, а неговиот претходник Тони Блер да сведочи на почетокот на годинешнава сесија. Промената е извршена под притисок на опозицијата и откако Браун со писмо го информираше раководителот на истражната комисија Џон Цилкот дека е подготвен „во секој момент“ да сведочи.Во дебата во Долниот дом, Браун од опозицијата беше обвинет дека „бега од истрагата“, дека се крие зад Блер и дека целата вина ја префрла врз него. Според пратениците на опозицијата, Браун како министер за финансии и најмоќен човек во владата, по тогашниот премиер, е исто толку „вмешан во војната“ колку и Блер, затоа што ги „потпишувал чековите“ за воената интервенција.Премиерот Браун објасни дека тој застанал зад одлукта за британско учество во интервенцијата и дека и сега верува во исправноста на тоа решение. Неговото признание меѓутоа не ја доби гласноста во медиумите, колку што тоа го имаше тврдењето на поранешната министерка Клер Сорт, блиска до актуелниот премиер, за тоа дека Браун бил „маргинализиран и тргнат настрана“ од Блер и „неговото друштво“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на моторот. Авионот превезуваше повеќе од 250 патници и членови на екипажот, објави „Индипендент“.
🇬🇧🇨🇳🇷🇺 A Boeing airplane flying the London — Beijing route made an emergency landing in Nizhnevartovsk.
“The Air China flight from Beijing to London decided to land at a reserve airfield in Russia due to a malfunction of one of the engines” — Rosaviatsia, Russians aviation… pic.twitter.com/xjBc6a2llT
— Lord Bebo (@MyLordBebo) August 26, 2025
Боингот 777, кој полета од Лондон синоќа во 22:43 часот, беше принуден да слета на аеродромот Нижневартовск во регионот Ханти-Мансијск во Русија. Според „ФлајтАвер“, авионот слета околу 8:17 часот по локално време, околу пет и пол часа по почетокот на своето патување.
Руската агенција за цивилно воздухопловство, Росавијација, го потврди инцидентот. „За време на летот од Лондон до Пекинг, екипажот на авионот „Боинг 777-300“ на „Ер Чајна“ одлучи да слета на алтернативен аеродром во Русија“, се вели во соопштението. „Ројтерс“ објави дека прелиминарната причина е дефект на моторот.
Passengers on the London–Beijing flight that made an emergency landing in Nizhnevartovsk (Russia) have been sitting on the plane for more than three hours.
The Air China Boeing 777-39L(ER) landed in the Russian city after one of its engines failed. According to the outlet Baza,… pic.twitter.com/MM4aT4hCNX
— Russian Market (@runews) August 26, 2025
Агенцијата додаде дека „Ер Чајна“ ќе испрати резервен авион во Нижневартовск за да можат патниците да го продолжат своето патување до Пекинг подоцна во текот на денот. Летот CA856 помеѓу Обединетото Кралство и кинескиот главен град обично трае повеќе од девет часа.
Британското Министерство за надворешни работи моментално советува да не се патува во Русија поради ризиците поврзани со нејзината инвазија на Украина. Сè уште не е познато колку британски државјани биле на летот.
фото: принтскрин
Европа
(Фото) Украински дрон се урна во Естонија

Украински борбен дрон се урна во Естонија, соопштија властите денес, во инцидент за кој се верува дека се случил во недела наутро.
„Тоа беше украински дрон кој нападна руски цели. Нема докази дека станува збор за руски дрон“, изјави Марго Палосон, раководител на естонската Служба за внатрешна безбедност, за естонското радио ЕРР. Според извештаите, ова е прв ваков инцидент во Естонија.
A Ukrainian military drone veered off course and crashed in Estonia. Authorities say they have no claims against Ukraine.
Wreckage and a blast crater were found in Tartu County. According to officials, the drone was likely Ukrainian.
Margot Pallonen, head of the Internal… pic.twitter.com/YHvhI0bw3a
— NEXTA (@nexta_tv) August 26, 2025
Украина нападна руски терминал за нафта и гас во балтичкото пристаниште Уст-Луга, во близина на естонската граница, во саботата навечер. Во понеделник, земјоделец во округот Тарту во Естонија пронашол остатоци од борбен дрон на својата нива, рече Палосон. Исто така, бил видлив кратер од експлозија.
Не е јасно дали дронот дошол од латвискиот или рускиот воздушен простор. Употребата на дронови во војување може да претставува закана за соседните земји.
Во последните месеци, руски дронови влегоа во воздушниот простор на Полска, Литванија и Латвија преку Белорусија, руски сојузник. Слични инциденти се пријавени во Романија и Молдавија.
фото: принтскрин
Свет
Данска не ја исклучува можноста за признавање на Палестина

Данска не ја исклучува можноста за признавање на палестинска држава, под услов таа да биде демократска држава, изјави денес данската премиерка.
„Ние не велиме ‘не’ за признавање на Палестина како држава“, изјави Мете Фредериксен на прес-конференција.
„Долго време сме за ова. Тоа е она што го сакаме. Но, очигледно, мора да се осигураме дека тоа е демократска држава“, додаде таа.
Данската јавност бара признавање и крај на војната
Во неделата, повеќе од десет илјади Данци излегоа на улиците барајќи крај на војната во Газа и Данска да признае палестинска држава.
Во интервју за дневниот весник „Јиландс-Постен“ кон средината на август, Фредериксен рече дека „Нетанјаху сега е проблем сам по себе“, сметајќи дека неговата влада оди „предалеку“.
„Продолжувањето на екстремно насилната политика на Нетанјаху во Газа е неприфатливо“, напиша таа и на своите социјални мрежи, истакнувајќи дека од нападот на 7 октомври таа го поддржува правото на Израел да ја елиминира „заканата што ја претставува Хамас“.
фото: принтскрин