Скопје
Поставен камен темелник на нов дел од детската градинка „Гоце Делчев“
Камен темелник на нов дел од детската градинка „Гоце Делчев“ беше поставен во сабота во Општина Илинден.
Камен темелникот го поставија министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот Жика Стојановски, со што Општина Илинден во соработка со Министерството за труд и социјална политика почна да го реализира проектот за зголемување на капацитетот на првата општинска детска градинка „Гоце Делчев“ со изградба на нов дел на површина од 650 метри квадратни.
Со Проектот ќе бидат изградени нови пет занимални за згрижување на 120 деца, на возраст од 2 до 6 години, со што вкупниот капацитет на градинката ќе биде 350 деца, ќе се изврши проширување на кујната во градинката, и ќе се обезбеди нова сала за приредби и манифестации.
Вкупната инвестиција на проектот изнесува 15 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, а градежните активности се планира да бидат завршени во месец септември 2015 година.
Новоизградените занимални ќе се вклопат во постоечкиот објект на детската градинка во која во моментот престојуваат 230 дечиња, со што ќе се овозможи целина на објектот, односно поврзаност со кујната, постоечките девет занимални и останатите содржини на детската градинка, се со цел обезбедување на подобри услови за престој на децата.
Градинката „Гоце Делчев“ е високо енергетско-ефикасен објект, со иновативен пристап и воведени нови технологии, каде што греењето и ладењето е со алтернативни извори на енергија, со искористување на топлинската енергија од подземните води. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

