Европа
Чешката влада нема да распише референдум за ЕУ и НАТО

Чешката влада нема никакви намери да одржи референдум за останување или напуштање на Европската унија и НАТО, соопшти кабинетот на премиерот Бохуслав Соботка во петокот, една седмица откако Велика Британија на референдум изгласа истапување од ЕУ, а повици за слични плебисцити дојдоа и во другите членки на Унијата.
Претходно чешкиот претседател Милош Земан изјави дека ќе поддржи и повика одржување референдум за членството во двете споменати организации, иако рече дека сака Чешка да остане во нивните рамки.
„Не се согласувам со оние коишто се залагаат за истапувањето на Европската унија“, рече чешкиот претседател Милош Земан делот од неговиот разговор со локалните жители на местото Велике Мезиржичи. „Сепак, ќе сторам сé што е можно за тие да го одржат референдумот и да го искажат своето мислење. Тоа истото се однесува и на излегувањето од НАТО“, додаде Земан.
„Долгорочен приоритет во меѓународната политика на владата на Чешката Република и национален интерес е членството во ЕУ и НАТО. Членството во овие организации е гаранција за стабилност и безбедност“, се вели во писмената изјава на кабинетот на премиерот Бохуслав Соботка.
„Владата во таа смисла нема намера да презема какви и да се чекори кои би го ставиле под сомневање нашето членство и долгорочниот курс на надворешната политика на Чешка. Оттаму ние не гледаме можност за распишување референдум“, се додава во изјавата.
Претседателот на Чешката Република, според уставот на земјата, нема овластувања да иницира одржување референдум, за што е потребен уставен амандман. Меѓутоа, Земан е влијателен во земјата, каде што многу жители се скептични во врска со ЕУ, чиј член Чешка стана во 2004 година, забележа агенцијата Reuters којашто претходно во петокот ја пренесе изјавата на Земан./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин